• Latest

ОЈО нема да ги гони социјалните работници за силуваното девојче од ,,25 Мај”

January 23, 2019
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ОЈО нема да ги гони социјалните работници за силуваното девојче од ,,25 Мај”

January 23, 2019 15:38
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Обвинителството ги отфрли кривичните пријави против 11 вработени во ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи – Скопје, за случајот со 12 годишното силувано девојче од домот ,,25 Мај“, за кој ЦИВИЛ објави сведоштво на нејзиниот татко. Случајот го обелодени Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР) кој информораше дека девојчето морало да абортира, бидејќи забременило по сексуалното малтретирање на кое било изложено како штитеничка на државната институција за згрижување деца „25 Мај“ во Скопје.

По речиси една година Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава против единаесет службени лица вработени во ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи – Скопје, за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик и за кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик.

Пријавата беше поднесена против три лица во својство на одговорни лица – вршители на должноста директор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи – Скопје, како и против осум лица дел од стручниот тим на Центарот, кои биле одговорни за дете без родителска грижа, но притоа грубо ја запоставиле должноста за грижа и воспитување на детето што довело до тешки последици по нејзиното здравје.

„Постапувајќи по кривичната пријава, надлежниот јавен обвинител ја прибави целокупната документација од Министерството за труд и социјална политика и од ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи – Скопје. Притоа, беше утврдено дека од страна на Министерството за труд и социјална политика на 20.02.2018 година бил извршен вонреден инспекциски надзор во установата и биле констатирани одредени пропусти и неправилности во работата на стручните работници кои постапувале во предметот. Имено, Комисијата констатирала дека тие сториле прекршок од член 254 став 1 алинеја 8 од Законот за социјална заштита поради неводење или неуредно водење на евиденцијата заради што против 17 стручни работници биле поднесени иницијативи за покренување дисциплинска постапка. Истовремено, Комисијата утврдила дека секое напуштање на установата од страна на детето било пријавувано во Министерството за внатрешни работи, а при секое враќање стручните лица советодавно работеле со детето со цел да се надминат проблемите со самоволните напуштања на установата“, се вели во соопштението.

По проучување на наводите во поднесената кривична пријава, надлежниот јавен обвинител оцени дека пријавените дела не се кривични дела кои се гонат по службена должност, односно дека во дејствијата на пријавените не се содржани законските обележја на кривичните дела Несовесно работење во службата и Запуштање и малтретирање на дете. Пријавените со своето постапување не презеле какви било противправни дејствија со кои би се исполнило законското битие на наведените кривични дела. Пријавените постапиле спротивно на членот 113 став 1 од Законот за социјална заштита во поглед на водењето евиденција на корисниците на правата од социјална заштита, но тоа не претставува кривично дело, туку станува збор за противправно дело – прекршок за кој е пропишана глоба согласно член 264 став 1 алинеја 8 од Законот за социјална заштита.

„Во врска со истиот предмет, Основното јавно обвинителство Скопје постапуваше и по кривична пријава против три службени лица поднесена од родителите на детето. Пријавата се однесуваше на кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 и Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик. Надлежен јавен обвинител донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава, бидејќи пријавените дела не се кривични дела за кои се гони по службена должност. Истовремено, во текот на постапката се утврди дека една од пријавените никогаш не била поставена за старател на детето.

За потсетување,  во врска со случајот со штитеничката од ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје во февруари минатата година беше оформен предмет и во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во јули беше поднесен Обвинителен акт против три лица  за сторено кривично дело – Трговија со дете предвидено и казниво по член 418 – г од Кривичниот законик. Предметот има и судска завршница – едно лице е осудено на казна затвор во траење од 13 години, а на другите две лица е изречена казна затвор во траење од по 12 години. Незадоволен од висината на изречените казни, надлежниот обвинител вложи жалба до Апелациониот суд – Скопје“, додаваат од ОЈО.

Д. Муратов

Share45TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ