• Latest

Општина Свети Николе без одговори околу изградбата на идната регионална депонија

December 4, 2021
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Спектакуларен успех на големиот магионичар Мицко – направи да ги снема македонскиот јазик и идентитет

July 4, 2025
Владата ја прекинa постапката за разрешување на државниот јавен обвинител, Љубомир Коцевски

Коцевски: Завршени вештачењата за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани и за Онкологија

July 4, 2025
Христијан Мицкоски, 2022 (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Мицкоски размислува да ја реши демографската криза со воведување даноци за немажени и неженети лица

July 4, 2025
Фото: скриншот Х

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 4, 2025

Прв Самит ЕУ-Молдавија: Членство во Унијата и финансиска поддршка пред парламентарните избори во Молдавија

July 4, 2025
фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Реален поткуп со државни пари – буџетот станува изборна алатка

July 4, 2025

Кјучук: Негирањето на геноцидот во Сребреница не смее да се толерира во ниту една демократија

July 4, 2025

Владата со препораки за заштита од топлотниот бран: Ослободување од работa бремени жени и лица постари од 60 години

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Општина Свети Николе без одговори околу изградбата на идната регионална депонија

December 4, 2021 12:02
in ЗЕЛЕНИ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Општинското раководство во Свети Николе се промени, а Мета.мк од новата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ не може веќе неколку недели да добие одговори на прашањата во врска со изградбата на првата регионална депонија по ЕУ стандарди во земјава, пишуваат од оваа медиумска агенција.

Мета.мк испрати прашања до Општина Свети Николе за тоа до каде е постапката за изборот на нов директор на Јавното меѓу-регионално претпријатие за управување со отпад „ЕКО ИСТОК-СЕВЕРОИСТОК“ и кога ќе профункционира ова претпријатие. Имено, изминатиов период токму Општина Куманово (општината која создава најмногу отпад во Источен и Североисточен регион) и Општина Свети Николе (општината каде што ќе се наоѓа регионалната депонија) не можеа да се договорат кој ќе биде директор на ова регионално претпријатие.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање веќе напоменаа дека сите 18 општини треба да одржат општински совети и да номинираат лица, како би можело да се дооформи ова меѓу-регионално претпријатие. Сепак, без целосното оформување на претпријатието, тендерот за изградба на регионалната депонија нема да може да се распише, бидејќи услов од Европската Унија е да биде воспоставено претпријатието.

„Услов од Брисел е да се воспостави претпријатието бидејќи всушност тоа е крајниот корисник“, информираше за „Мета.мк“ кон крајот на минатата година Живка Михајлова, Раководител на Стручната служба на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Источен плански регион и Раководител на Одделение за инспекциски работи во Општина Пробиштип.

Инаку, Советот на општина Свети Николе во февруари годинава се согласи за формирање на Јавното меѓу-регионално претпријатие за управување со отпад „ЕКО ИСТОК-СЕВЕРОИСТОК“. Советниците на тогашната опозициска, а сега владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ, јавно се спротивставија на изградбата на регионалната депонија во нивната општина.

Мета.мк во два наврати на 10 и 16 ноември постави прашања до Општина Свети Николе, а и телефонски од општината ни беа ветени одговори, но сепак не го дознавме ставот на новото општинско раководство во однос на изградбата на регионалната депонија во овчеполското село Мечкуевци.

Инаку, финансиските средства во висина од околу 40 милиони евра за изведба на регионалната депонија во Свети Николе веќе се обезбедени од страна на ЕУ. Планирано е тендерот за нејзината изградба да се распише на почетокот на 2022 година, и тоа со неколкумесечно одложување, поради фактот што општините од Североисточен и Источен регион не можат да го дооформат меѓу-регионалното претпријатие.

Покрај новата депонија по ЕУ стандарди која што би опслужувала околу 370.000 жители од двата региона и би имала вкупен капацитет да прими 900.000 метри кубни отпад, на локацијата во Мечкуевци би се изградиле одделни погони за третман на отпадот, што подразбира механички пред-третман со сечкање на отпадот, преработка на обоените метали и скрининг, компостирање на мократа фракција, рафинација и зреење. Посебна постројка ќе има за сортирање на хартија, пластика, стакло и метален отпад, во која би се вршело рециклирање на материјалот. На оваа локација би се наоѓала и мала постројка за компостирање на градинарски отпад.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање за Мета.мк веќе изјавија оти се надеваат дека нема да дојде до откажување на проектот за изградба на регионалната депонија, бидејќи се работи за проект од национален интерес.

Инаку, ЕУ и годинава во Извештајот за реформскиот напредок на земјава критикуваше дека Северна Македонија треба да направи значајни чекори во наредната година за воспоставување на регионалните системи за управување со отпад.

Критичкиот тон во Извештајот за реформскиот напредок на земјава во однос на управувањето со отпадот не претставуваат никакво изненадување. Северна Македонија цели 17 години се обидува да воспостави регионални системи за управување со отпад, кои ја вклучуваат и изградбата на нови регионални депонии по европски стандарди, но досега ниту еден проект не успеа. За разлика од нас, соседна Србија на пример, во идентичниов изминат период веќе изгради неколку регионални депонии.

извор: МЕТА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ