Седницата на собраниската Комисија за здравство на која денеска требаше да се расправа за Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции е одложена поради тоа што не бил преведен на албански јазик текстот на Законот.
Седницата, како што беше посочено, ќе биде закажана кога ќе се создадат технички услови за нејзино одржување.
Извор: МИА