Мики Тодоров, директор на Затворот Штип, за ЦИВИЛ Медиа изјави дека гласањето во оваа установа поминало без проблеми и дека сите што биле физички присутни во затворот го оствариле своето право на глас.
„Од вкупно 40 избирачи запишани во Избирачкиот список, правото на глас досега го оствариле 37 гласачи. Останатите 3 лица, едното лице е на повторување на постапка, не е во затворот, а останатите две лица се во бегство, односно не се вратиле во објектот. Значи 100% од тие што се присутни си го оствариле правото на глас. Според информацијата што ја има од утринава, едно или две лица не го оствариле правото на глас, а се од Штип, но едното лице е донесено од притвор, а другиот од затворот Идризово. Според мене, мислам дека се наоѓаат во списоците на тие затвори.“, изјави Тодоров.
Б. Ј.












