Од денеска, на граничните премини почнува поставувањето на таблите со новото име. Првата табла со Република Северна Македонија ќе се постави на јужниот граничен премин „Богородица“ во Гевгелија. Царинската управа на Република Северна Македонија соопшти дека денеска, на граничниот премин Богородица постави табла со новото уставно име на државата во 13 часот.
Во следните три дена, слични табли ќе се постават и на сите други гранични премини и аеродромите во Скопје и Охрид.
Понатаму, промена на таблите каде што се употребува државното име ке се применува и во сите државни и локални институции според акцискиот план, формиран од меѓусекторска владина комисија. Новото име вчера се постави и на официјалната интернет страница на владата.
А. З.