• Latest

ОЈО Делчево: Можен изборен поткуп со наводно поставување на водомери

April 24, 2024

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
Санкционираниот Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка. Скриншот од видео на CNN

Украина воведе нови санкции врз 8 високи функционери на Кремљ и 5 руски пропагандни издавачки куќи

November 10, 2025

Совет на Амбасадори: Членството во Европската Унија е стратешки, политички и безбедносен приоритет на земјата,

November 10, 2025
Скриншот од видео на VNA Media

Три сомнителни дронови забележани над белгиската нуклеарна централа Доел во близина на Антверпен

November 10, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

ОЈО Делчево: Можен изборен поткуп со наводно поставување на водомери

April 24, 2024 16:59
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден на кој се гласа во првиот круг од изборите за Претседател на Република Северна Македонија до овој момент поминува мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес“, изјави јавниот обвинител Џељаљ Бајрами во изјава за медиумите.

„Од настаните кои се пријавени, во текот на вчерашниот ден во ОЈО Делчево заведен е предмет по побарани наредби од МВР за вршење увид во службена документација во ЈКП Делчево и Македонска Каменица поради сомненија за кривично дело – Поткуп при избори и гласање од член 162 од Кривичниот законик. Сомневањата биле поврзани со наводно поставување водомери на граѓани од јавните комунални претпријатија без пари, а за поткуп при избори.

ОЈО Радовиш денеска е известено за настан во селото Бучим кога гласач пред да го пушти гласачкото ливче во кутијата го покажал на набљудувач од политичка партија. Дадени се насоки за проверување дали постојат елементи на кривично дело од член 160 од Кривичниот законик – Повреда на слободата на определување на избирачите.

Сепак станува збор за исклучително мал број вакви настани, па може да се даде една генерална оценка дека целиот изборен процес до овој момент поминува без поголеми нарушувања кои би содржеле елементи на кривично дело. Ваквиот тек на изборниот процес се одразува и на нашата електронска пошта izbori@jorm.mk каде од утрово не се регистрирани пријави за кривични дела поврзани со изборите.

Во привремената Комисија на Јавното обвинителство за селедење евентуални изборни нерегуларности членуваат и претставници од четирите виши јавни обвинителства во државава, како и од Основното јавно обвинителство Скопје, како основно обвинителство со најголем обем на работа. Денеска во текот на денот се организирани вонредни дежурства во сите основни јавни обвинителства, а тесно се координираме и со останатите институции надлежни за следење на изборниот процес.

Комисијата ги следи евентуалните изборни нерегуларности кои би претставувале кривични дела од Глава 16 на Кривичниот законик, односно кривични дела против изборите и гласањето, но и останатите кривични дела кои би можеле да го нарушат текот на изборниот процес. Во оваа насока својата работа ја започнавме уште на самиот старт на изборните активности, а ќе продолжиме и меѓу двата изборни круга и на денот на второто гласање, кога ќе се гласа и на претседателски и на парламентарни избори. Сите евентуални сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани, а предметите ќе имаат приоритет на постапување во јавните обвинителства“, истакна Бајрами.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ