Високиот комесаријат за човекови права на ОН (ОХЦХР) забележа 3.766 цивилни жртви во Украина од почетокот на руската инвазија, вклучувајќи 1.563 убиени и 2.213 повредени, информираат од Комесаријатот.
Од вкупната бројка на убиени цивили, 379 се мажи, 237 жени, 24 девојчиња и 43 момчиња, како и 63 деца и 817 возрасни лица чиј пол сè уште не е познат.
Меѓу повредените има 254 мажи, 196 жени, 44 девојчиња и 40 момчиња, како и 104 деца и 1.575 возрасни чиј пол се уште не е познат.
Повеќето од регистрираните цивилни жртви биле предизвикани од употреба на експлозивно оружје со широка област на удар, вклучувајќи гранатирање од тешка артилерија и повеќекратни ракетни системи за лансирање, како и ракетни и воздушни напади.
ОХЦХР верува дека вистинските бројки се значително повисоки, бидејќи добивањето информации од некои локации каде што се водат интензивни непријателства е одложено и многу извештаи сè уште чекаат потврда. Ова се однесува, на пример, за Мариупол и Волноваха (Регион Донецк), Изиум (Регион Харков), Попасна (Регион Луганск) и Бородинка (Регион Киев), каде што има наводи за бројни цивилни жртви. Овие бројки дополнително се потврдуваат и не се вклучени во горната статистика.
ОХЦХР, исто така, го забележа извештајот на Генералното обвинителство на Украина, според кој, заклучно со 08:00 часот (по локално време), на 6 април 2022 година, биле убиени вкупно 167 деца, а најмалку 279 повредени.
Д.Мишев