• Latest
Фото: Укринформ

Официјално, руската армија до сега уби 2.361 цивили од кои 148 се деца, киднапирани 4 украински новинари, нема опасност по безбедноста на РСМ

March 21, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Официјално, руската армија до сега уби 2.361 цивили од кои 148 се деца, киднапирани 4 украински новинари, нема опасност по безбедноста на РСМ

March 21, 2022 16:03
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: Укринформ

Фото: Укринформ

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈНА ВО УКРАИНА 

Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН (ОХХР) забележа 2.361 цивилна жртва во Украина од почетокот на вооружениот напад на Руската Федерација против Украина на 24 февруари, пренесува Укринфо.

Од утрото на 21 март 2022 година, потврдениот број на деца убиени како резултат на  руската инвазија изнесува 115. Бројот на повредени деца порасна на 148. Најголем број жртви се регистрирани во регионот Киев. – 58, регионот Харков – 38, регионот Донецк – 29, регионот Чернихив – 31, регионот на Миколаев – 22, градот Киев – 16, регионот Житомир – 15, регионот Суми – 14 и регионот Керсон – 15, пренесува Укринформ.

Децата кои бегаат од Украина за време на руската инвазија се во опасност да станат жртви на трговија со луѓе, изјави денеска еврокомесарот за миграција, Илва Јохансон.

Јохансон на прес-конференција во Естонија изјави дека околу половина од 3,3 милиони Украинци кои побегнале во земјите на ЕУ од почетокот на војната се деца, а се очекува и повеќе.

Руски агресори  киднапираа четворица новинари во Мелитопол, соопшти Националниот синдикат на новинари на Украина на Телеграм, пренесува  Укринформ. Според соопштението, на 21 март, вооружени лица дошле во домот на новинарите на МВ холдинг – издавачот Михаило Кумок, уредничката Јевхенија Боријан и новинарите Јулија Олховска и Лиубов Чајка – и ги одвеле во непознат правец.

Руските и украинските мировни преговарачи денеска одржаа 90-минутен видео-повик, а работните групи ќе продолжат со разговори во текот на денот, изјави членот на украинската делегација Давид Арахамија.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ 

Петровска: Нема реална опасност за стабилноста и безбедноста на нашата земја

„Реални закани нема. Нашите надлежни институции преземаат мерки за следење и известување во однос на евентуални ризици, но според сите досегашни информации од релевантите служби, засега нема реална опасност за стабилноста и безбедноста“, вели министерката за одбрана, Славјанка Петровска во изјава за Дојче Веле одговарајќи на прашањето дали постои ризик она што се случува во Украина да се прелее и во регионот на Западен Балкан.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИЗБОРИ Државната изборна комисија на денешната седница ја запре постапката за избор на градоначалник на Општина Маврово Ростуше, откако минатата недела кандидатот на СДСМ, Медат Куртовски ја повлече кандидатурата, бидејќи нема противкандидат.

ДЗС Во 2021 година активното население во земјава изнесувало 943 004 лица, од кои вработени се 795 087, а 147 917 лица се невработени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

ПОМОШ 6.500 домаќинства со ниски приходи ќе продолжат да добиваат дополнително намалени сметки за електрична енергија, како и 35 семејства, кои се исто така од ранливи категории, изјави премиерот Ковачевски.

ДИСТРИКТ

Јордановска: Цивил не е само невладина, Цивил е демократски фронт на граѓанските битки за право, правда и еднаквост

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио, интервју на Зоран Иванов со Биљана Јордановска – новинарка, уредник, граѓанска активистка, една е од брендовите на веќе култната „Цивил“ и една од столбовите на порталот „Цивил медиа“. Таа зборува за темелните вредности на Цивил и Цивил медиа, за минатите, актулените и идните Цивил битки за едно општество за сите, за држава еднаква за сите, за граѓанското и институционалното, за космополитското и ксенофобното, за етничкото и мултикултурното, за медиумските вистини и медиумските лаги, како и за по нешто за себе.

Малата Амелиа што ја пееше „Let it Go“ во засолниште во Киев, ја испеа националната химна на Украина на хуманитарен концерт во Полска

Remember the girl who sang Frozen in a Ukrainian bomb shelter?

She just sang on stage at a charity concert in Poland pic.twitter.com/wKOr5e6S69

— James Longman (@JamesAALongman) March 21, 2022

СЛОБОДНА ЗОНА

Војо Маневски

„После триесет години и многу вистини за војната во некогашна Југославија, јазот меѓу народите што таа го направи не се пополнува. Како да не беше доволно тоа искуство, пак некои лица жедни за власт и моќ, тропаат на војните барабани. Од Украина стигнуваат слики и снимки од страшилото што епски го нарекуваме војна. Деца страдаат, колони ги напуштаат домовите се рушат градови. Сигурен сум дека моиве текстови нема  да допрат до оние што се господари на војната, на животот и смртта.“, пишува Војо Маневски во колумната „Војната нема милост“.

 

Сашо Орданоски

„Воените експерти се согласуваат дека ова сурово руско „срамнување со земја“ на градови и села во Украина не било во првичниот план. Па, и не би смеело да биде. Особено што и нема да го даде посакуваниот окупаторски резултат, освен да му го спаси „образот“ на Путин. Тој сега не е во состојба ни да преговара со Зеленски, иако глуми дека сака и „купува време“ додека не постигне нешто повеќе од ова до каде е застанат во војната.“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Русија е веќе кинеска „сфера на интерес“.

 

Д. Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ