• Latest

Од Никола Кљусев до Димитар Ковачевски, историја на Влади и парламентарните избори

April 2, 2024

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Од Никола Кљусев до Димитар Ковачевски, историја на Влади и парламентарните избори

April 2, 2024 13:10
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Парламентарни избори 1990 година

По инсталирањето на политичкиот плурализам, со уставните измени од 1989 година, со кои се овозможи формирање на политички партии, гласачите на Македонија, за прв пат имаа можност да гласаат на повеќепартиските избори во 1990 година во тогашна Република социјалистичка Македонија. Тие беа и првите слободни повеќепартиски избори кои се одржаа истата година во сите шест републики на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ).

Во Македонија изборите се одвиваа според мнозинскиот изборен систем со апсолутно мнозинство (во првиот круг) и релативно мнозинство (во вториот круг). На овие избори пратениците се избираа по принципот: еден пратенички мандат – една избирачка единица, во кој случај територијата на Републиката беше поделена на 120 избирачки единици.

На првите избори учествуваа 18 политички партии и 43 независни кандидати, а во некои избирачки единици беа формирани заеднички коалиции. Во првиот круг, кој се одржа на 11 ноември, најмногу гласови освои СКМ – Партија за демократска преобразба (СКМ-ПДП). Но, во вториот круг, на 25 ноември, ВМРО-ДПМНЕ, основана истата година, освои најмногу гласови.

Во избирачките единици, во кои партиите учествуваа самостојно, во вториот круг од изборите победија: ВМРО-ДПМНЕ вкупно 38 мандати, СКМ-ПДП 31 мандати, Партијата за демократски просперитет (ПДП) 17 мандати.

Во првиот круг, од вкупно запишани 1.339.021 избирач, на избори излегле 84,8%, додека во вториот 76,8%.

Поради речиси еднаквиот број пратеници, се создадоа потешкотии за формирање на Влада, па на крајот се формираше и Техничка влада. Мандатар беше Никола Кљусев (член на МАНУ) кој предложи експерти од различни области за министри. Техничката влада беше формирана на 20 март 1991 година. За време на својот мандат оваа влада го одобри Уставот, се организираше Референдум за независност и беше формирана Армијата на Република Македонија (АРМ).

Поради несогласувања меѓу партиите, во август 1992 година, Собранието и изгласа недоверба на владата. Тогашниот претседател Киро Глигоров првично му го довери мандатот за формирање на новата Влада на Лубчо Георгиевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој имаше најголем број пратеници во Собранието, но тој не го прифати. Тогаш мандатот претседателот на државата му го понуди на Петар Гошев од редовите на СКМ-ПДП, но и тој го одби. Потоа претседателот на државата му ја довери можноста за формирање влада на Бранко Црвенкосвки, лидерот на СКМ-ПДП кој ја прифати и формираше влада, која беше политичка влада. Дел од новата влада беше и албанската партија ПДП.

Парламентарните избори 1994 година

Првите парламентарни избори по осамостојувањето на Македонија се одржаа во октомври 1994 година заедно со првите претседателски избори. На изборите учествуваа 38 политички партии и 283 независни кандидати. Победник на овие избори беше коалицијата „Сојуз за Македонија“, предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

И овие избори се одржаа по мнозински изборен систем со апсолутно мнозинство (во првиот круг) и релативно мнозинство (во вториот круг), каде пратениците се избираа по принципот: еден пратеник – една изборна единица, а целата територија на државата беше поделена на 120 избирачки единици.

На овие избори право на глас имаа 1.360.729 гласачи. Во првиот круг, кој се одржа на 16 октомври, излезноста беше 77,8 отсто, додека во вториот круг, што се одржа на 30 октомври, излегоа 57,7 отсто од гласачите. Причината за драстичното намалување на излезноста во вториот круг беше поради тоа што опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија одлучија да го бојкотираат гласањето.

Според резултатите од првиот круг, коалицијата Сојуз за Македонија, составена од СДСМ, освоила 32,6 отсто од гласовите, ВМРО-ДПМНЕ 14,3 отсто од гласовите, додека ДП 11 отсто. Додека во вториот круг, поради бојкотот на опозицијата, коалицијата Сојуз за Македонија освои вкупно 60 пратенички мандати, ЛП 29, ПДП 11, СПМ 9, Партијата за демократски просперитет на Албанците (ПДПА) 4, оваа партија учествуваше на изборите во 1994 година со независни кандидати, бидејќи сè уште не беше регистрирана како политичка партија.

Парламентарни избори 1998 година

На овие избори се смени изборниот систем. Наместо мнозинскиот систем, изборите се одржаа со мешан изборен систем. Од 120 мандати, 85 пратеници беа избрани според мнозинскиот модел што беа распоредени во 85 изборни единици, кои беа изгласани на 18 октомври, додека другите 35 мандати според пропорционалниот систем, каде што целата држава беше една изборна единица. Изборите се одржаа на 1 ноември, а за пропорционалните листи беше вграден изборниот праг од 5%.

Од вкупно запишаните 1.572.976 гласачи на овие избори, за мнозинските листи се изјасниле 1.146.505 или 72,9%, додека 34.183 е бројот на неважечки ливчиња. Од вкупно 1.124.878 за пропорционалната листа во вториот круг, гласале 786.246 или 69,9%. За мнозинските листи со свои кандидати излегоа 22 политички партии, 4 коалиции и 7 независни кандидати. Во пропорционалните листи конкурираа 12 партии, 4 коалиции и група избирачи.

Овие избори резултираа со промена на власта, во кој случај победник беше ВМРО-ДПМНЕ со 49 освоени пратенички мандати, СДСМ со 27 мандати, ПДП освои 14 пратенички мандати, Демократска алтернатива на Васил Тупурковски (ДА) 13, Демократската партија на Албанците (ДПА) 11 , Либерално-демократската партија (ЛДП) 4 мандати. Љупчо Георгиевски формираше коалициска влада со ДА и ДПА. Ова беа првите избори во Македонија кои ги набљудуваше мисијата на ОБСЕ/ОХДИР.

Парламентарни избори 2002 година

На 15 септември 2002 година, во тензична атмосфера по конфликтот во 2001 година, се одржаа следните избори. Карактеристика на овој изборен циклус е што на политичката сцена на албанскиот политички блок се појави нов субјект, Демократската унија за интеграција, формирана од лидерите на ОВК (УЧК).

На парламентарните избори во 2002 година беше применет пропорционалниот модел за распределба на сите 120 пратенички места, каде што територијата на Република Македонија е поделена на шест изборни единици, а од секоја изборна единица беа избрани по 20 пратеници. На кандидатските листи во една или повеќе од шесте изборни единици запишани се вкупно 38 партии, партиски коалиции и независни кандидати. Од вкупно запишани 1.664.296 избирачи, на изборите излегле 73,4%.

И на овие избори дојде до промена на власта. Мнозинството го освои Коалицијата „Заедно за Македонија“ предводена од СДСМ. Коалицијата освои 60 мандати. Од албанските партии најмногу пратенички места во Собранието освои новоформираната партија ДУИ 16 мандати, а ДПА на Арбен Џафери 7 пратеници. Мандатот на новата Влада по 4-годишна „пауза“ повторно го имаше лидерот на СДСМ, Бранко Цервенковки, а во него беа вклучени и ЛДП и ДУИ.

Изборите во 2006 година

На овие избори, кои се одржаа на 5 јуни 2006 година, е забележан најмал одзив, од вкупно запишани 1.741.449 гласачи, на изборите излегле само 56%, додека партиите повторно ги сменија улогите. СДСМ премина во опозиција, а ВМРО ДПМНЕ го освои мнозинството во Собранието. На овие избори имаше и прегласување на 29 избирачки места во ИЕ 1, 5 и 6, кое се одржа на 19 јули 2019 година.

За учество на изборите во 2006 година беа презентирани 33 листи со кандидати, од кои 31 од политички партии и коалиции и 2 од група избирачи. Во изборниот натпревар учествуваа 11 партии и коалиции во шест избирачки единици, седум партии и коалиции поднесоа листи за кандидати за пратеници во пет избирачки единици. Четири партии и две избирачки групи ги претставија своите листи со кандидати само во една ИЕ.

Победник на овие избори беше Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ со 45 пратенички мандати. Коалицијата „Заедно за Македонија“ предводена од СДСМ беше втора со 32 мандати.

На овие избори во албанскиот политички табор победник беше коалицијата ДУИ-ПДП која освои 17 пратенички мандати, каде ДУИ доби 14, а ПДП три. ДПА на овие избори освои 11 пратеници. По овие избори мандатот за формирање влада го имаше лидерот на ВМРО ДПМНЕ. Во нејзиниот состав беа претставници на Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, ДПА и НСДП.

Изборите во 2008 година

Две години по доаѓањето на власт, ВМРО ДПМНЕ ја прифати иницијативата на ДУИ во Собранието за распуштање на парламентот и организирање предвремени избори. Согласно Уставот, Собранието изгласа самораспуштање на 12 април 2008 година и распиша предвремени избори кои ги закажа за 1 јуни 2008 година. Предлогот за одржување предвремени избори беше поддржан од најголемите владини партии ВМРО-ДПМНЕ и ДПА. На одлуката се спротивставија македонските опозициски партии СДСМ и ЛДП. На гласањето се спротивставија и некои помали владини коалициски партнери НСДП и ЛП.

На гласање излегле 75,06% од вкупно 1.779.116 регистрирани граѓани со право на глас. Листи за пријавување во ДИК поднесоа 2 коалиции, 16 политички партии и 2 независни кандидати.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ја сочинуваа 19 партии, додека коалицијата предводена од СДСМ ја сочинуваа осум партии.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ освои 63 од вкупно 120 можни пратеници. На второ место се најде коалицијата на СДСМ со вкупно 27 пратеници.

Во албанскиот политички табор како победник излезе ДУИ со 18 пратеници. На овие избори ДПА освои 11 пратеници. Владата повторно ја формираше Никола Груевски каде дел од оваа влада беше и ДУИ. Генерално, предвремените парламентарни избори во 2008 година не ги исполнија клучните обврски на ОБСЕ.

Парламентарни избори 2011 година

Во 2011 година имаше втори предвремени избори за Собранието од осамостојувањето на Македонија. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ победи со 56 мандати. На второ место, според бројот на освоени мандати, се најде Коалицијата предводена од СДСМ, со вкупно 42 мандати. На трето место, според бројот на пратенички мандати во Собранието, се најде: ДУИ – со 14 мандати, ДПА – 8 мандати; НДП на Руфи Османи на овие избори освои 2 пратенички мандати.

По изборите, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по трет пат формираше Влада во која ДУИ повторно беше вклучена како коалициски партнер, како претставник на Албанците.

Парламентарни избори 2014 година

Парламентарните избори во 2014 година беа осми по ред парламентарни избори од осамостојувањето на Република Македонија, додека трети предвремени парламентарни избори по ред. На овие избори повторно победи коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Оваа коалиција освои 61 мандат. На второ место, според бројот на освоени мандати, беше Коалицијата предводена од СДСМ, со вкупно 34 мандати. ДУИ освои – 19 мандати, ДПА – 7 мандати, НДП (Национална демократска преродба) – 1 мандат и Граѓанска опција за Македонија – 1 мандат.
По изборите, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по четврти пат формираше Влада во која ДУИ повторно влезе како партнер на коалицијата што ги претставува Албанците.

Парламентарни избори 2016 година

Парламентарните избори во 2016 година беа деветти парламентарни избори од осамостојувањето на Република Северна Македонија, на кои беа одржани четвртите предвремени парламентарни избори. На овие избори ВМРО – ДПМНЕ – 51 мандати, СДСМ – 49 мандати, ДУИ – 10 мандати, Движење БЕСА – 5 мандати, Алијанса за Албанците – 3 мандати, ДПА – 2 мандати.

Веднаш по изборите имаше интензивни разговори меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а подоцна и меѓу СДСМ и ДУИ. Собранието со 62 гласа за, 44 против и 5 воздржани ја изгласа новата коалициска влада предводена од СДСМ.

Парламентарни избори 2020 година

На предвремените парламентарни избори во Северна Македонија во 2020 година, во трка влегуваат 15 политички партии кои го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори во земјата. Ситуацијата беше многу посложена поради ситуацијата со Ковид-19. Предвремените парламентарни избори веќе се закажани за 15 јули 2020 година.

Во Собранието влегуваат: 46 пратеници од СДСМ и Коалицијата „Можеме“, 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија, 15 пратеници од ДУИ, 12 пратеници од Коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива, 2 пратеника од Левица, 1 пратеник од ДПА.
По изборите Собранието ја изгласа новата коалициска влада предводена од СДСМ.

Од прогласувањето на независноста на државата во земјава се одржаа десет парламентарни избори, додека граѓаните по седми пат на претстојните претседателски избори ќе излезат да гласаат за претседател на државата.

Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, додека вториот круг е на 8 мај заедно со парламентарните. Кампањата за претседателските избори ќе започне на 4 април и ќе трае до 22 април, кога почнува и молкот што трае до 24 април. Кампањата за парламентарните избори ќе започне на 18 април и ќе трае до 6 мај.

Редоследот на гласачкото ливче за претстојните претседателски избори:

Кандидатот на СДСМ – Стево Пендаровски е под реден број еден. Број два е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ – Гордана Силјановска-Давкова. Број три е кандидатот на ГРОМ – Стевчо Јакимовски. Број четири е кандидатот на ДУИ, Бујар Османи. Број пет Билјана Ванковска-Цветковска, кандидатка на Левица. Број шест е Арбен Таравари од коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ). Максим Димитриевски, кандидатот на ЗНАМ е под број седум на гласачкото ливче за претседателските избори.

Дестан Јонузи / Извор: Фронтлајн.мк

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ