• Latest
Панел дискусија на ЦИВИЛ со проф. Попоска и проф. Пивоваров (фото: А. Мехмети)

ОСЛОБОДИ ГО УМОТ: Попоска и Пивоваров за клучните елементи на борбата против дезинформациите, пропагандата и хибридните закани

November 9, 2023

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

ОСЛОБОДИ ГО УМОТ: Попоска и Пивоваров за клучните елементи на борбата против дезинформациите, пропагандата и хибридните закани

November 9, 2023 13:14
in ДЕЗИНФО, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ
Панел дискусија на ЦИВИЛ со проф. Попоска и проф. Пивоваров (фото: А. Мехмети)

Панел дискусија на ЦИВИЛ со проф. Попоска и проф. Пивоваров (фото: А. Мехмети)

Share on FacebookShare on Twitter

Универзитетските професори Весна Попоска и Владимир Пивоваров учествуваа на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Ослободи го умот: Клучни елементи на борбата против дезинформациите, пропагандата и хибридните закани во Северна Македонија“. Модератор на панелот беше Дехран Муратов, координатор во ЦИВИЛ и уредник во медиумската платформа на организацијата.

Професорите Попоска и Пивоваров говореа за клучните елементи на борбата против дезинформациите, пропагандата и хибридните закани во Северна Македонија. Меѓу другото, тие ги оценија и капацитетите на нашата држава за справување со дезинформациите и дадоа свои препораки каде треба да се подобри функционирањето на системот, односно институциите, во борбата против дезинформациите и странското малигно дејствување во земјата.

Исто така, пред соговорниците на ЦИВИЛ беше и прашањето кои домашни ентитети се креатори, односно носители на дезинформациите, пропагандата и хибридните закани против демократијата, безбедноста и стабилноста на нашата земја. Притоа, тие добија и простор да се осврнат и на општествените чинители кои можат и треба да се соочат со дезинформациите и малигното дејствување во општеството.

Проф. Весна Попоска, Универзитет „Визион“, Гостивар (фото: ЦИВИЛ)

„Хибридната војна и дезинформациите не се новост, меѓутоа добија на актуелизација на руско-украинската војна како попатна придружба на копнената руска офанзива. Од каде произлегува хибридната војна? Како теорија преземена во академска смисла некаде 2013та се формулира теоријата на Герасимов. Имено, Герасимов е началник на рускиот генералштаб, чинам, иако еден период беше ранет, можеби е повлечен, не ме фаќајте за збор, кој практично зборуваше за ефектите кои може да ги имаат оние други, таканаречени „меки“ средства кои практично се базираат на поткопување на либералните вредности како такви затоа што либералните вредности се со уште поголеми темели на нашите општества, од оние физичките кои се поставени. Но и тоа не е ново зашто Герасимов својата доктрина ја наследи од Примаков, поранешен министер за надворешни работи на бившиот СССР.

Исто така, и на другата страна, на западниот блок, условно кажано, или на НАТО блокот, се разви таканаречениот „DIME концепт“ (Diplomacy, Information, Military and Economic), тоа се четирите сегменти на национална моќ, така што паралелно одеше тој процес“, вели Попоска.

Таа истакна дека постојат малициозни центри на моќ кои доаѓаат од Москва и други земји сојузници во оваа (хибридна) војна, кои настапуваат на стратешко ниво, односно на долгорочен план.

Проф. Пивоваров открива дека во разузнавачките служби во нивната номенклатура секогаш имало отсек „Информации и дезинформации“ и дека денес, со развојот на технологијата, лажните вести се шират со голема брзина. Тој додаде дека нашите служби имаат посебен сектор кои имаат знаење, вештини и опрема за докажување на кривични дела од овој домен.

Проф. Владимир Пивоваров (фото: ЦИВИЛ)

„Лажните информации денеска се секојдневие. Значи, прво треба да се прашаме како да ја препознаеме лажната информација? Првото препознавање на лажната информација доаѓа од можноста кога го читате текстот кој е наменет за поширока популација. Значи целта на лажната вест е да го креира јавното мислење во зависност од која сфера доаѓа. Дали од економска сфера, дали од политичка, дали социјална, дали образовна. Значи, кога ќе дојде до својата популација, до таргет групата…

Значи во таква ситуација нивната цел е да го креираат тие јавното мнение онака како што ним им е наложено од оној, значи, овде верувајте дека тоа не се хакери туку најсовремени информатичари и со многу големо знаење, многу голема едукација кои на специјален начин ги креираат своите замисли кои им се дадени како домашна задача од нарачателот – рече проф. Пивоваров.

Тој ја спореди лажната вест со мала топка снег која се тркала низ планината од која се создава лавина и таа лавина ја постигнува целта бидејќи психички е прифатена од популацијата. Според него, тука може да се издвојат две категории, едни кои сакаат да ја проверат информацијата и други кои не сакаат да проверуваат бидејќи им одговара таа лажна вест.

Тој додава дека нашето законодавство одредува благи казни, и смета дека ќе има поголем ефект доколку има поголема казна врз идните извршители и врз оние кои го сториле кривичното дело. Тој го посочи примерот со серијата закани со бомби со кои се соочуваше земјата во текот на 2022 година.

„Лажните дојави за бомби во училиштата се случуваа во период кога имавме посети од високи европски функционери. Откако заврши целиот процес, тие лажни дојави ги снема“, потсети проф. Пивоваров.

Тој додава дека никаде во светот не се случија терористички напади кои беа однапред најавени.

„Ерата на информатичката технологија овозможува во еден момент да се креираат илјадници лажни адреси. Тоа ти е како пушкомитралез кој во една секунда исфрла илјада куршуми – од една страна сее смрт, а од друга сее незадоволство, разочараност кај луѓето, конкретно насочени кон институциите дека се неспособни“, објаснува проф. Пивоваров.

Креаторите на лажни вести и дезинформации посеаја зло семе во почвата односно во психата на нашите граѓани, вели тој.

Проф. Пивоваров додава дека има нарачател(и), извршител(и) и таргет група за кого е насочена одредена дезинформација. Тие имаат цел да влијаат на јавното мнение и да внесат страв.

Панел дискусија „Ослободи го умот“ (од лево на десно) Муратов, ЦИВИЛ, проф. Попоска, проф. Пивоваров (фото ЦИВИЛ)

Проф. Попоска вели дека најдобро справување со дезинформациите е транспарентност на институциите, и личната транспарентност на првиот човек на институцијата.

„Сметам дека транспарентноста и институционална и лична е најдобриот одговор. Министерството за одбрана е едно од посветлите точки кои можеме да ги земеме за пример особено затоа што сме НАТО земја членка во последните триипол години. И сметам дека кога зборуваме за транспарентност не зборуваме само за достапност до вестите. Зборуваме за тоа како веб страната е организирана, дека е достапна за граѓаните, дека стратешките документи се објавени, дека се ажурирани, дека фотографиите се соодветни. Првите луѓе на институциите, исто така, имаат лична одговорност и за одговор на определени обвинувања. Доколку се случи некоја лажна вест тогаш очекуваме брза реакција или од портпарол или од првиот човек на институција и т.н. А многу е важно начинот на кој овие вести се пренесуваат. Не можете како новинар да објавите вест во која немате „време“, „место“, во која немате конкретни некои формулации, конкретни тези“, вели Попоска.

Таа додава дека, и покрај „атрактивноста“ на ширењето лажни вести како ефикасна политичка алатка, сепак, личната, политичката и институционалната одговорност е многу голема.

„Политичките партии не смеат да собираат политички поени преку ширење национализам, сензационализам или лажни вести како алатка на политичката кампања, зошто тоа остава долгорочни штетни последици. Дел од политичките партии се поврзани со интернет портали кои немаат ниту импресум“, вели Попоска.

Таа потенцира дека следната година ние влегуваме во два изборни циклуси, претседателски и парламентарни избори и дека никој не е имун и не може од хибридни закани сосема да се заштити.

„Изборите како такви се едни од најкритичните сегменти и постоеше извесна дискусија и во САД и во дел од западните земји да токму изборните системи бидат дезигнирани како клучна инфраструктура заради ранливоста, заради докажано мешање во изборите. Тоа се случи во Франција, во изборите за Европскиот парламент, изборите во САД па дури и кај нас. Ако се сеќавате, на последните избори имаше напад на веб страната на ДИК и на агрегатот за вести што значи дека никој не е имун и не можете од такви потези сосема да се заштитите дури и ако ја дадете најдраконската можна казна. Но она што сакам да го пренесам како апел и покрај атрактивноста на ширење на лажни вести како политичка алатка е, пред се, одговорноста лична, политичка и институционална е многу важна и дека таа се однесува и на политичките партии без оглед дали се тие партии на власт или во опозиција“, рече Попоска.

На прашањето кои домашни ентитети се креатори, односно носители на дезинформациите, пропагандата и хибридните закани против демократијата, безбедноста и стабилноста на нашата земја, соговорниците не посочија конкретни ентитети, туку се ограничија на констатацијата дека дезинформациите се креираат во политичките кругови.

Панел дискусијата е дел од проектот „Ослободи го умот“ – посветен на борбата против дезинформациите, пропагандата и хибридните закани.

ЦМТ


Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ