• Latest

Од 1 јули до ЕСЧП во Стразбур поднесени 385 барања од граѓани на Северна Македонија

October 30, 2019

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Илустрација ВИ

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Зеленски подготвен за разговор со Трамп и Путин по „отворениот“ состанок во Белата куќа, каде Трамп го повика да ги прифати условите, или Москва може да ја „уништи“ Украина

October 20, 2025
Илустрација: ВИ

Висок тренд на неважечки гласачки ливчиња – пораст во однос на претходните изборни циклуси!

October 20, 2025

Повеќе од 53 илјади гласачки ливчиња – неважечки!

October 20, 2025
Скриншот од видео на WION

Венс за Томахавките за Украина: Трамп го слушна ова барање и сè уште одлучува

October 20, 2025

Првични неофицијални податоци на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освои околу 302.000 гласа, СДСМ 126.000, НАИ 114.000, ВРЕДИ 91.000, ЛЕВИЦА 57.000 и ЗНАМ 38.000

October 20, 2025
Креирано со помош на ВИ

Само една жена избрана за градоначалничка во првиот круг, уште три ќе се борат во вториот

October 20, 2025
Скриншот од видео на Times News

Центристот Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија, со што заврши речиси 20 годишното левичарско владеење

October 20, 2025
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Од 1 јули до ЕСЧП во Стразбур поднесени 385 барања од граѓани на Северна Македонија

October 30, 2019 16:53
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од 1 јули годинава до Европскиот суд за човекови права во Стразбур биле поднесени вкупно 385 барања од граѓани од Северна Македонија,  рече директорот на Програма за владеење на правото во ЈИЕ на Фондацијата „Конард Аденауер“, Хартмут Ранк на денешниот експертски состанок на тема „Европските стандарди во полето на човекови права – Извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права.

Според него, оваа бројката и не звучи алармантно ако ги имаме предвид бројот на илјадниците барања поднесени до ЕСЧП од другите држави.

Но, како што додаде, бројката е алармантна доколку се спореди со бројот на поднесени барања од други земји во однос на бројот на жители.

-Во 2018 година донесени се вкупно 12 одлуки од ЕСЧП против во тоа време БЈРМ, сега Северна Македонија и  во кои најмалку едно право на граѓанинот било прекршено, рече Ранк. Додаде дека постојат две групи кои се тема на овие барања, а тоа се примена на насилство при постапувањето на безбедносните служби – полицијата и водењето на постапка на неправеден начин.

Ранк во оваа прилика побара од учесниците на состанокот да му одговорат зошто има толку одлуки што не се спроведени во држава и каде е проблемот за тоа.

Владиниот агент за застапување пред ЕСЧП, Даница Џонова посочи дека Бирото за застапување со години наназад се соочува со проблеми при обезбедување на спрегата помеѓу ЕСЧП, националните институции и Комитетот на министри, кој го врши надзорот над извршувањето на пресудите.

-Проблемот првенствено лежи од недоволното разбирање на позицијата на агентот. Не често дури и институциите не ја разбираат нашата улога кога доаѓа процесот на извршување на пресудите, додека пак луѓето надвор од институциите проблемот со неизвршувањето и големото заостанување на предмети под надзор на Комитетот на министри го лоцираат во Бирото за застапување или помеѓу ова Биро и Меѓуресорската комисија за извршување на пресудите, рече Џонова.

Во контекст на тоа, додаде дека и едното и другото се погрешни тези, затоа што Бирото ја има улогата на координатор во процесот на извршување и за него е резервирана комуникацијата меѓу државата и Комитетот на министри, но оти извршувањето на пресудите на ЕСЧП е обврска на сите институции во системот.

Џонова како проблем при извршувањето на пресудите ги посочи отсуството на динамика во преземањето на конкретни активности, како и малиот кадар со кој располага Бирото за застапување.

-Ние традиционално години наназад завршуваме во топ 10 држави од вкупно 47 држави членки на Советот на Европа по број на поднесени апликации по глава на жител, што значи дека состојбите не се нови, односно традицијата продолжува, рече Џонова.

Според неа, тоа реално многу загрижува затоа што има огромен бројот на т.н. повторувачки случаи.

-Државата под надзор на Комитетот на министри во извршување има вкупно 42 пресуди. Од овие водечки се 17, што значи дека поголемиот број се повторувачки, седум од вкупниот број на овие пресуди се реално под зајакнат надзор, рече таа.

Правејќи ретроспектива на извршувањето на пресудите, Џонова рече дека 2016 година е нашето најголемо достигнување, односно дека во оваа година успеавме како држава пред Комитетот на министри да затвориме 79 предмети  кои беа под надзор на извршувањето.

Во контекст на тоа, додаде дека во најголем број на овие предмети има констатирано повреда на правото на судење во разумен рок, а во некои од нив отсуство на домашен ефикасен правен лек за заштита на ова право.

За да се надминат овие состојби, Џонова посочи дека се неопходни измени во Кривичниот законик и во Законот за кривична постапка, но како што додаде, тоа најверојатно ќе се пролонгира поради закажаните парламентарни избори.

Професорката од Правниот факултет при Американ колеџ, Јелена Ристиќ истакна дека извршувањето на одлуките на ЕСЧП е круна на процесот, затоа што ефективноста секогаш се мери со крајниот резултат, а не со самото донесување на  одлуката на ЕСЧП.

Ристиќ , меѓу другото рече дека генерално проблеметично е извршувањето на општи мерки, кои се однесуваат на обврските на државата да превенира слични повреди на Европската Конвенција за човекови права, затоа што тоа бара најчесто законски измени.

На денешниот експертски состанок, што се одржа во орагнизација на Програма за владеење на правото во ЈИЕ на Фондацијата „Конард Аденауер“ и Институтот за општествени истражувања МК-91, учествуваа  претставници на академската заедница, адвокатурата, медиумите и невладините организации.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ