• Latest

Одржување на првата Меѓувладина конференција до крајот на годинава, цел на Берлин и очекување на властите на Северна Македонија

September 25, 2020

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Одржување на првата Меѓувладина конференција до крајот на годинава, цел на Берлин и очекување на властите на Северна Македонија

September 25, 2020 10:06
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Одржување на првата Меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и Европската Унија, со која се означува старт на преговорите за членство, до крајот на годината за време на германското претседателство е цел и очекување на официјален Берлин, но и на власите во земјава.

Прашањето за првата Меѓувладина конференција вчера повторно се отвори откако изминатиот период по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки со кој се доведуваат во прашање македонскиот национален идентитет и македонскиот јазик дојде, до затегнување на односите на реалција Софија-Скопје.

Реакциите следеа по изјавата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, кој рече дека Бугарија нема да се спротивстави, но ќе каже дека не е време да се закаже датум за одржување на првата Меѓувладина конференција за почеток на преговорите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ.

Тој за за бугарската ТВ Европа истакна дека никој не сака да се воведат нови критериуми за Северна Македонија, но оти постои многу јасен услов на ЕУ: секоја земја кандидат за членство мора да ги расчисти проблемите со соседите пред да започне преговори.

„Бугарија нема што да менува во својата политика. Во октомври минатата година многу јасно кажавме дека ако не се почитува Договорот за пријателство меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија од 2 август 2017 година, ќе се спротивставиме на закажувањето на првата меѓувладина конференција“, вели Каракачанов.

Германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, пак, вчера го повтори ставот на Берлин дека билатералните прашања треба да се решаваат на билатерално ниво.

„Нашата цел е првата Меѓувладина конференција да се одржи за време на нашето претседателство со Советот на Европската Унија и сме оптимистични дека тоа ќе се случи“, изјави Холштајн за МИА.

Германската амбасадорка одговорајќи на прашањето на МИА да даде коментар на состојбите на добрососедство на Балканот, но и на изјави на високи бугарски претставници дека сега не е време за меѓувладина конференција, нагласи дека таа неколку пати на оваа тема има изјавено дека став на Германија е –  билатералните прашања треба да се решаваат билетерално.

„Проширувањето на ЕУ сметам дека е и во голем интерес на Бугарија и затоа сум на мислење дека сигурно ќе се најде решение. Бугарија отсекогаш била голем поддржувач на европеизацијата на регионот. Наша цел е  таа конференција да се одржи уште во времето на нашето претседателство во Советот на ЕУ.  И ние сме оптимистични и дека ќе се успее во тоа“, истакна германската амбасадорка Холштајн.

За бугарско-македонските односи во светло на најновите случувања, но и во насока на нашите евроинтегративни процеси вчера говореше и вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, кој порача дека Северна Македонија сака да се приклучи кон ЕУ во која придавката „европска“, подразбира европски манири, како и дека првата Меѓувладина конференција треба да се одржи до крајот на годината, со што ЕУ ќе ги зајакне својот кредибилитет во регионот.

„Многу е тешко да се одржи значењето на тој термин ако сме предизвикани од нешто што не треба да биде проблем во Европа на 21 век, за тоа кои сме и каков јазик зборуваме. Ова е прашање кое е внатрешно, кое е во срцето на нашиот суверенитет и во нашето право на самоопределување и самоизразување“, рече Димитров. Тој вчера на конференција осврнувајќи се на односите со соседите во процесот на пристапување кон ЕУ, рече дека со Бугарија започнавме многу добар процес на градење пријателство кога одлучивме да го ратификуваме Договорот за пријателство и добрососедство.

-Ние имаме интерес да имаме голем пријател во Софија. Имаме интерес за блиски односи, интерес да навлеземе во подлабоките делови на нашиот договор за пријателство, што се однесува на продлабочување на економијата, трговијата, туризмот, културата, животната средина, безбедносни прашања… Мислам дека има и влог за Бугарија и можам да кажам дека предизвикувањето на македонскиот јазик веројатно не е добра стратегија ако сакате да ги освоите срцата и мислите на македонските граѓани, оцени Димитров.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, пак, вчера истакна дека од нашите сојузници, вклучително и од пријателска Бугарија, очекуваме да помагаат, а не да одмагаат. За Шекеринска изјавите како таа нејзиниот бугарски колега не помагаат и не се во духот на Договорот за добрососедство со Бугарија.

„Ако нешто научивме во овие 30 турбулентни балкански години е дека емоциите не се добар сојузник во решавањето на билатералните прашања. Ние покажаваме дека со сите наши соседи можеме да бидеме пријатели. Покажаваме и дека сме подготвени да инвестираме во таков сојузнички однос и ќе продолжиме да градиме и понатаму таква политика. Очекуваме нашите сојузници и нашите пријатели да му помогнат на регионот, а не да му одмагаат. Единствен начин да му помогнеме на овој регион е да му дадеме шанса да има подобра и европска иднина“, рече Шекеринска.

Премиерот Зоран Заев најави дека на почетокот на ноември ќе ја посети Бугарија и ќе се сретне со неговиот бугарски колега Бојко Борисов, при што ќе направи обид на политичко ниво да ги изглади разликите, кои се појавува по бугарскиот меморандум. Најави дека една од темите на разговор ќе биде и Гоце Делчев.

Заев изрази очекување дека дискусијата за преговарачката рамка во Брисел ќе има успешна завршница на Советот на општи прашања, односно на ГАК на 10 ноември по што, како што истакна, ќе биде реално да очекуваме одржување на првата Меѓувладина конференција во декември.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ