• Latest
Војо Маневски

Одбрана до последните денови на транзициските слуги

July 24, 2025
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Одбрана до последните денови на транзициските слуги

July 24, 2025 10:13
in МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Класичните медиуми полека станаа само споредна содржина на дел од мебелот дома. Со големина на спротивниот ѕид на собата, телевизорите веќе и не се централно место во домовите од каде се ширеа информациите и пропагандата  со која лесно се управуваше со „свеколикото пучанство“.

Денес само повозрасниот  дел од  некогашните балкански „нации до отцепување“ што не успеа да замине,  а при тоа во вкупниот збир на години единките имаат број шест како почетен број, следат се што на вестите ќе кажат веќе искомпромитираните телевизии. Јасно е дека нивното место е во одбрана на интересите на транзициските тајкуни кои се плашат од било кое влијание од демократските системи. И со право се плашат. Во тој свет на владеење на законите и правната држава, нивната можност да „бизнисуваат“ е битно намалена.

Сето ова го знаеме, па затоа ќе посочам само еден мал пример на развој како резултат на европските фондови за поддршка како излез од маѓепсаниот круг на лаги и паралаги.

На крајниот север на Србија има едно место со име Кањижа. Во превод тоа значи граничен воен гарнизон. Наспроти оваа Кањижа на другата страна на Тиса, постои Турска Кањижа која одамна го има променето своето име во Нови Кнежевац. И едната и другата „кањижа“ функционираат како една заедница на граѓани со различно етничко потекло но со јасно поставена цел”” Да  се биде дел од средноевропската култура на која  и припаѓаат  и прават се да бидат дел од Европската Унија. Кога влезеш во Кањижа или Кнежевац, од исток или запад ,нема ништо поразлично од ваквите гратчиња во цела средна Европа.

Истото ова гратче го посетив пред  четириесетина години и ми беше пример на складна заедница иако во неа живеат различни народи меѓу кои Унгарците се значително мнозинство. За време на несреќните деведесетти не слушнав ниту за еден поголем инцидент на национална основа.

Во што е поентата на овој текст? Токму во заклучокот дека европската перспектива  не може да ја сопре сосема ни политиката на Вучиќ етаблирана како повеќе источна отколку западна.. Неговиот пријател Орбан води своја национална политика, кога се работи за неговите сонародници, Унгарците во Србија. На сите им даде унгарско државјанство и со тоа ги направи европски граѓани. Тоа истовремено значи и дека разните европски фондови им се на располагање на овие граѓани на северот од Војводина што е автономна покраина на Србија иако Милошевиќ ја намали доста нејзината автономност. На ваквата политика на Орбан ниту Србија не се противи и помага во проектите,  се разбира следејќи ја својата популистичка политика која веќе повеќе од деценија ја води Александар Вучиќ.

Резултатите се за пофалба. На полето на спортот Кањижа секогаш имала многу вљубеници на боречкиот спорт во грчко римски стил. Репрезентативци, олимписки учесници па дури и носители на медаљи од големите натпревари. Сето тоа сега е надоградено со отворање на академија за тренинг и воспитување на спортистите активни во овој спорт.

Потоната во зеленило и насред прекрасно одржуван парк е сместена Војводинска Боречка Академија (Војвођанаска Рвачка Академија). Средени паркинг места, разни справи за вежбање, сместени под настрешница направена од модерни материјали, се дел од првиот впечаток кога влезете низ убавиот влез.

Влегуваме  на широка врата и не пречекува домаќинот на Академијата. Со таква учтивост не прими што се подзамислив дали уште сум во границите на  балкански заедници или некако сум залутал во пристојните краеви на некогашната ми држава. Како во дилемата на Ѓоле: „ Ние ли бевме подобри или такви беа времињата“

Академијата е отворена 2021 г. а средствата ги обезбеди владата на Унгарија од програми за спортски и организаторски карактер. Многу ни помогна унгарскиот сојуз за борење. Сега имаме соработка со сите боречки сојузи и клубови низ цела Европа и често користиме средства од европските фондови.. Просторот и парите за  просторното уредување ни ги обезбеди општината Кањижа. Целиот објект е изграден од средства на унгарската влада, а тие се дел од европските фондови за вакви прекугранични спортски објекти и активности. Функционираме како вистинска академија и нашите ученици и спортисти се постојано овде .Со наши возила ги превезуваме до училиштата каде следат настава а тренинзите, одморите и се останато  е во рамките на академијата. Дома си одат само за време на викендите доколку не сме на некој турнир, вели домаќинот Фабијан Акош.

Со истата учтивост и насмевка нé прошета низ академијата. Осум ученички и спортистки се сместени во посебни соби со удобни кревети и малечка кујна. Петнаесет момчиња се академци и тие имаат свои простории. Заеднички се училниците за учење и училишни обврски. Базен и сауна за опуштање по тешките тренинзи им стојат на располагање на питомците на академијата.Фабијан не води и во главната сала послана со душеци неопходни за тренинг на борачите. На галеријата има столчиња за посетителите, родителите или ако некој едноставно сака да гледа како се одвиваат  тренинзите.

Г. Фабијан Акош е нашиот домаќин а воедно и домаќин на академијата. Со гордост ни кажува дека двете негови ќеркички поминале низ процесот на воспитување и обука во академијата. Едната, сега  во Унгарија држи приватни часови по борење на деца до 18г  и работи на промоција на овој спорт низ европските спортски сојузи и асоцијации. Помалата сега студира но и активно учествува на натпреварите во овој племенит спорт.

Фабијан вели дека душекот на борачите им е како магичен тепих преку кој можат и да се изградат себеси  и да одлетаат на разни места каде ке запознаат спортисти од разни народи и култури по цел свет. Едноставно овој спорт им е врата за успех доколку пред се го сакаат и се спремни на тешки тренинзи и специфичен начин на спортски живот. Академијата тоа им го нуди.

На влезот од академијата има споменик на двајца борачи но наместо од камен или бронза тој е изработен од надворешни велосипедски гуми. Некако ми изгледа како круна на целата оваа приказна овој споменик. Современи услови за спорт, процес на образование и воспитување  според европски програми и на крајот и уметност како неопходен дел.

„За сите заинтересирани граѓани ние ја изнајмуваме големата сала заедно со сите  простории за потребните активности“, вели Фабијан. Организираме и балови за средби на спортисти и разни семинари . Тоа ни се дополнителни средства за збогатување на нашите активности покрај фондовите што ни се доделени од унгарската влада и европските фондови.

Се поздравуваме и му ветувам дека сите мои импресии ке ги  пренесам на заинтересираните мои сонародници што се активни во овој спорт .Ако ништо друго да можат на сите што се „запениле“ со заштита на идентитетот да им покажат дека тој се брани и развива на културното поле за натпревар меѓу народите. Дел од националната култура на Македонија е борењето во слободен стил и веројатно е најтрофеен спорт во сите овие години од кога слободно велиме дека сме дел од светот како Македонија

Оваа приказна ја пишував не за да ги натерам моите сограѓани да ја видат и другата слика на Европа поразлична од медиумската  преставена дома, за неправдите кои истата таа Европа ни ги прави ,туку и да се уверам дека промените што ги носи членството во унијата се на подобро. Истото ова гратче што го знам од пред четири децении, денес изгледа како перспективно место за живеење. Младите работат во Сегедин и другите поголеми градови во Унгарија а овде ги одржуваат родителските имоти и при тоа скоро сите фасади се обновени а има толку зеленило како половина наши гратчиња земени заедно. Заклучокот е дека границата е само административна линија а не препрека за соработка и развој. А кога и неа ќе ја снема?

Ако животот е борба – тогаш во борбите мора да се учествува, ама подготвени и да опстанеме и победуваме. Инаку во борбата ќе бидеме борени, соборени, а нема ни да излеземе на душекот. Viszlat  Еuropa (довидување Европо), ние на Балканот ќе се бориме меѓу себе додека не се избориме за европска перспектива.


Текстот е личен став на Авторот.
Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ