• Latest
Photo by David Veksler on Unsplash

Оптимистички податоци, Северна Македонија со најнизок просек на заразени и починати од КОВИД-19

March 28, 2020
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Оптимистички податоци, Северна Македонија со најнизок просек на заразени и починати од КОВИД-19

За нашата земја во светски рамки има оптимистички податоци и споредено со просекот на заразени, што дава надеж дека пандемијата во нашата земја е под контрола.

March 28, 2020 09:36
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, КОВИД-19
Photo by David Veksler on Unsplash

Photo by David Veksler on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: АРБЕН ЗЕЌИРИ

Анализите на досегашните податоци за заразените и умрените од корона вирусот во земјава внесуваат оптимизам. Трендот на пораст на бројот на заразени последните денови и споредбата на бројките од нашата земја со податоците во светот и земјите од регионот, покажуваат успешно справување на нашите институции и граѓани со заразата која го обиколи целиот свет.

Како дневниот процент на ново заразени така и бројот на починатите од КОВИД-19 и според официјалните компаративни анализи на светските центри за статистика влеваат доза оптимизам, затоа што станува несомнено дека Северна Македонија спаѓа во групата на земјите кои заразата ја држат под контрола.

Така, вчера во нашата земја бројот на заразени расте за 10% помалку отколку бројот на новорегистрирани пациенти во САД, каде бројот растеше за 18%, а во Шпанија официјалните бројки објавени во петок забележаа раст за 11%. Во Германија, за само 24 часа, бројот на ново заразени порасна за 15,7%, во Франција за 13%, а во нашиот регион трендот беше уште понеповолен. Од земјите во соседството и околината, Бугарија на 27 март објави најнеповолни бројки, со раст од 27% за 24 часа, Црна Гора со 18%, а во Србија, со податоците објавени истиот ден, бројот на заразени за еден ден се зголеми за 15,5%.

Блиску до нашиот тренд беше само Грција со 8.2% во текот на последното деноноќие.Нашата земја вчера (27.03.2020) беше во групата со најмал процент на ново заразени за 24 часа споредено со досегашната вкупна бројка. Со новите 18 случаи на позитивни резултати од тестирањето со корона вирусот, вчера Северна Македонија бележи раст од 8,9% од вкупниот број на заразени до тој ден. Овој процент беше далеку помал отколку оној во многу држави, како во светот, така и од регионот.

Држава Вкупно заразениНови заразениРаст во %
САД101,159+15,72418,4
Италија86,498+5,9097,3
Шпанија64,285+6,49911,2
Германија50,871+6,93315.7
Франција32,964+3,80913
Србија528+7115,5
Бугарија293+2927,2
Црна Гора82+1318,8
Грција966+748,3
Северна Македонија219+188,9

Но и покрај намалениот тренд минатиот ден, Грција сепак има позагрижувачки податоци од Северна Македонија. Интернет страницата (https://www.worldometers.info/coronavirus/) која е најпосетена страница и секојдневно објавува разни податоци поврзано со корона вирусот, објавува и статистики за население од еден милион. Овие податоци се употребуваат за отсликување на трендот на заразените и починатите споредено со вкупното население на земјата. Така, бројот на заразени во Северна Македонија, според оваа веб страница, изнесува 105 заразени на еден милион жители, а бројот на починати е еден од еден милион население. Грција, која минатите 24 часа беше најблиску до нашата земја со бројот на ново заразени, има помалку поволни статистики, во однос на бројот на починатите, со 28 починати, односно тројца починати на еден милион население. Само за споредба, вкупниот број во Италија е 151 мртви на еден милион население.

За нашата земја во светски рамки има оптимистички податоци и споредено со просекот на заразени, што дава надеж дека пандемијата во нашата земја е под контрола. Додека вкупниот број на заразени за Северна Македонија се пресметува на 105 на еден милион население, во Сан Марино, на пример, просекот ја достигнал бројката од 6,572 случаи на еден милион население, а во Италија на 1,431 случаи од еден милион жители.

Споредено со земјите од регионот, Албанија, иако има помал број на заразени од корона вирусот, сепак, според истата веб страница, бележи тројца починати на еден милион жители, или поконкретно, 8 починати од вкупно 186 заразени до вчера.

Од земјите во регионот, полоши статистики од нас има и Словенија. Таму, просекот на вкупниот број заразени достигна до 632, односно 304 заразени од еден милион население, со вкупно девет починати, односно четворица од еден милион. Ситуацијата во Црна Гора, на прв поглед, изгледа добро, со под половина од бројот на заразени во нашата земја и само едно починато лице до петокот. Но споредено со бројот на население, просекот е сепак понеповолен од нашиот. Вкупниот број на заразени на еден милион население таму се проценува на 131, а вкупниот број на починати на 2 од еден милион население. Инаку за Црна Гора карактеристично е што беше последната земја од нашето соседство која се зарази со корона вирусот, а веќе го надмина просекот на Северна Македонија и други држави од регионот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ