• Latest
фото: скриншот Јутјуб

ДИК ја запре постапката за избор на градоначалник во Маврово Ростуше

March 21, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ДИК ја запре постапката за избор на градоначалник во Маврово Ростуше

March 21, 2022 13:48
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
фото: скриншот Јутјуб

фото: скриншот Јутјуб

Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија на денешната седница ја запре постапката за избор на градоначалник на Општина Маврово Ростуше, откако минатата недела кандидатот на СДСМ, Медат Куртовски ја повлече кандидатурата, бидејќи нема противкандидат, пренесува МИА.

Овој заклучок, Државната изборна комисија го носи поради тоа што досега по истекот на сите законски рокови, до Општинската изборна комисија Маврово Ростуше нема потврдени листи за избор на градоначалник за Општина Маврово Ростуше, по решението за распишување избори од 4 февруари оваа година.

„Поради тоа ние мораме да констатираме со заклучок дека ДИК од своја страна ја запира постапката за спроведување на сите изборни дејствија во Маврово Ростуше, согласно донесениот роковник“, нагласи Борис Кондарко, член на Комисијата.

ДИК побара писмено да биде известен претседателот на Собранието, надлежен за распишување на избори.

Минатата недела, кандидатот на СДСМ Куртовски информираше дека нема потреба од дополнителни трошоци во време на криза за избори што можат повторно да бидат неуспешни.

„Имајќи го предвид фактот дека од другата страна нема против кандидат, како и фактот дека голем број наши сограѓани се дел од дијаспората, особено во овој период од годината, постои реален ризик локалните избори повторно да не успеат. Да нема дополнителни трошоци во време на криза, односно пари од буџетот на Општината да не се трошат на избори кои може повторно да бидат неуспешни“, вели Куртовски.

Согласно дневниот ред, на денешната седница беше изгласан предлог-заклучокот за внатрешна организација и координација на работата на ДИК во стручна служба од 13 март 2022 година. Комисијата едногласно ја донесе и одлуката за измена и дополнување на годишниот план за јавни набавки за 2022 година на Комисијата и Кодексот за набљудување на изборите во Центар Жупа.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ