• Latest

ОЈО поднесе обвинителен акт против две лица за злоупотреба на службена положба и овластување при спроведување на ИПА проекти

May 12, 2021
NATO Secretary General Mark Rutte and  NATO Heads of State and Government/ nato.inf

Пет клучни заклучоци од Самитот на НАТО во Хаг

June 25, 2025
Фотоизвор: Социјални мрежи

(ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

June 25, 2025

24 ЧАСА: Доживотни казни за убијците на Вања и Панче; Зеленски алармира – Путин не сака да ја запре војната; Членките на НАТО се обврзаа да инвестираат по 5% од БДП за одбраната

June 25, 2025
Фото: мета.мк / Ванчо Џамбаски

РЕАКЦИИ: Жесток говор на омраза, анатеми, закани и хомофобични коментари од граѓаните за Скопје Прајд

June 25, 2025
Фото: НАТО

Хашка декларација: Членките на НАТО се обврзаа да инвестираат пет отсто од БДП за одбраната до 2035 година

June 25, 2025
Зеленски на Форумот на НАТО за одбранбена индустрија во Хаг. Фото: Кабинет на претседателот на Украина

Зеленски: Путин не сака да ја запре оваа војна

June 25, 2025
Фото: Скриншот од видео на Kanal 13

„Нешто непознато“ го погоди клучниот руски објект за беспилотни летала во Таганрог во бранот напади на украински дронови во повеќе региони на Русија

June 25, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Одбраната на Велиај обвинува за неправедно приведување од СПАК; Фарса од пребројување гласови во Албанија; Косово без претседател на парламентот; Албанците во револуцијата Трамп

June 25, 2025
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ (фото извор: Инстаграм профил @buducnostsrbijeav

Вучиќ фатен со рацете во медот

June 25, 2025
Никица Корубин

Компромитирани гаранции – кога треба(ло) да се направат уставните измени?

June 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ОЈО поднесе обвинителен акт против две лица за злоупотреба на службена положба и овластување при спроведување на ИПА проекти

May 12, 2021 09:30
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

По спроведена истрага од меѓународни рамки во која биле вклучени и меѓународните организации ОЛАФ и ЕУРОПРАВДА, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, поднесе Обвинителен акт против две лица, за злоупотреба на службена положба и овластување при спроведување на ИПА проекти.

Врз основа на прибраните докази во текот на истражната постапка на првообвинетиот Ј. Ј. (48) му се става на товар дека во соизвршителство со второ обвинетата Ј. Г. (53) сторил кривично дело – „Злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 ст.5 в.в.ст 3 и 1 вв член 22, кривично дело – „Перење пари и други приноси од казниво дело“ предвидено и казниво по чл. 273 став 1, како и кривично дело – „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“  по член 396 став 1 од Кривичниот законик, додека второ обвинетата сторила кривично дело – „Злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 ст.5 в.в.ст 3 и 1 вв член 22 и кривично дело – „Перење пари и други приноси од казниво дело“ предвидено и казниво по чл. 273 став 1 од Кривичниот законик.

– Во периодот од октомври 2012 година до април 2017 година, првообвинетиот како службено лице – именуван функционер и Претседател на Управувачки комитет на проект, заедно и по претходен договор со второ обвинетата – раководен државен службеник и член на Управувачкиот комитет, со намера да прибават противправна имотна корист за себе и за едно правно лице од Р. Италија, постапиле спротивно на нивните службени обврски и ги  искористиле своите службени положби и овластувања, се вели во соопштението од ОЈО.

Обвинетите, се додава во соопштението, спротивно на принципот за доверливост и на принципот за еднаков третман на апликантите дефинирани во PRAG/ПРАГ – „Практичното упатство“ кое е задолжително за постапување на сите корисници на средства од ИПА фондови, иако биле свесни дека е недозволиво, споделувале доверливи тендерски информации за условите за работење и „ТОР“ (Terms of references) за два ИПА проекти што се спроведувале во две министерства.

– Правното лице од Италија ги искористило неовластено споделените информации и изготвило понуда адаптирана на потребите и ги исполнило сите технички и финансиски услови. Воедно, обвинетата Ј.Г. во претходен договор со обвинетиот Ј.Ј. за едниот проект помогнала при изготвувањето на финансиската понуда на правното лице – апликант и ја прилагодила согласно на условите кои биле објавени во тендерот.  Со ваквите дејствија обвинетите му овозможиле на правното лице да има незаконита правна предност во однос на другите апликанти на тендерите и истото да биде избрано за изведувач на проектите, информираат од ОЈО.

Како награда за поддршката, се вели во соопштението од ОЈО, обвинетите од страна на италијанското правно лице освен со туристички патувања биле наградени и со парични средства.

– Првообвинетиот со дејствијата што ги извршил за себе прибавил противправна имотна корист во вкупен износ од 2.609.445,00 денари  или 42.430 евра, додека второ обвинетата за услугите што ги извршила за време на спроведување на проектите противзаконито се стекнала со 3.508.698,00 денари, односно 57.052 евра кој износ правното лице го исплатило од паричните средства наменети за спроведување на проектот на нејзина сметка отворена во Р. Грција, информираат од ОЈО.

Од ОЈО, посочуваат дека со преземените дејствија обвинетите ја довеле во прашање законитоста на спроведените проекти.

– Европската Комисија согласно член 29.1 од Рамковната спогодба склучена меѓу Р.С.Македонија и Европската комисија за правилата за соработка во однос на финансиската помош на Европската Комисија за Република Македонија, во рамките на спроведувањето на помошта според инструментот за претпристапна помош (ИПА), преку Генералниот директорат за проширување и соседска политика, побарува поврат на средствата доделени за спроведување на проектите во висина од 982.307,65 евра за првиот проект, односно 771.620,20 евра за вториот проект. Износот во вкупна вредност од 1.753.927,85 евра треба да се врати на Европската Комисија, а на штета на Буџетот на Р.С.Македонија, информираат од ОЈО.

При претресот на домот, се вели во соопштението од ОЈО, на првообвинетиот во текот на 2019 година беше пронајдено оружје – пиштол марка „Luger“ што не e евидентиран во евиденциите за оружје и што обвинетиот неовластено го поседувал.​

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Американски бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ