Во Босна и Херцеговина денеска се одржуваат општи избори на кои граѓаните избираат членови на Претседателството на БиХ, претставници во државниот парламент, претставници во Парламентот на ФБиХ, Националното собрание на РС, како и претставници во десет собранија на кантони во БиХ.
По преброени 406.094 гласови, односно 46,96 отсто од гласовите – Беќировиќ има освоено 141.785 гласови (53,42), а Изетбегвиќ заостанува со 29 илјади (112.639), јавува порталот Дневни аваз.
На гласачките ливчиња има 7.258 кандидати. Право на глас имаат 3.368.666 граѓани на Босна и Херцеговина.
Речиси сите избирачки места во Босна и Херцеговина се затворени во 19 часот и почнува броењето на гласовите. Првите резултати, како и обично, ги објавуваат изборните штабови на политичките партии.
Претседателот на Централната изборна комисија на БиХ, Суад Арнаутовиќ изјави дека излезноста била 50 проценти без неколку избирачки места.
Како што рече Арнаутовиќ, попладне немало поголеми проблеми на избирачките места.
– Бројот на пријавени инциденти е 26 во Федерацијат БиХ, 21 во Република Српска, два во округот Брчко. Избирачките места беа затворени во 19 часот, освен оние кои имаа прекини. Имавме 30 пријави за прекршување на изборниот молк – рече Арнаутовиќ.
Изборите ги следат околу 60.000 набљудувачи, од кои околу 50.000 се делегирани од политичките партии. Регуларноста на изборите ја контролираат нешто помалку од четири илјади меѓународни набљудувачи.