• Latest

Од 16 септември пациентите од аптеките ќе ги земаат бесплатно деветте нови лекови на позитивната листа, најави Таравари

September 11, 2024
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Од 16 септември пациентите од аптеките ќе ги земаат бесплатно деветте нови лекови на позитивната листа, најави Таравари

September 11, 2024 13:08
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Деветте нови лекови на позитивната листа пациентите во аптеките ќе можат бесплатно да ги земаат од 16 септември, потврди денеска министерот за здравство, Арбен Таравари.

-Токму така, позитивната листа веќе од 16 септември пациентите можат тие девет нови лекови да ги земаат во аптека бесплатно. Значи, влегува во сила од понеделник. Ние подготвуваме платформа заедно со СЗО која што ќе обезбеди транспарентност на целиот процес при идното проширување на лековите. Исто така, препораки ќе имаме од СЗО, меѓутоа и од експертите внатре во државата. Ние би сакале сето тоа проширување на позитивната листа да биде што потранспарентно и што посеопфатна, тоа што најмногу им треба на граѓаните со што би ги намалиле, што помалку трошоците на нашите пациенти и граѓани, вели Таравари.

Тој истакна дека не може да вети дека во наредниот период на оваа позитивна листа ќе се најдат уште 10 лекови, но како што вели, гарантира оти на секои три-четири месеци ќе има надополнување од плус еден, два или три лека.

– Видете, ова е револуција на проблеми коишто 10 години не се решени. Последната позитивна листа е 2009 година, 2014 година само еден лек е надополнет и сега имаме девет лекови за 50 дена. Јас се надевам дека одма после Нова година ќе имаме проширување на листата. Велам многу сум среќен што наши партнери се претставниците од СЗО, ќе се обидеме да се придржуваме на платформата и на препораките што ни ги даваат, рече Таравари.

Тој ги повикува сите заинтересирани фармацевтски фирми, производители да конкурираат и да бидат активни, да им сугерираат за да како министерство и Влада бидат што потранспарентни и резултатот да биде што подобар за сите граѓани во државата.

Прашан дали некоја фирма се има јавено на тендерот за компресорките станица во Клинички центар –Скопје, а кој истекува утре, Таравари вели дека сигурно утре ќе добие информации за оваа постапка.

– Утре е 12 септември и ќе добиеме сигурна информација и ќе побараме и како Министерство сме обврзани да излеземе пред јавноста и да кажеме колку фирми конкурирале, дали повторно ниедна фирма не конкурирала. Јас не би сакал да не конкурирала ниедна фирма. Би сакал да има барем еден минимум, а камо среќа и два-три за да започнеме со уредување, средување на компресорската станица, вели Таравари.

Посочи дека оваа тендерската постапка е важна за да продолжат инвестициите особено во хируршките сали и во Скопје и во другите Клинички болници.

– Така што многу ни е битно ова да го средиме па да започнеме со реновирање на хируршки сали и во „8 Септември“, и во Клинички центар, и во Тетово, премиерот кажа и болници се надевам Струмичката болница набргу да ја промовираме, а во меѓувреме да започнеме што побргу и во болниците во Штип и во Тетово, изјави Таравари.

Министерот за здравство, Таравари е дециден дека економски директори на Клиниките нема, но како што вели доколку некој директор смета дека некој од поранешните економски директори бил експерт и смета дека треба да го земе како советник тоа е негова работа.

-Меѓутоа, ние законски го регулиравме, сега клиниките имаат по еден директор, а наскоро сите клиники ќе имаат само еден директор, така што ние одиме по рационализирање, а тие коишто сметаат дека некои одредени луѓе се експерти и им требаат може да ги примаат и по министерства и по различни здравствени установи и по други компании, за што јас не можам да се мешам во тоа. Воопшто не е моја работа, рече Таравари, јави МИА.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ