• Latest

24 ЧАСА: Изборна кампања 2025 – локални избори без локални теми; Европа да даде силен и обединет одговор на руските упади со дронови; Трамп најави нови царини меѓу кои и 100% на филмови направени во странство

September 30, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: Изборна кампања 2025 – локални избори без локални теми; Европа да даде силен и обединет одговор на руските упади со дронови; Трамп најави нови царини меѓу кои и 100% на филмови направени во странство

September 30, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Локални избори без локални теми

Вчера и официјално започна кампањата за локалните избори што ќе се одржат во октомври.

На централниот митинг во Скопје, наместо за локални прашања, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски ,најмногу зборуваше за „судбината на Македонија“, национални теми и политички пресметки со СДСМ, ДУИ и Левица, наместо на локалните проблеми со кои се соочуваат скопјани.

Тој изборите ги претстави како „финална битка“ за државата, критикувајќи ја резолуцијата на Венко Филипче и најавувајќи реформи во правосудството. Во говорот главно се слушнаа поенти за „црвени линии“ и „длабока држава“, но речиси ништо за секојдневните проблеми на скопјани – сообраќај, отпад, загаден воздух или инфраструктура.

Герасимовски ветува бесплатен оброк, екскурзии, униформи и дополнителни часови за учениците од септември 2026.

„Од наредната година, септември 2026, обезбедуваме бесплатен оброк за сите ученици во целодневна настава, со што, родителите се ослободуваат од финансиски трошоци за храната на своите деца во училиштата. Покрај тоа, на сите ученици од петто до деветто одделение им следува бесплатна неколкудневна екскурзија низ Македонија“. Ова денеска го најави кандидатот за градоначалник на Центар и воедно актуелен татко на општината Горан Герасимовски пред основното општинско училиште „Коле Неделковски“.

Праведно Скопје, кое ќе се развива подеднакво во сите општини. Скопје, чисто, дигитализирано, зелено, модерно, кое ќе биде на сите и со кое ќе се гордеат сите, вети кандидатот за градоначалник на Град Скопје Скендер Реџепи – Зејд од Националната алијанса за интеграција.

За таа цел, рече тој, доколу биде избран на функцијата ќе работи на средување на урбаниот хаос, за намалување на загадувањето на воздухот, нефункционалниот транспорт, на подобрување на условите за младите.

СДСМ нема никаква соработка со ДУИ и Левица. Тоа се само празни, неиздржани обвинувања, рече денеска претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче. Тој на прес-конференција повтори дека партијата на локалните избори настапува само во соработка со своите коалициски партнери. На ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ им порача да зборуваат за сериозни теми, наместо да се препукуваат и, како што нагласи, да подгреваат национализам.

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, ја започна кампањата за локалните избори 2025 со провокативен и вулгарен израз: „Посерисе на мицковизмот – гласај за Левица“.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Фон дер Лајен: Европа мора да даде силен и обединет одговор на руските упади со дронови

„Европа мора да даде силен и обединет одговор на руските упади со беспилотни летала на нашите граници“, нагласувајќи ја потребата да се продолжи со изградбата на „ѕид од беспилотни летала“ за да се зголеми безбедноста, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

РЕГИОН

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, за време на Сараевската безбедносна конференција предупреди дека Босна и Херцеговина (БиХ) се соочува со сериозни безбедносни предизвици.

– Сведоци сме на пораст на опасна реторика и политички конфликти. Постојат постојани закани со сецесија, запаливи акции и обиди да се поткопа уставниот поредок и владеењето на правото, истакна Шекеринска, според соопштението на тимот за односи со јавноста на конференцијата.

СВЕТ

Трамп воведува царина од 10% за дрва и 25% за мебел и кујнски елементи, најави 100% царина на филмови направени во странство

Американскиот претседател  Доналд Трамп во понеделник нареди значителни нови царини за дрво и разни дрвени производи, вклучувајќи увезено дрво, дрва, кујнски елементи и тапациран мебел – потенцијално зголемувајќи ги трошоците за изградба на домови и мебел, чија цена се зголеми во последните месеци.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Зошто никој ниту зборува, ниту прави нешто за сиромаштијата во земјата?

ПОТКАСТ: Ескалација на руската хибридна војна: Украина, НАТО и битката за Европа | Eyes on Democracy

Во ова едночасовно разговорно издание, Роџер Касале, поранешен пратеник во британскиот парламент и основач на Вестминстерската алијанса за Украина, модерира длабока, остра и аналитична дискусија со Ана Костјученко, уредничка во Укринформ, и Џабир Дерала, новинар и аналитичар на хибридната војна. Заедно, тие ја разгледуваат актуелната ескалација на руската војна против Украина и пошироката хибридна војна што Кремљ ја води против Европа и светот.

Подготви: Д. Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ