Работите не одат во правец на успешно завршување на изборите, одиме кон политичка криза која што ќе видиме како ќе ја разрешуваме, оцени аналитичарот Сашо Орданоски на конференцијата „Какви избори – таква иднина“.
„До денес, не постои истражување на јавното мислење во кое опозицијата победува на изборите. од „Република“ што важи за блиска на опозицијата, Пендаровски води со 2 отсто. Доколку продолжи оваа инерција, ќе се соочиме со ситуација кога опозицијата ќе треба да реши што во вториот круг, бидејќи уште во првиот ќе се соочи со цифри кои нема да им се допаднат“ – смета Орданоски.
Опозицијата, според Орданоски, ќе се соочи со дилема дали ќе гласа на вториот круг и ќе ги легитимира изборите, што би било многу доблесно, или ќе одлучи „да си ја спасува кожата и да игра во интерес на оној што седи во Будимпешта“.
„Ако ме прашувате мене, јас мислам дека ќе си ја спасува кожата. Дали ќе бидат тоа помали инциденти, или ќе биде тоа бојкот, со што ќе биде тешко да се постигне цензусот. Тоа значи дека Македонија веднаш влегува во криза, и ќе треба да видиме како ќе се однесува меѓународната заедница, за која јас не верувам дека ќе се вмеша во санирање на состојбата, и од која ќе треба да се излегува со преговори“ – смета Орданоски, кој оценува дека со тоа ќе биде направена голема штета и врз правната држава, а уште повеќе врз преговорите со ЕУ.
И. К. Илиевски
Камера: Трпе Стојановски
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.