• Latest

Зекирија Шаини: Сакаат да ме дискредитираат, мојата сопруга нема врска со пукањето – институциите нека го најдат вистинскиот сторител!

October 10, 2025
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Зекирија Шаини: Сакаат да ме дискредитираат, мојата сопруга нема врска со пукањето – институциите нека го најдат вистинскиот сторител!

October 10, 2025 13:42
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Докторот и носител на советничка листа на НАИ за општина Липково, Зекирија Шаини на денешната прес-конференција во Куманово ги отфрли како неосновани и невистините тврдењата дека зад неговиот случај стои неговата сопруга Арјета Ајдини и побара од истражните органи во итно да ја расчистат ситуацијата и да го откријат вистинскиот осомничен за случајот.  ој во изјавата за медиумите кажа дека нема информација и сознанија за „мотивите за атентатот“ и е подготвен за соработка за целосна разрешница на случајот.

Шаини беше застрелан на улицата „Димитрија Туцаковиќ“ во центарот на Куманово пред три дена околу 14 часот. Тој рече дека по информациите пренесени од органите, преку социјалните мрежи и медиуми, чуствува морална и професионална обврска, јавно да реагира и да ја информира јавноста.

Шаини рече нема информација и сознанија за мотивите за „атентатот“, дека како претходно објавил на социјалние мрежи и по неговата првична изјава пред истражните органи, и денес пред јавноста, нема нерасчистени сметки со никого, никому не го загрозил животот, приватност или нешто друго.

– Целосно го отфрлувам како неосновани и невистинити тврдењата дека за ова стои госпоѓата Арјета Ајдини, затоа барам од истражните органи под итно да ја објаснат ситуацијата со мојата сопруга која е вмешана во овој случај од нивна страна, почитувајќи ја нашата семејна приватност, а посебно имиџот на г-ѓата Ајдини. Овој случај за жал се претставува со јасна намера за дискредитација на мене и моето семејство како и за создавање збунетост и заблуда во јавноста. Барам од истражните органи, на редот, апелирам до нив да се зафатат со откривање на вистинскиот осомничен за случајот, а не настанот да го прикажат како семејна расправија или недоразбирање, бидејќи доколу навистина ќе беше така како што се престасува во јавноста, јас никогаш не би продолжил да живеам заедно со мојата госпоѓа. Фала му на Бога, мојата госпоѓа заедно со нашите ќерки се живи и здрави во мојот дом во село Слупчане, рече Шаини.

Тој ги замоли медиумите во интерес на точно, објективно информирање и во духот на почитување на професионалните и етичките стандарди на новинарството, да го објават ова објаснувањето, го повика органите на прогонот да продолжат со откривање на вистинскиот сторител на овој чин, укажувајќи дека стои располагање секогаш кога ќе биде потребно да помогне за расчистувањето на случајот, бидејќи лично е заинтересиран случајот што побрзо да добие епилог и вистината да излезе на виделина.

-Апелирам до политичките субјекти, да не брзаат со изјави да не го користат овој случај за политички поени, особено во овие моменти на кампања за локалните избори, рече Шаини.

Одговарајќи на новинарски прашања за кривична пријава против сопругата која му испраќала заканувачки пораки, Шаини рече дека се што имал прочитал и кажал и повтори дека стои на располагање на ОЈО, МВР, судот.

– Ви благодарам што дојдовте, ако имам потреба ќе ве викнам за да се разјасни целата ситуација, не кријам ништо, за што бев животозагрозувачки, не кријам и не сакам да заштитам никого. Ќе одам до крај за да се разјасни работата. Ја ќе продолжам со главата горе, од никого не се плашам, зашто лошо никому немам сторено ќе се појавам на митингот вечерва се што кажав, кажав-ќе прочитаат меѓу редови, изјави Шаини.

Од ЈОРСМ денеска информираа дека денеска е доставена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Куманово за загрозување на сигурноста против едно лице, како и за поттикнување при извршувањето на тоа дело против поранешна сопруга на оштетениот.

– Пријавата се однесува на претходно испратени заканувачки пораки и закани, додека индициите за евентуална инволвираност на овие осомничени, но и на други лица во инцидентот со пукањето сè уште се проверуваат. Надлежен јавен обвинител постапува по пријавите и презема дејствија, информираа од ЈОРСМ.

Од обвинителството објаснуваат до овој момент ова е единствена пријава.

– Индициите за евентуална инволвираност на овие осомничени, но и на други лица во инцидентот со пукањето сè уште се проверуваат, додаваат од обвинителството.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ