• Latest

Од Првомајски протести до „Нови Договори“ 

May 2, 2020
Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западен Балкан

Руте: Лудата агресија на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

October 24, 2025
Фото: Скриншот

Макрон: Мора да продолжиме да ја зајакнуваме нашата воена поддршка за Украина

October 24, 2025
Општина Аеродром (фото извор: ФБ профил на Н. С.)

Министерството за здравство со препораки и мерки за состојбата со сметот во Скопје: Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот

October 24, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за расистичката изјава на советникот Темелков за Ромите во Неготино

October 24, 2025
Фото: украинска авбасадорка Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Нападите врз Херсон го одзедоа животот на 3 луѓе, уште 22 се повредени – меѓу нив и деца

October 24, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source: screenshot AP

Врховниот суд на ОН го осуди Израел за ограничувањата на помошта за Газа за време на војната

October 24, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Лукоил – новите санкции на Трамп и неодговорените прашања на ЦИВИЛ

October 24, 2025

ЕК: Фејсбук, Инстраграм и ТикТок го прекршиле Законот за дигитални услуги на ЕУ

October 24, 2025

Анализа на содржина: Пропагандно амплифицирање на Орбановите пораки во „Канал 5“

October 24, 2025
Фото: Meanwhile in Ukraine

Роберт „Маѓар“ Бровди: Пред 69 години Унгарија смело рече „не“ на црвената диктатура…денес Орбан живее со искривена интерпретација на тие настани

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Од Првомајски протести до „Нови Договори“ 

Пост ковид хипотези...

May 2, 2020 19:14
in ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: КЛИМЕНТИНА ЃОРЃИОСКА

Првиот мајски ден, вообичаено интернационално е резервиран за одбележување на борбата за остварување на работничките права. Работниците во Австралија, на 21 април 1856 година одлучиле прв пат, со прекин на работата да го демонстрираат своето барање за  осумчасовен работен ден. Нивниот пример 3 децении подоцна го следеле 200 илјади американски работници. Но, демонстрациите биле задушени од полицијата. Ама, борбата за осумчасовен работен ден не прекинала. Од 1890 година пролетерите од сите земји од светот, се обединија во одлуката Први Мај, да биде Меѓународен ден на трудот. Борбата за работнички права продолжила. Процесот не се одвивал линеарно. Историјата на работничкото движење бележи подеми и многу падови, зашто силни биле стегите на економските и политичките елити, во насока на редуцирање на работничките права со цел остварување што повисок профит. Формите на манипулација и експлоатација се менувале, од директни во посуптилни инструменти на притисок.

Кон протестите организирани од униите на синдикатите ширум светот, на Први Мај се приклучувале и активистите за човекови права. На масовните демонстрации се испраќани јасни пораки. Стоп мобинг! Заштита за работниците! Повисок стандард! Повисоки плати! Стоп на злоупотребата на трудот! Сите имаме право на достоинствен живот!

Мобинг, уцени и притисоци од секаков вид се силно оружје на елитите и денес. И од оваа точка на нашата реалност, работниците  се во подредена позиција. Додека кај едни отсуствува свесност за своите капацитети и вештини, кај други повеќе храброст да се изборат за вреднување на нивните потенцијали и труд. Трудот речиси никаде не е соодветно вреднуван. Работниците речиси секаде се во подредена позиција на потребите на работодавецот.

Но, овој пат „Првомајските“ протести се „задушени“ поради пандемијата од „Ковид – 19“. Протестираа само синдикатите во: Атина, Солун, Истанбул, Цирих, Сао Паоло, Бејрут и во Тајпеј, наспроти мерките за ограничено движење. Иако барањата требаше да бидат најсилни и најгласни., обесправените работници не најдоа начини да го покажат своето незадоволство од своите домови. А, само во Европа, 59 милиони граѓани останаа без работа. Според прогнозите во САД до јули ќе бидат затворени 20 милиони работни места. Од ММФ прогнозираат, светската економија ќе доживее најдлабок колапс по Големата Депресија од 1930-тите. Ирската компанија „Рајанер“ планира да отпушти 3.000 работници. Полицијата во Турција вчера, уапсила 20 синдикални лидери од седиштето на турскиот синдикат ДИСК, во обид да одржат првомајска комеморација.

Социјалните турбуленции со „Ковид -19“ префикс, не ја одминуваат Македонија. Точен број на отпуштени работници засега нема. Но, занаетчиите предупредуваат дека се загрозени 9.000 работни места. Угостителите алармираат 29.000 ќе останат без работа. Многу претприемачи стравуваат за опстанокот на своите бизниси. А, ако кон ова се додаде постојниот проблем со невработеноста, факт е дека во Македонија ниту за висококвалификувани кадри, магистри, доктори на науки од сите области и досега немаше работа и дека знаењето како производ има сѐуште многу ниска цена. Јасно е. Борбата за остварување на работничките права треба и мора да продолжи.

Но, на „Први Мај“, неколкумина млади од Социјалниот центар „Дуња“, со црвени знамиња во раце, под мотото „физичка дистанца – социјална солидарност“, оддалечени два метра еден од друг, протестираа пред зградата на Владата и низ главните улици на Скопје. Во овој „корона молк“, тие ги испратија пораките: „Капиталистите сити – работниците гладни“, „Корона е вирусот, капитализмот е пандемијата“, „Политичка моќ на трудот“…

Мнозинството македонски работници, пак, почитувајќи ја вонредната состојба, избраа да го чествуваат „Први Мај“ во своите дворови. Богата трпеза – неостварени права.

Но, македонското општество и така бележи дефицитарна традиција на протести, барем до крајот на 2014-та (со спорадични протести пред тоа), кога студентите прв пат излегоа на улиците, масовно демонстрирајќи го револтот од образовните политики и испраќајќи децидни барања до тогашната владејачка структура. Овие протести ја покажаа моќта на граѓанските собири. Продолжија! На протестите се појавија контрапротести, со цел да ги задушат првите протести. Некои од политичките партии посакаа протестите да ги користат во својата политичка агенда. Но, работничките права останаа повторно на маргините. Општеството во ниту еден момент ниту тогаш, ниту сега не покажува волја и храброст масовно да го демонстрира незадоволството од нереализираните работнички права. И не испраќа јасна порака со социјален префикс: сите права на работниците согласно законот! А, реформи се потребни и во законот!

Според можното сценарио за раст на економија во посткорона периодот, Светска банка прогнозира дека Македонија ќе бележи пад на економијата од 1.4 – 3.2 проценти во однос на другите земји од Западен Балкан, коишто ќе паднат во рецесија, со можен пад на БДП од 11,3 проценти. Податоците се утешни во време на криза, но ни малку розови за македонскиот работник кој и така добива ниска плата, наспроти високите трошоци за живот.

На светско ниво, „TheEconomist“, прогнозира дека светот по пандемијата ќе се соочи со „економија 90%“, каде потрошувачката на граѓаните ќе биде значително редуцирана. Најпогодени ќе бидат: угостителството, авио-транспортот и туризмот. Кратењата на трошоците во овие сектори, ќе ја доведат во прашање одржливоста на многу претпријатија, на многу работни места, со сериозни реперкусии врз човечките судбини. Ова ќе резултира со продлабочување на јазот меѓу богатите и сиромашните. Националните власти ќе бидат исправени пред задачата, како да се справат со економско-општествените предизвици. Кои политики да бидат ставени на владините агенди за побрзо надминување на штетите во економијата и санација на последиците од руинираната економија во многу кластери?

Во ваквата економска констелација, зголемената невработеност ќе доведе и до зголемена моќ на работодавците. На пазарот на трудот компетитивноста на работниците ќе биде голема, а вредноста на трудот значително помала. Со тоа ќе расте несигурноста за работните места. Многу семејства кои ќе се борат за егзистенција, ќе останат на маргините, социјално неинтегрирани.

Во времиња на губење на работа, чин што граѓанинот го доживува како индивидуален пораз на личноста, кој што генерира гнев, бес, фрустрација, незадоволство, безизлезност, револт, резигнираност… историјата покажала дека токму со ваквите чувства на обесправените граѓани играат екстремно-десничарските партии. Играјќи на социјалната карта, манипулираат со гласот на граѓанинот – гласач, ветувајќи егзистенција за глас. Целта им е да придобијат лојални и послушни поддржувачи на нивните екстремни идеи и политики.

Пример за тоа е рецесијата од 2007-ма. Доведе до политичка криза и до промени во партиските системи на Грција, Италија и Шпанија, европски земји со најголема стапка на невработеност и висок јавен долг. Безизлезноста од економската криза ги врати на политичката сцена екстремно-десничарските партии, коишто со својот политички дискурс им се обраќаа токму на гласачите кои ги имаа изгубено и работните места и достоинството. Тоа особено во Грција, резултираше со радикализација на политичко-партискиот систем.

Според прогнозите на „TheEconomist“, кризата со „Ковид-19“ ќе доведе и до радикализација на политиката, многу побрзо отколку за време на финансиската криза во 2007-та година. Ова дотолку повеќе што размерите на ерозија во националните економии како последица на пандемијата, засега никој со точност не може да ги предвиди. Ерозијата е незапирлив процес и во моментов додека говориме за темата.

“TheVisualCapitalist” тоа пластично го илустрира со инфографикот на т.н. „Црни лебеди“. Тоа се катастрофитe од скорешната историја, коишто со непредвидливата појава предизвикале штети врз националните економии.

Терористичките напади во САД врз кулите Близначки од 11-ти септември 2001г. предизвикале пад на  продажбата за 11,6 отсто. За опоравување биле потребни 15 дена. Светската финансиска криза од 2007-та предизвикала пад на продажбата дури 56,8%, а за санација на штетите биле потребни 2 години и 9 и пол месеци. „Брегзит“ кризата  довела до намалување на продажбата за 5,6 отсто. А, само 9 дена биде потребни за сè да се врати во нормала.

Но, од појавата на  „Ковид-19“, во изминативе пет месеци до денес, евидентиран е пад на економскиот перформанс и продажба од 29,5 отсто. Секој момент, штетите од пандемијата растат. Крајот со сигурност не може да се прогнозира. Дури потоа ќе зборуваме за санација на штетите и враќање во нормала, за што ќе биде потребен сигурно  подолг период.

Ваквите „Црни Лебеди“, независно од која природа се, предизвикуваат прелевање на економската криза врз политичките текови. За да ја ублажи кризата, во Германија и Данска, државата користи финансиски инструменти.   Интервенира на пазарот, го финансира приватниот сектор, со цел да се одржат и компаниите и работните места за илјадници луѓе. Овој механизам во моментов им одговара на laissez- faire приврзаниците. Но, во исто време го отвора прашањето за влијанието на државата во приватниот сектор и иднината на слободниот пазар?!

Од друга страна, сведоци сме дека овие настани генерираат голема доза  ксенофобија во мултиетничките општества. Страв дека „другиот-странецот“ ќе им го земе работното место на припадниците на етничкото мнозинство. Со работното место и достоинството. Ова е идеален момент за сценски настап и обновување на моќта на екстремно-десничарските партии и нивните радикални агенди.

Затоа, внимателно! Кризата со „Ковид-19“ не само што почна непредвидливо, туку и целиот нејзин развиток, носи нестабилност, несигурност, неизвесност и може да генерира „Нов договор“. Доколку е како оној на Ф.Рузвелт, тогаш економијата ќе ја победи рецесијата, а работниците ќе се вратат на своите работни места, без големи жртви. Но, доколку „Новиот Договор “е како оној на Третиот Рајх тогаш …

Внимавајте!

Бертолд Брехт предупреди: „Матката што ги роди, раѓа сѐ уште!“

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ