• Latest

Одложено судењето за „Организатори на 27 април“, се чека мислење од Врховен за Законот за амнестија

December 14, 2023

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Одложено судењето за „Организатори на 27 април“, се чека мислење од Врховен за Законот за амнестија

December 14, 2023 11:08
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ одложено за 30 јануари идната година. Дотогаш, како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје, се очекува Врховниот суд да донесе мислење во однос на иницијативата на одбраната да донесе начелно правно мислење за автентично толкување на Законот за амнестија поврзан со настаните од 27 април 2017 година во Собранието.

На денешното рочиште првостепениот Суд, повторно требаше да се произнесе по барањето за амнестија, кое еднаш веќе беше го имаше одбиено, меѓутоа Скопската апелација го укина, пренесува МИА.

До судот, како што информираат од Кривичен, е пристигнато известување дека одбраната на обвинетите во предметот Организатори на 27 април бара од Врховниот суд да донесе начелно правно мислење за автентично толкување на Законот за амнестија поврзан со настаните од 27 април.

–   Со оглед да Кривичниот суд досега донесе две одлуки поврзани со барањето за амнестија кои беа укинати од Апелациониот суд, кој пак, и покрај законските можности не донесе мериторна одлука, судот смета дека вакво начелно правно мислење на највисокиот суд треба да ги разреши дилемите околу правата на странките поврзани со Законот за амнестија, се вели во соопштението од Кривичен.

Од Кривичен, исто така, посочуваат дека овој суд мора да води сметка за долготрајноста на постапката и начелото за судење во разумен рок, па заради тоа расправата се одлага за 30 јануари, а до тогаш се очекува Врховниот суд да донесе мислење во однос на иницијативата на одбраната.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Апелацискиот суд во април годинава ја укина првостепената пресуда од јули 2021 година, со која Вељаноски беше осуден на шест и пол години затвор, екс-министрите Јанакиески и Ристовски добија казна од 6 години и три месеци затвор, додека поранешниот директор на УБК Атанасовски шест години затвор, и предметот го врати на повторно судење.

Процесот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Трајче Пеливанов.

Tags: 27 априлодложено судењеорганизатори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ