• Latest

Околу 15 300 средношколци одново ги пријавуваат испитите за државната матура, екстерните ќе ги полагаат на 5 и 11 јуни

February 25, 2021

За 24 часа Русија изврши речиси 600 напади врз Запорижја

October 4, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Трамп му нареди на Израел „веднаш“ да престане со бомбардирањето на Газа, откако Хамас се согласи да ги ослободи заложниците

October 4, 2025

Шести ден изборна кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, Теарце Брвеница и Ѓорче Петров, СДСМ во Велес, Свети Николе и Чашка, „Независни заедно“ прес конференција во Скопје

October 4, 2025

Европа треба „сериозно да се справи“ со заканата што ја претставува Русија, порача украинскиот министер

October 4, 2025
Фото илустрација, генерирано со Ви

Аеродромот во Минхен е принуден да ги прекине летовите втор ден по ред поради забележани дронови

October 4, 2025
Фото: Скриншот

Хамас се согласува да ги ослободи израелските заложници, но бара измени во мировниот план на САД за Газа

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на X

Шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев стана вирална – реакција од Белата куќа

October 3, 2025
Фото илустрација, генерирано со Ви

Во Норвешка уапсени тројца Германци по инцидентот со дрон

October 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

ОН: Безбедните зони на југот од Појасот Газа се фарса и места на смртта

October 3, 2025
Фото: Влада

Мицкоски – Мацут: Унапредување на билатералните односи и економската соработка, гасно и коридорско поврзување

October 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Околу 15 300 средношколци одново ги пријавуваат испитите за државната матура, екстерните ќе ги полагаат на 5 и 11 јуни

February 25, 2021 14:09
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Средношколците во завршна година кои до крајот на декември пријавија дека ќе полагаат државна матура, од  22 февруари до 5 март одново се пријавуваат во училиштата за да ги променат предметите што ќе ги полагаат, откако минатата недела беше постигнат компромис за измени на концепцијата за оваа генерација матуранти.

Согласно договорот помеѓу Владата и Средношколскиот сојуз, наместо три, ќе се полагаат два екстерни испита зашто третиот екстерен преминува во интерен, покрај другиот интерен што веќе постоеше во концептот, а останува и изработката на проектната задача.

Директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) Елизабета Наумовска за МИА изјави дека министерката за образование и  наука вчера ја потпишала изменетата  Концепција за државна матура која до понеделник ќе ја имаат и училиштата. Согласно со измените, ДИЦ ќе прати насоки за следните активности до сите институции надлежни за спроведување на матурата. Се очекува и објава на новиот календар за испитите. Со поместените рокови, првиот екстерен ќе се полага на 5 јуни, а вториот на 11 јуни 2021.

Новото пријавување/регистрирање важи само за 15 295 ученици кои до законскиот рок (31 декември 2020) се пријавија за државна матура, односно изменетата концепција не им овозможува премислување на оние ученици кои до крајот на минатата година пријавиле училишна матура или стручен испит.

Базата на податоци во ДИЦ ќе биде отворена од 1 до 8 март и во неа ќе бидат податоците на сите кандидати кои во законскиот рок се пријавиле, а секретарите на училишните матурски комисии потребно е само да ги променат предметите на кандидатите (доколку има промена). Потоа следува процес на верификација.

Првиот екстерен испит е задолжителен за сите матуранти – мајчин јазик  (македонски, албански јазик или турски) и литература. Вториот екстерен испит е изборен – матурантите во гимназиите и во средните стручни училишта може да избираат помеѓу математика и странски јазик (англиски, германски, француски или руски), а во уметничките училишта е овозможен избор  помеѓу странски јазик и естетика – за училишта за музичкко образование и помеѓу странски јазик и филозофија – за училишта за ликовно образование.

Двата интерни испита матурантите ќе ги избираат од Листата на наставни предмети која ДИЦ ја објави на својата веб-страница во Упатството за пополнување на пријавата. Листата содржи 14 предмети за гимназиското образование, седум за стручното и четири за уметничкото образоване.

Испитните програми по сите предмети што се опфатени со државната матура (екстерни и интерни) ќе бидат скратени што, покрај намалувањето на бројот на екстерни испити, беше второто барање на Средношколскиот сојуз, поради отежнатите услови во кои се одвива наставата од почетокот на епидемијата.

– Работни групи од Бирото за развој на образованието и од наставници кои ги препорача Средношколски сојуз веќе работат на кратење на ипитните програми. Во петокот ние, како Државен испитен центар, одржавме онлајн-состанок со сите директори на средни училишта и со секретарите на училишните матурски комисии. Им најавивме и кои се следните активности што треба да ги преземат, а од понеделникот се пуштени нови пријави за учениците, според договореното, рече Наумовска.

Повторното пријавување им овозможува на околу 15 300 матуранти да ги заменат предметите кои претходно ги пријавиле и да ги изберат оние што се соодветни за студиите што ги планираат и кои носат и повеќе поени при уписот на универзитет.

Наумовска  ги повика матурантите да ги разгледаат конкурсите на факултетите од минатите години (тековните излегуваат во јуни) за да видат кои се тие карактеристични предмети и согласно со тоа да ги изберат предметите на матурата. Потсети дека од оваа година листата на изборни е проширена и со предметите географија и информатика.

-Им даваме можност да се преиспитаат уште еднаш, можеби ќе сакаат да ги заменат. Карактеристичните предмети се соодветни за даден факултет и нив ги одредува самиот факултет. Ако се соодветни за некој факултет, и екстерните и интерните, ќе носат повеќе поени и ќе бидат повисоко рангирани. Со матурантите договоравме да им препорачаме на универзитетите, но не да биде налог, зашто тие си имаат  автономија, со повисок коефициент да се рангират екстерните испити – тоа значи соодветниот екстерен испит да носи максимум 12 поени, а ако е несоодветен за факултетот – да носи 9 поени. Од интерните испити – соодветниот да носи 6 поени, а несоодветниот 4 поени, а за проектната задача како и порано остануваат 4 поени. Во договор со учениците се направи поинаква распределба на поените – ексетрените испити се скоро двојно повеќе вреднувани од интерните испити, но, како и досега, од 100 можни поени, 40 повторно ќе носи матурата, а со 60 поени влегува успехот на учениците од средното образвание, појаснува Наумовска.

Иако се крати еден екстерен испит односно се трансформира во интерен, екстерните испити, нагласи таа, ќе бидат многу важни при селекција на факултет.

Согласно со договорот со матурантите, училиштата треба и најмалку три недели пред полагањето на интерните предмети, да истакнат базени на прашања, а најголем дел од училиштата тоа и досега го практикувале. Но базенот на прашања, вели директорката на ДИЦ, нема да ги содржи само оние што ќе се паднат на интерниот испит, туку тоа ќе бидат поголем број прашања и задачи. Од нив, училишните комисии за секој предмет ќе изберат за да ги подготват тестовите за интерните испити, а овие комисии исто така и ги оценуваат матурантите.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ