• Latest

Очекувања за исчекор во евроинтеграциите на јунско-јулскиот самит и што поскоро почнување на преговорите

April 7, 2021
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Зеленски подготвен за разговор со Трамп и Путин по „отворениот“ состанок во Белата куќа, каде Трамп го повика да ги прифати условите, или Москва може да ја „уништи“ Украина

October 20, 2025
Илустрација: ВИ

Висок тренд на неважечки гласачки ливчиња – пораст во однос на претходните изборни циклуси!

October 20, 2025

Повеќе од 53 илјади гласачки ливчиња – неважечки!

October 20, 2025
Скриншот од видео на WION

Венс за Томахавките за Украина: Трамп го слушна ова барање и сè уште одлучува

October 20, 2025

Првични неофицијални податоци на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освои околу 302.000 гласа, СДСМ 126.000, НАИ 114.000, ВРЕДИ 91.000, ЛЕВИЦА 57.000 и ЗНАМ 38.000

October 20, 2025
Креирано со помош на ВИ

Само една жена избрана за градоначалничка во првиот круг, уште три ќе се борат во вториот

October 20, 2025
Скриншот од видео на Times News

Центристот Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија, со што заврши речиси 20 годишното левичарско владеење

October 20, 2025
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025
Скриншот од видео на
Times News

Украина не треба да му дава ништо дополнително на „терористиот“ Путин- изјави Зеленски, додека Трамп вели дека Путин „ќе земе нешто“

October 20, 2025
Газа. Фото: Х

Примирјето во Газа го преживеа првиот голем тест, Израел и Хамас ја потврдуваат посветеноста на договорот

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Очекувања за исчекор во евроинтеграциите на јунско-јулскиот самит и што поскоро почнување на преговорите

April 7, 2021 09:18
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter
„Европската перспектива е многу поголема и позначајна од одделни политички случувања, расположенија или изборни процеси и затоа сум оптимист и покрај непредвидливоста што е создадена во односите со Бугарија дека сепак ќе се најде начин да се повлече напред процесот на нашето пристапување кон Европската Унија“, порача синоќа министерот за надворешни работи Бујар Османи.

 

„Изборите во Бугарија, посочи Османи, во секој случај ги оптоварија односите помеѓу нашите две држави и нормалната и рационална  комуникација која ја имавме. -Очекувам дека со завршувањето на изборите ќе се врати рационална дебата и разумот ќе ги замени емоциите. Се надевам дека заради пандемијата ќе се консолидира политичката сцена во Бугарија и очекувам брзо формирање на институциите што ќе овозможи брзо рестартирање на нормалната комуникација  за изнаоѓање на решение“, рече Османи во интервју за ТВ 21.

Иако има доста непредвидливост во резултатите од изборите во Бугарија и многу нови партии не гледа дека која било политичка структура е антиевропска или е против европската перспектива на регионот и на нашата држава. Очекува да направиме исчекор во јунско-јулскиот самит на ЕУ и смета дека невлегувањето на партијата на Красимир Каракачанов во бугарскиот Парламент праќа добра порака до сите политички чинители кај источниот сосед дека народот е против спречувањето на нашата европска перспектива.

„Пораката од народот е важна во смисла дека спречувањето на европската перспектива на Северна Македонија не е тоа што бугарските граѓани го посакуваат, бидејќи тоа беше основниот наратив на партијата на Каракачанов. Фактот што не ја доби поддршката од бугарските граѓани е најсилна порака која произлезе од изборите. Народот не е против европската перспектива и бара начин за зближување и соработка меѓу двете држави. Мислам дека тоа ќе се пренесе и во политичките ставови на партиите кои добија глас од граѓаните“, рече Османи.

Од Европската Комисија, пак, не сакаат да влегуваат во детали околу политичката ситуација во Бугарија после изборите што се одржаа во неделата, но се надеваат дека Скопје и Софија ќе постигнат компромис.

Портпаролката на Европската Комисија задолжена за проширувањето, Ана Писонеро, вчера во коментар за МИА рече дека Брисел „ги охрабрува и Бугарија и Северна Македонија да изнајдат заеднички прифатливо решение за тековните билатерални прашања“.

„Со нетрпение очекуваме да се одржи првата Меѓувладина конференција што е можно поскоро“, додаде Писонеро.

 

Луксембуршкиот универзитетски професор, историчар и експерт за Балканот, Флоријан Бибер вчера оцени дека оние што го блокираа стартот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, не добија ништо со својот национализам на изборите во Бугарија.

„Имајќи ги предвид резултатите од изборите во Бугарија, дали можеме да кажеме дека никој од оние кои решија да ја блокираат Северна Македонија за преговорите со ЕУ, не профитираше од овој евтин националистички обид? Време е да се продолжи понатаму“, наведе во објава на Твитер.

На парламентарните избори во Бугарија победи коалицијата на Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) и Сојузот на демократските сили (СДС), предводена од премиерот Бојко Борисов со освоени 26,18 отсто од гласовите. Партијата на шоуменот и ТВ водител Слави Трифонов „Има таков народ“ освои 17,66 проценти од од гласовите.

Опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП) на Корнелија Нинова доби 15,01 отсто, Движењето за права и слободи 10,49 отсто, „Демократска Бугарија – обединување“ на поранешниот министер за правда Христов Иванов 9,45 проценти и „Исправи се!Мафијата надвор!“ на Маја Манолова освои 4,72 отсто. За бугарската ВМРО на Каракачанов гласаа 3,64 проценти.

Минатата година Северна Македонија, но и целиот регион, се најдоа блокирани во Советот на ЕУ поради неможноста да се постигне компромис за вокабуларот во редовните декемвриски заклучоци на ЕУ за проширувањето, пред сѐ во однос на една реченица поврзана за „погрешното толкување на историјата“.

Северна Македонија во мај треба да го одржи и редовниот состанок за Стабилизација и асоцијација, кој требаше да се одржи во февруари, но беше одложен, во голем дел поради тоа што немаше напредок во разговорите со Софија./МИА/

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    175 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ