пишува: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
СЕКРЕТАРИЈАТОТ ЗА ОХРИДСКИ ДОГОВОР СЕ ФОРМИРАШЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПАРТИСКИ ВОЈНИЦИ
Од почеток било сосема јасно дека за спроведување на Охридскиот Договор, откако стана составен дел на Уставот, немало потреба да се формира посебен секретаријат.
Задача на неговото спроведување требало да биде на сите министерства и другите државни органи.
Сега, откако 17 години трае и не му се гледа крајот на неговото „спроведување“, стана јасна целта зошто е формиран.
Произлезе дека главната цел била, албанските партии на власт, да обезбедат верни членови и гласачи кои ќе гласаат за нив, (зло)употребувајќи ги парите на буџетот на државата и општините.
КОЈ СЕ УДИРА В ГРАДИ, А КОЈ ТРЕБА ДА ОДИ В ЗАТВОР?
Повеќето од оние што се удираат во гради дека се за ветинг, повикуваат да се истражат сите членови на нивната партија, или дека се против селективна правда, како да забораваат дека, да не сме имале и да немаме сѐ уште селективна правда, одамна би биле в затвор.
СО ПУКАЊЕ НА СВАДБИ ВО ЕВРОПА?
После сѐ што во Македонија се случува(ло), доколку е можно и натаму на јавно место (свадба), да се пука, да се ранат луѓе и да не се одговара, датум за почеток на преговори и не треба да се добие.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.