• Latest
Фото: миа.мк

Од ЕУ со порака да се почитуваат меѓународните договори

February 29, 2024

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Фото: МИА

Кошта посочи дека ЕУ ќе го казни Израел за војната во Појасот Газа

June 6, 2025
Фото: Скриншот

Белградскиот Основен суд ја отфрли иницијативата за лишување на Вучиќ од деловна способност, но утврди елементи на кривично дело

June 6, 2025
Фото: МИА

ЕУ со поддршка за Меѓународниот кривичен суд по санкциите од САД

June 6, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Односот Трамп-Маск се распаѓа со меѓусебни навреди и закани

June 6, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во Кочани

June 6, 2025

Усвоен план за подобро справување со сајбер напади и кризи во ЕУ

June 6, 2025
Семејна фотографија од министрите за одбара во НАТО Фото: НАТО

Министрите за одбрана на НАТО дефинираа нови цели за капацитети за зајакнување на Алијансата

June 6, 2025
Војо Маневски

Дали да гласа дијаспората не е вистинското прашање

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Од ЕУ со порака да се почитуваат меѓународните договори

February 29, 2024 08:21
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Фото: миа.мк

Фото: миа.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците вчера не прифатија на дневен ред на седницата да бидат ставени измените на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, со кои ВМРО-ДПМНЕ предлагаше пролонгирање на рокот на важноста на старите пасоши со „Република Македонија“ до крајот на годината. Од Делегацијата на ЕУ, пак, порачаа државава да продолжи да ги почитува меѓународните договори, вклучувајќи ги и заложбите поврзани со замена на патните исправи, содржани во Преспанскиот договор.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека изменувањето на Законот било неопходно поради тоа што било извесно прекршувањето на уставното загарантирано право на граѓанинот на слободно движење, односно слобода на движење утврдено во членот 27 став 2 од Уставот на Република Македонија “.

Предлогот за измени на Законот за патните исправи, кој вчера требаше да се најде на дневен ред на собраниската седница, предвидува важноста на старите пасоши да биде продолжена до крајот на годинава, т.е. до 31 декември, за да се остави простор за техничко спроведување на замената на пасошите.

Од ЕУ, пак, со јасна порака – важно е Северна Македонија да продолжи да ги почитува меѓународните договори, вклучувајќи ги и заложбите поврзани со замена на патните исправи, содржани во Преспанскиот договор.

На прашањето на МИА за ставот на ЕУ во врска со предложените законски измени за продолжување на важноста на патните исправи до крајот на оваа година и дали таквите измени ќе бидат прифатливи за ЕУ, од Делегацијата добивме одговор дека она што е важно за земјава е да ги почитува меѓународните договори, но оти признавањето на патните испрати е работа на секоја држава поединечно.

– Важно е Северна Македонија да продолжи да ги почитува меѓународните договори, вклучувајќи ги и заложбите за замена на патните исправи, содржани во Преспанскиот договор. Потсетуваме дека признавањето на патните исправи издадени од трети земји е во надлежност на секоја земја-членка одделно, се наведува во одговорот на Делегацијата на ЕУ.

Програмата и приоритетите на француското претседателство со Советот на Европската Унија денеска на прес-конфереција ќе ги претстави францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер.

Францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер завчера на настан за одбележување на Денот на Франкофонијата истакна дека Преспанскиот договор создава обврски во сферата на меѓународното право, но додаде и дека правото на слобода на движење е друго право, кое исто така треба да биде почитувано.

-Треба да имаме одредени принципи на ум. На македонските граѓани, но и на сите други граѓани во светот не можете да им забраните да се вратат на својата територија, односно во матичната земја. Тоа е една работа. Но потоа за да се излезе од територијата потешкотија е доколку граѓанинот не поседува нова патна исправа или нова лична карта, па ќе биде спречен да ја напушти матичната земја, истакна Бомгартнер.

Северна Македонија досега доби официјално известување само од Швајцарија дека е дозволено движење со важечки пасош со старото уставно име. Македонските државјани засега немаат проблеми за влез во Хрватска, а хрватската амбасадорка Нивес Тигањ на средба со техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски во понеделникот изјави дека Хрватска има разбирање за проблемот и дека македонските државјани имаат непречено движење на хрватската територија и со старите обрасци на патни исправи доколку истите имаат рок на важност. Од БиХ е испратен официјален допис дека дека не го признаваат пасошот без новото име. Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев информираше дека разговарал со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Нешиќ, при што договориле македонските граѓани да може да патуваат таму со лична карта, со старото уставно име.

Амбасадорот на Белгија за Северна Македонија, Фредерик Мерис во интервју за „Независен“ објавено на 11 февруари најави дека работна група во ЕУ ќе расправа како да ја имплементира одредбата од Договорот од Преспа, според која од 13 февруари сите пасоши мора да го содржат името Република Северна Македонија.

Мерис оцени дека ќе биде лошо ако ЕУ нема заедничка позиција околу имплементацијата и ако земјите членки поединечно одлучуваат како да ги третираат македонските граѓани со невалидни пасоши.

-Не знаеме се уште како Белгија ќе ја имплементира промената и како ќе ги третира вашите граѓани без валиден пасош, се уште немаме конкретен одговор на тоа. Сепак, тоа е дел од одговорноста на претседателството на ЕУ. Ние ќе имаме состанок на почетокот на неделава што доаѓа на европско ниво. Има работна група во рамките на ЕУ која се справува со вакви прашања и ќе работиме за да утврдиме заедничка позиција за земјите членки. Најлошо ќе биде ако се случи луѓе да поминуваат низ Унгарија и низ Србија, а Австрија да има друга позиција – тоа е нешто што сакаме да го избегнеме. Така што, во основа, да, ние мора да имаме повеќе јасност идната недела околу ова прашање, изјави тогаш Мерис.

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, во интервју за МИА кажа дека се гледа да се дојде до некоја максимална бројка од 3.300 пасоши коишто би се произведувале на ден, тоа е, вели, максимална бројка ако произведуваме пасоши без да има никаков застој во текот на денот. -Тоа значи, да почнат со работа од 6 часот наутро и да работат до 22 часот попладне, тоа значи дека два часа дневно е зголемен капацитетот на производство, рече Тошковски.

Вкупниот број на лични документи којшто е потребно да се заменат, Тошковски проценува дека е некаде од прилика околу два милиона и посочува дека очекува да се дојде до бројка од околу 75.000 месечно што е максималниот капацитет.

Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета се пишуваше во координација со здруженијата на новинари, Советот за етика во медиуми и останатите здруженија и се бараше најдоброто решен

Првиот вицепремиер задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во понеделникот за „Топ тема“ на ТВ Телма изјави дека државава никого не известила дека нашите патни исправи не важат, туку едноставно стапиле на сила роковите од Преспанскиот договор од пет години.

-Ние треба да гледаме од аспект на граѓаните. Со законот само дополнително се внесува правна несигурност и проблеми на границите може да имаат граѓаните. Се додека немаме официјално известување од ниту една држава членка на ЕУ дека може да се патува со стариот пасош, граѓаните можат да се соочат на било кој граничен премин со проблем да бидат запрени. Зошто да ги доведуваме граѓаните во една непријатна ситуација, дополнително да бидат во неизвесност на граничните премини, дали ќе поминат или не, изјави тој.

Истакна дека за враќање во државата најсигурно е со патен лист така никој нема да им прави проблем на граѓаните.

-Врз основа на статистиката до сега имаме издадено околу 1.350.000 пасоши, овој месец заклучно со оваа недела се пристигнати речиси 300.000 нови обрасци. Тие обрасци обезбедуваат една динамика за секој да се печатат пасоши до јуни. Тоа значи дека на 1.350.000 ќе се додадат уште 300.000. Во јуни пристигнува нова тура обрасци од околу 300.000 и практично до септември ќе се издадат околу 1.900.000 пасоши. Што е и вкупниот број на граѓани, бидејќи пасоши не вадат сите и не се заинтересирани да имаат пасоши, рече Маричиќ.

Тој кажа дека возачката дозвола да може да се користи надвор од државата и тоа заедно со меѓународна возачка дозвола. Посочи дека измените се од практични причини за да се стигне со возачките и со сообраќајните дозволи до крајот на оваа година да се комплетира и тоа.

Претседателот на Собранието, Јован Митрески вечерва соопшти дека претседателските избори ќе ги распишан на 14 февруари. посочи дека планира на истиот ден да ги распише и парламентарните избор

Претседателот на Собранието Јован Митрески, во вторнико, во одговор на новинарско прашање дали мнозинстовото во законодавниот дом ќе даде поддршка за продолжување на важноста на патните исправи, одговори дека меѓународните договори не можат да се менуваат со друг закон.

-Според информациите што ги добивам е дека тој закон нема да ги реши проблемите и дека е спротивен на членот 118 од Уставот во смисла на тоа дека меѓународните договори дека се дел од внатрешниот правен промет и фактички дека не можат да се менуваат со друг закон, така да конечната одлука ќе биде соопштена во текот на денот, рече Митрески.

Во 2020-та не смеат да се повторат грешките од минатата. Мора да се стави крај на оваа криминалнo рекетарска банда не чело со аболицираниот криминалец Заев. Мора да се стави крај на поразите

ВМРО-ДПМНЕ минатата недела повика на поддршка од владеjачкото мнозинство за продолжување на важноста на патните исправи. Според нив, потребни се 15 пратеници од власта, кои заедно со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ќе го изгласаат законот за продолжување на важноста на пасошите.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски минатата недела пак, изјави дека залудно ќе биде менување на закон со којшто ќе се продолжи рокот на траење на пасошите со Република Македонија, затоа што тоа треба да биде усогласено со Грција и со ЕУ. Тој посочи дека Владата треба да обезбеди согласност од земјите-членки на ЕУ од другата потписничка страна – Грција, па потоа да разговара за менување на закон.

Договорот од Преспа стапи во сила на 12 февруари 2019 година со што важноста на пасошите со старото име истекува пет години подоцна, односно на 12 февруари годинава. Договорот од Преспа беше потпишан на 17 јуни 2018 година, а уставните измени за промена на името во Северна Македонија во Собранието беа изгласани на 11 јануари 2019 година. По излегувањето на измените во Службен весник во февруари 2019 година почнаа да течат петгодишните рокови согласно Договорот.

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) се согласила да обезбеди техничка помош, а од грчката постоела страна целосна политичка заложба дека предлозите ќе бидат имплементирани во целост, а во

Шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис во понеделникот порача дека односите со земјава се наоѓаат на исклучително задоволително ниво, но, како што кажа, мора да бидеме јасни дека придржувањето кон Договорот од Преспа ќе треба да биде строго и целосно за можеме да разговараме на исто ниво.

Герапетритис одговараше на пратеничко прашање на пратеничката од СИРИЗА Рена Дуру околу трите меморандуми за соработка со Северна Македонија кои од 2019 година сè уште не се донесени во Парламентот за ратификација.

-Предвидените меморандуми ќе дојдат за ратификација во Парламентот во време кое грчката држава ќе го оцени како соодветно и секогаш поврзано со правилното и добронамерно спроведување на одредбите од Договорот од Преспа, рече Герапетритис.

Уште еднаш повтори дека Договорот од Преспа е меѓународен договор што не може да се измени од никоја од страните, посочи дека грчката Влада внимателно го следи спроведувањето, а паралелно детално се осврна и на промената на пасошите, за кое посочи дека „сè уште не постои целосна усогласеност“.

Појасни дека „прилагодувањето на патните исправи е поврзано со петгодишниот технички преоден период што го имаше соседната земја“. Паралелно уште еднаш ја повтори и истакна грчката поддршка за европската интеграција не само на Северна Македонија, туку и на сите земји од Западен Балкан.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУПреспанскиот договорСеверна Македонија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • РЕАКЦИИ: „Ако не влеземе во ЕУ, Коридорите 8 и 10 никогаш нема да се завршат“; „Ако му одговара на НАТО, со Британците ќе се завршат и Коридорите“

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ