• Latest

Одложено судењето за обвинетите во случајот „Монструм“

June 29, 2017

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Одложено судењето за обвинетите во случајот „Монструм“

June 29, 2017 14:08
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По третпат е одложена јавната седница во Врховниот суд за случајот „Монструм“, петкратното убиство што се случи пред пет години кај Смилковско Езеро. Седницата е презакажана за 12-ти септември, поради неисполнување на законски претпоставки.

Обвинителката на Републичкото јавно обвинителство, Љиљана Спасовска, побара од Врховниот суд пред да биде закажана новата седница, да ги прибави новите докази кои според неа се наоѓаат во СЈО.

На прашање за случајот „Монструм“, специјалната обвинителка Катица Јанева на денешната прес-конференција изрази надеж дека Советот на јавни обвинители ќе им ги достави материјалите.

„Се надевам дека Советот на јавни обвинители ќе ни ги достави материјалите. Законот е јасен, во рок од 8 дена од превземањето на предметот, ќе одлучам дали сум надлежна или не. Мислам дека има многу предмети кои требало да бидат тука, а не се отворени во овој период. Како ќе се одвива ритамот на ова Обвинителство, одлучувам јас“, рече Јанева.

Јавната седница во Врховниот суд досега два пати беше одложена, еднаш поради отстуство на адвокатот Насер Рауфи, а вториот пат по барање на адвокатот Асмир Алиспаиќ.

Петмина жртви, четирите млади момчиња – Александар Наќевски, Филип Славковски, Цветанчо Ацевски и Кире Тричковски, како и Борче Стефковски, пред пет години под сомнителни околности беа убиени на Велики четврток.

Tags: „Монструм“врховен судКатица Јаневаодложено судењеСЈО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ