Најмалку 136 цивили се убиени, од кои 13 деца, а 400 се ранети, од почетокот на руската инвазија врз Украина минатата недела, соопшти денеска агенцијата на Обединетите нации.
Во меќувреме, расне бројот на цивилни жртви од руските напади.
Најмалку 10 лица загинаа како резултат на рускиот напад на централниот плоштад во Харков.
„Најмалку 10 лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени. Спасувачите и доброволците извадија околу 10 лица од урнатините. Се работи на расчистување на урнатините. Целосно се уништени скалите и дел од ходниците на сите катови, соопшти Државната служба за итни случаи на Украина на Телеграм
Во нападот на руската војска врз локалните жители на селото Чорноморске, област Керсон, загинаа двајца, а уште тројца тешко беа повредени,
објави на Фејсбук шефот на регионалната државна управа на Керсон, Хенадиј Лахута, пренесува Укринформ.
„Окупаторите пукаат врз цивили. Двајца локални жители беа застрелани, а тројца беа тешко повредени во селото Чорноморске од територијалната заедница Бехтеривска“, истакна Лахута.
Д.М.