• Latest

Османи: Европската перспектива на Западен Балкан – гарант за долгорочна стабилност и просперитет

April 23, 2021
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи: Европската перспектива на Западен Балкан – гарант за долгорочна стабилност и просперитет

April 23, 2021 14:11
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на официјалната посета на Република Косово, министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари одвоени средби со претседателката, Вјоса Османи-Садриу и претседателот на Парламентот, Глаук Коњуфца.

На средбите, како што соопшти МНР, се разговараше за иднината на регионот со фокус на регионалната соработка, при што Османи ја реафирмираше пораката дека евро-атлантската перспектива и интеграцијата на целиот регион останува недвосмислена определба на двете држави.

-Наша заедничка амбиција е целосна интеграција на сите земји од регионот на Западен Балкан во Европската Унија. Во оваа насока, како земја-членка на НАТО и земја-кандидат за членство во ЕУ, подготвени сме да ги ставиме нашите стекнати знаења и искуства на располагање на нашите пријатели во Косово. Европската интеграција значи пред сè институционален и економски напредок, но уште повеќе, во својата суштина таа носи пријателство, солидарност и сигурност – вредности кои значат траен и долгорочен мир, стабилност и соодветно на тоа севкупен напредок како најзначајна потреба на нашите граѓани, нагласи Османи.

Шефот на дипломатијата додаде дека без оглед на предизвиците со кои се соочува, а согласно својот демократски и реформски исчекор, Северна Македонија за време на португалското претседавање со Советот на ЕУ, очекува одржување на првата Меѓувладина конференција со ЕУ, што, како што рече, ќе означи и почеток на формалниот процес на преговори.

-Северна Македонија очекува што поскоро формирање на Владата на соседна Бугарија, по што би се продолжило со заокружување на акцискиот план за соработка, а со тоа и зајакнување на билатералните односи и довербата меѓу Северна Македонија и Бугарија, порача Османи.

Меѓу другото, за време на средбите начелно се разговараше и за парламентарната соработка и учеството на припадници на Армијата на Северна Македонија во рамките на мисијата на КФОР во Косово.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ