• Latest

Османи до Мицкоски: Можеш да вреѓаш, да се закануваш, да фрлаш клетви и анатеми, да колнеш, но, ние Албанците не сме гости во оваа земја туку домаќини

June 12, 2025
Фотомонтажа: ХИМАРС фото Д. Мишев.Гутков фото: Killed in Ukraine/X

Русија потврди: Заменик-командантот на руската морнарица убиен во украински напад во Курск

July 3, 2025
Фото: ВИ

24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на FoxNews објавено од Антон Герашченко на Х

Марк Руте: Лавров е министер за надворешни работи на Русија од времето на Исус, ништо корисно не излезе од неговата уста оттогаш

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Al Jazeera English

Хамас задоволен од гаранцијата на САД за разговори за прекин на војната во Газа, примирјето на повидок

July 3, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Посмртните останки на седум жртви од геноцидот ќе бидат погребани во Меморијалниот центар за Сребреница во Поточари

July 3, 2025

Се отстранува „македонски идентитет и јазик“ во извештајот на ЕП за Северна Македонија, за Мицкоски тоа е „талибански начин“, за СДСМ премиерот е крив

July 3, 2025
Илустрација ВИ

Локални избори 2025: СДСМ без Костадинов, ВМРО-ДПМНЕ сигурни во победата, ЗНАМ сигурни во поддршката од ВМРО

July 3, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

July 3, 2025
фото: Цивил

Поради ниските плати луѓето земаат боледувања за да работат и друга работа

July 3, 2025

Косовското собрание не успеа да се конституира по 41-ви пат, граѓанското општество протестира, некои донесоа магариња

July 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи до Мицкоски: Можеш да вреѓаш, да се закануваш, да фрлаш клетви и анатеми, да колнеш, но, ние Албанците не сме гости во оваа земја туку домаќини

June 12, 2025 09:41
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиере, вие ја преминувате основната линијата на политичка пристојност кога за тоа нема никаква потреба. Влечете за уши, делите жолти картони, навредувате, понижувате…, и сега последно – клетите? Користиш алузии на христовата жртва (закова шајки во раце и нозе) за над етничката да ја разгориш и религиската нетолеранција. Занесен и јавнат над популистичкиот тигар, не ни знаеш каква штета околу себе нанесуваш, штета над заедничкото ткиво, за кое нели, требаше да направиме обид за да создадеме и над-национален консензус, да ја зајакнеме нашата позиција и внатре и надвор, реагира поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски: „Османи директно стави нож во белите дробови на македонскиот идентитет, и тоа никогаш нема да го заборавам, прифаќајќи го францускиот предлог директно закова шајки во рацете и нозете на македонскиот идентитет“.

Османи додава дека како никогаш досега, имаме Премиер кој наместо да работи на зајакнување на внатрешната цврстина на земјата, упорно ги поткопува сите основи на кои се темели нашата внатрешна стабилност. Премиер кој наместо да го негува внатрешниот соживот, и да се грижи за меѓуетничката кохезија, свесно и доста упорно инвестира во промоција на омразата и меѓусебната нетолеранција.

„Прифаќам дека сме политички противници и дека концепциите за начинот на кој сметаме дека треба да се развива државата ни се различни. Ќе прифатам и дека не можеме да се усогласиме за „гаранциите“ за продолжување на европскиот пат, за кои еве само искрено ќе кажам не му оди добро никаде.

Колнеш и клетиш во некаква замислена одбрана на македонскиот јазик, кој пред тебе е заштитен и потврден од 27 земји членки на Унијата директно во Преговарачката рамка; притоа дома, со со сета сила (и со непристојна партиска поддршка од Уставниот суд), правиш сѐ да го понижиш албанскиот јазик и албанскиот граѓанин“, вели Османи.

Можеш да вреѓаш, да се закануваш, да фрлаш клетви и анатеми, да колнеш, додава тој, но Христијан, имаш еден клучен пропуст во твоето поимање на реалноста.

„Ние Албанците не сме гости во оваа земја туку домаќини. Ова е наш дом, овде сакаме да ја предвидиме нашата иднина и иднината на нашите деца и не сакаме да си одиме од овде“, истакна Османи.

Партијата ВМРО-ДПМНЕ во одбрана на нивниот лидер реагираат на реакцијата на Османи, велат дека министерот кој го прифати францускиот предлог без да трепне, кој го претвори Министерството за надворешни работи во огранок на бугарското МНР и кој ги жртвуваше македонскиот идентитет, јазик и историја за фотосесија со европски бирократи, сега се јавува со патетични морални лекции.

-Ќе беше смешно, ако не беше трагично. Османи зборува за „внатрешна кохезија“ откако со години активно работеше на нејзино разнебитување. Тој кој не кажа ни збор кога Бугарија бараше да не постоиме како народ. Тој кој ја потпиша капитулацијата наречена преговарачка рамка, со наведната глава и без консултација со народот. Тој што направи параван од „европски вредности“ за да протне асимилација под европско знаме, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Д.М.

Print Friendly, PDF & Email
Share42Tweet26Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ