• Latest

Одлуката на опозицијата блокира 20-тина квалитетни закони од интерес на граѓаните во услови на економска криза

May 11, 2022
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025

Договор од 30 милиони евра од Србија за компанија вклучена во обвинението за Бањска

July 8, 2025
Фотографија: Центар за управување со кризи

РЕАКЦИИ: Еден доволен да запали, а цела држава неспремна да изгаси

July 8, 2025
ВОДА ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Какво е водоснабдувањето во вашата општина?

July 8, 2025
Ерол Ризаов

Зошто се извини Мицкоски?

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Одлуката на опозицијата блокира 20-тина квалитетни закони од интерес на граѓаните во услови на економска криза

May 11, 2022 15:05
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Портпаролите на Владата на Република Северна Македонија, Душко Арсовски и Муамет Хоџа на денешната прес-конференција, информираа за донесените одлуки и заклучоци од 44-тата седница на Владата и одговараа на прашања од интерес на јавноста и медиумите, информираат од владина.
На прес-конференцијата беше информирано за одлуката за престанок на важноста на одлуката за ограничување на извозот на масло од сончоглед донесена врз основа на актуелната стабилна состојба со овој производ.

Со тековното домашно производство на масло од сончоглед, како што беше посочено, има редовно снабдување на домашниот пазар и се задоволува потрошувачката. Постоечките количини укажуваат на стабилната состојба и нема потреба да се создаваат залихи на масло од сончоглед за јадење.

На прес-конференцијата портпаролите информираа дека на 44-тата седница беше донесена Одлуката за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во средните училишта со која се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година.

Од областа образование Министрите во Владата ја разгледаа и усвоија Информацијата за потребата од склучување на Договор за грант за проектот „Рехабилитација на објекти за физичко образование во основните и средните училишта и набавка на спортска опрема во Северна Македонија“, меѓу Република Северна Македонија претставувана од Министерството за образование и наука и Банката за развој при Советот на Европа – ЦЕБ. Грантот во висина од три милиони евра е наменет за реконструкција на 30 постоечки училишни спортски сали во основни и средни училишта и за опремување со спортска опрема на 50 постоечки училишни спортски сали во основни училишта.

На новинарското прашање дали прекинот на снабдувањето со гас од Украина ќе има импликации и врз нашата земја и дали имаме алтернатива за снабдување на гас беше посочено дека Република Северна Македонија не се снабдува со гас од гасоводот којшто поминува низ Украина и дека  количините кои се потребни се обезбедени од компаниите што вршат дистрибуција на гас во нашата земја и дека нема простор за грижа од недостиг на гас.

На прашањето околу ставот на црногорскиот премиер Абазовиќ дека го поддржува концептот Отворен Балкан, беше истакнато дека Отворен Балкан негува политики на отворени врати кон сите земји во регионот и дека ваквиот став на лидерите од регионот носи само придобивки и европеизација на земјите. Како што беше информирано, на самитот на Отворен Балкан што ќе се одржи во јуни во Република Северна Македонија ќе бидат поканети и лидерите на Црна Гора, БиХ и Косово.

На новинарскиот интерес кои се последиците од блокадата на Собранието од страна на опозиција беше потврден ставот на Владата дека политичарите треба да ги решаваат проблемите, а не да бојкотираат. Поради ваквиот став на опозицијата, како што беше соопштено, 20-тина квалитетни закони од интерес на граѓаните се блокирани во услови на економска криза.

На медиумскиот интерес дали предлогот на францускиот претседател Макрон за паралелна европска заедница ќе влијае врз македонско бугарскиот спор, портпаролите информираа дека овој предлог Владата го гледа како можност за обединување на земјите кои не успеале да влезат во блокот со оглед на новонастанатата геополитичка ситуација.

Како што истакнаа, тој е поттикнат од потребата да се даде еден вид заштита, европска перспектива и можности за поврзување и соработка на Украина, Молдавија и Грузија, со Унијата, без притоа да чекаат да се исполнат сите критериуми кои се потребни за земјите кандидатки за членство.

„Северна Македонија ја има поддршката од европските партнери, кои сметаат дека мора веднаш да ги започнеме преговорите, а Владата го продолжува дијалогот со соседна Бугарија за изнаоѓање достоинствено и европско решение, кое ќе го крене ветото и ќе го даде долгоочекуваниот датум за отпочнување на преговорите со Унијата“, информираа портпаролите.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ