• Latest

Одговорност на медиумите во изборите

March 19, 2019
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
Џабир Дерала, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала: Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, само ако со тоа се согласи Белград

August 15, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 15, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Руски, српски, разни други светови има, а македонски свет има ли?

August 15, 2026
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Одговорност на медиумите во изборите

March 19, 2019 12:34
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вистинито и објективно, избалансирано, правично, рамноправно, чесно и независно, професионално, со коментари јасно одвоени од информациите, толерантно, слободно и одговорно. Ова се клучните зборови во начинот на кој медиумите треба да известуваат за изборите, сумирани од одредбите на Изборниот законик, но и од принципите на  Повлебата за етичко известување за изборите на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ).

Делот од Изборниот законик кој го дефинира однесувањето на медиумите во предизборниот процес може да биде закон сам по себе. Цели шест страници од „Глава 6 – Изборна кампања“ се однесуваат на обврските на медиумите во текот на изборната кампања, цела страница од Поимникот ги дефинира облиците на известување во кампањата,  а огромен простор им е посветен и во делот на казнените одредби во Законикот.

Изборниот законик на учесниците во изборната кампања им го гарантира правото и во медиумите да имаат рамноправен пристап и под еднакви услови, и им дава можност да побараат судска заштита ако им биде повредено тоа право. Законикот ги обврзува медиумите изборите да ги покриваат „на правичен, на избалансиран и на непристрасен начин“. Медиумите и нивните вработени не смеат да финансираат или да донираат на политички партии.

„ Уредници, новинари, водители на програма и презентери, ангажирани во подготвување програми на радиодифузерите, не смеат да учествуваат во предизборни активности на политички партии, коалиции, групи избирачи и нивни претставници, односно учесници во изборна кампања. Доколку се определат да учествуваат во вакви активности, нивниот ангажман во програмите на радиодифузерите им мирува од денот на распишување на изборите до нивното завршување“ – стои во членот 75-в на Законикот.

За редовните активности на државните органи и јавните претпријатија не смее да се известува како за предизборна кампања, а до крајот на изборите медиумите не смеат да објавуваат реклами платени со буџетски пари. Платеното политичко рекламирање, пак, мора да биде видливо означено, како и неговиот нарачател. Мора да биде објавено и името на нарачателот, како и основните параметри, и на испитувањата на јавното мислење што ќе бидат објавени во предизборната кампања.

Програмите наменети за малолетната публика не смеат да се користат за изборно медиумско претставување, а малолетници не смеат да учествуваат ниту во платеното политичко рекламирање.

И. К. Илиевски

 

Share9TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ