• Latest

Одбележување на Денот на албанската азбука

November 22, 2019
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Одбележување на Денот на албанската азбука

November 22, 2019 10:13
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На денешен ден, во 1908 година во Битола заврши Битолскиот Конгрес на кој се создаде албанската стандардизирана азбука.

На Конгресот се решава азбуката да се состои од 36 латински букви, што е во употреба до ден денес. За потребите на печатење на книги и весници со албанска азбука, во Битола тогаш се отворила и првата печатница, позната како Битолска Печатница, финансирана од група трговци – Албанци муслимани.

Зградата во која се одржал Битолскиот Конгрес, денес е Музеј на албанската азбука во кој се поставени фотографии и повеќе од 230 документи  во дигитална и хартиена форма со кои се афирмираат преродбеничките, културолошките и напредните движења на албанскиот народ.

„Прославувајќи го овој празник, ние како современо, мултиетничко и мултикултурно општество, ги потврдуваме нашите заложби за градење на едно општество за сите и подобра и посветла иднина за секој наш граѓанин. Почитувањето и вреднувањето на меѓусебните разлики е она што нè зближува, обединува и нè прави единствени во справувањето со предизвиците“, се вели во честитката на претседателот Стево Пендаровски до припадниците на албанската етничка заедница.

„Заедно растеме, учиме, се развиваме, 111 години. Честит Ден на албанската азбука!“, се наведува во придружниот текст на видео честитката на премиерот Зоран Заев објавена на Фејсбук.

Министерството за политички систем и односи  меѓу заедниците, пак,  вечерва од 19:30 часот во Македонскиот народен театар ќе организира свечена академија по повод Денот на албанската азбука.

На свечената академија, која е централен од серијата настани што беа организирани деновиве, најавено е присуство на претставници од Владата, Собранието, од политичките партии и дипломатскиот кор.

Оваа година првпат ќе биде доделена и државната награда „22 Ноември“ за остварувања во областа на политичкиот, културниот и општествениот  живот во државата.

Добитници се истражувачот, историчар и хуманист Давид Хосафлoк и просветните работници Кимете Агаи и Аднан Агаи. Наградата ќе им биде врачена во 13 часот во Собранието.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ