• Latest
Војо Маневски

Од мое ќоше

May 25, 2022
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Од мое ќоше

May 25, 2022 15:58
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Секоја работа е онаква каква што ѐ нејзината суштина. Гледањето на нејзината суштина е според гледачот но и според положбата од која ја набљудува истата таа суштина.

За односите кон соседна Бугарија се напишаа низа на анализи и предвидувања. Според свои информации и методи секој го разгледуваше овој комплексен однос меѓу бугарскиот и македонскиот народ но и односите меѓу државите. Политиките на државите имаат резултати и само според тоа може да ги вреднуваме. Некои резултати се на дневна база а некој со среднорочна вредност. Сепак има и такви политики што имаат последици и многу подолго од политичарите што ги осмислуваат и спроведуваат. Вообичаено е да се каже дека во политиката нема вечни пријателства туку само интереси кои сѐ следат. Имаат ли преземени обврски балканските држави според некој договори од пред десетици и стотици години. Иако мислев дека тоа е дел од некакви теории за центри на моќ сепак некои заклучоци можат да се извлечат за постоење на некои потрајни политики.

Затоа ќе напишам неколку мои размисли без претендирање на апсолутна вистинитост туку само за извлекување на заклучоци од мое ќоше на гледање.

Не е само фраза ако напишам дека секоја надворешна политика е одраз на внатрешните состојби на една држава. Забораваме дека Бугарија е веќе стара држава која има низа на конекции и преземени обврски од поодамна. Во последниот век таа и покрај политиката на приближување кон преовладувачката политика на поширок план, води и подолгорочни а свои политики. Константа е политиката кон македонскиот народ и неговата држава и историја. Зошто го прави тоа Бугарија? Пред се заради внатрешните состојби кај неа. Политиката кон македонскиот народ во Бугарија е едно од сврзните ткива на постоење на државата како стабилна заедница.

Бугарија од ригидна комунистичка држава влезе во европската унија поради геостратешките интереси и тоа не е некоја мудрост да се каже. Но последиците од тоа се неколку милиони Бугари кои ја напуштија државата. Внатрешното ткиво со тоа неминовно е разнишано. Можноста да  се зголемат контактите во европската унија меѓу бугарските граѓани со потекло од Македонија со македонците од РС Македонија е веќе опасност по внатрешните состојби. Посебно кога се стават во контекст на прокламираните европски вредности и институции што функционираат многу повеќе на  заштита индивидуалноста  отколку колективноста. Овде има две нови појави кои не можат да се контролираат на досега познатиот начин преку државниот механизам. Како ќе ги контролираш поединците кои сега живеат во Европа а имаат некаков заеднички препознатлив код. По потекло се од Македонија па макар и сфатена какао географски поим и лесно се разбираат поради сличноста на јазикот. Ако кон ова се додаде и можноста за многу поголеми контакти и на домицилните населенија со исти предиспозиции, секоја сериозна држава мора да направи издржани анализи и да ги предвиди последиците. Некој од нашите политичари имале можност да се запознаат со анализите на бугарските институции. Тоа се сериозни согледувања на можните последици за Бугарија. И покрај разните романтичарски изјави за популистичка употреба сознанијата се дека „македонизмот“ веќе е длабоко вкоренет кај населението во Македонија но покажува и експанзионизам  кон граѓаните на Бугарија со потекло од овој регион. Пропагирањето на романтичноста на историјата и поврзаноста на таа историја со Македонија дава ексклузивност која е влијателна кај третата генерација на бежанци како што се нарекувале во Бугарија меѓу двете војни. Со тоа самата самосвест на македонците во РС. Македонија им дава можност за влијание кое е несакано во Бугарија. Има заклучок во анализите дека  не постои начин на кој е можно да се направи „ребугаризација “. Обидот со дистрибуција на медиуми во 1999г се завршил со многу незадоволителни резултати. И покрај можноста да се купува бугарска штампа во Македонија бројот на купени весници бил многу далеку од предвиденото. Економската пенетрација според тие анализи успешно е сопрена од грчко српски компании а посебно во делот на трговијата со енергенси. Назначени се примери каде кон културните врски македонците се однесувале со надменост и неприфаќање. Студентите кои добивале стипендии од Бугарија за студирање на бугарските универзитети не го направиле очекуваното влијание по примерот кој според анализата го направила Србија во последните седумдесет години. Влијанието на бугарските интереси преку политичките партии повторно не ги дала резултатите.

Подолгорочна стратегија била со давањето на бугарски државјанства не македонски граѓани и каде е вметната изјавата за бугарското потекло на барателот. Предвидувајки ги предизвиците во отворањето на поглавјата со европската унија се сметало за валиден доказ дека десетици илјади македонци имаат бугарска самосвест. Оваа политика резултира со барањето за влез на Бугарите како народ во уставот на РС Македонија и тој аргумент се користи  како разбирлива аргументација во европските институции. Нервозата настана кога според пописот само 3500 македонски граѓани се изјасниле како Бугари. На домашната јавност може да и се продаде ставот дека имало притисок за изјаснувањето но на европската јавност тоа не може да и се пласира. Тие држави имаат овде свои амбасади а во Македонија има меѓународни организации чија улога е токму слободното изјаснување. Тие немаат испратено информации до своите влади дека имало притисок врз населението да не се изјаснува како Бугари. Која сериозна влада ќе прифати таков аргумент од друга држава, ако не го добила од своето претставништво. И тие влади зависат од своите избирачи а таму се поставуваат и такви прашања од медиумите и јавноста, како на пример:

–Што прават нашите амбасадори и зошто ги плаќаме ако за вакво битно прекршување на човековите права не ве известиле и вие не сте формулирале став ?

Затоа со владите на европските земји Бугарија разговара во светло на актуелните случувања во Европа и спорадично се обидуваат да извлечат максимална корист за проблемот со Македонија.

Што сѐ последиците од попречувањето на евроинтеграцијата на Македонија од страна на Бугарија. Прво се гледа користа на домашен план. Бугарија ја отстранува можноста за негативно влијание врз нејзиното население со корени од Македонија  а доколку се дојде до поголема европска соработка меѓу двете држави тоа да не биде  без објаснување пред домашната јавност дека денешните македонци признаваат дека имаат бугарски корени и историја. Не им е важна  Вардарска Македонија таа приказна реално одамна е завршена туку внатрешната состојба со населението по потекло од Македонија и состојбите во Пиринскиот дел. Затоа Бугарија ќе бара меѓународни гаранции  дека влијанието од Македонија ќе се  сопре. Се разбира тие гаранции некогаш и не се во пишана форма но имаат голема важност .

Сето ова посебно ако се имаат предвид американските напори за стабилизација на целиот регион со нови форми на регионална соработка под нејзино исклучиво влијание. Бугарија сите напори ќе ги насочи кон зачувување на внатрешната стабилност не мешајќи се многу кон состојбите на запад од неа. Тој простор како регионални играчи е оставен за Србија и Грција со сѐ поголема помош од Албанија.

Кога ќе ги стекне таквите гаранции од европските престолнини Бугарија ќе ја менува политиката но и тогаш постепено за да не ја ризикува внатрешната состојба отежната поради турбуленциите на  исток од  нејзината граница.

Што е според моето ќоше на гледање заклучокот за нас. Бугарија е сериозна држава со свое место  на меѓународната сцена. Бугарија си го знае своето место и не презема многу ризични чекори. Таа е член на ЕУ а член е и Грција. Зошто тогаш две европски држави  не можат да се договорат не пример да се направи спомен куќа на Гоце Делчев во Кукуш или во Баница да се направи меморијал, кога за Бугарија Гоце е толку важен? Такви иницијативи Бугарија не поттикнува зошто си го знае своето место во распоредот на силите и преземените обврски.

После низата на разочарувања што ни ги приреди и мислам уште ќе ни ги приредува, фактот дека Бугарија е нашиот источен сосед е константа. Затоа е потребна умешност во односите и правење на стратегии кои постепено ќе прави од неа коректен сосед а за понатаму и пријател. Сепак има и точки кои даваат можност за соработка на сите полиња. Некои решенија се можни кога ќе созреат. Примерот со афтокефалноста на МПЦ е класичен пример за тоа

А дотогаш? Дотогаш како и до сега, да си плукнеме во сопствените дланки па на работа. Се другото е реал политика.


Текстот е личен став на Авторот

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ