Опозицијата и денеска, на вториот ден од собраниската дебата за новиот владин состав опозицијата се служеше со грди зборови. Освен тоа, пратеникот Игор Јанушев создаде тензии и преку трескање на маса, а сето тоа го изреволтира и претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Џафери посочи дека нема можност за прекинување на микрофонот,но најави дека по три опомени може и да избрка пратеници кои нема да ги почитуват правилата на парламентарнта дискусија.
„Во кој парламент има тепање и лупање на маса? Е, па, ај да се степаме тука сите? Колегијално, не ми дофрлувај додека зборувам Игоре. Не се согласувам дека колегите треба да се апострофираат како топ шоп, паметњаковиќ… Не ми држете предавања, јас можам два пати да ве опоменам, и третиот пат да ве избркам”, му возврати Џафери на Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.
Денеска се очекува предлогот за составот на новата Влада да се стави на гласање пред пратениците.
А. Зеќири