• Latest

Османи: Го испорачуваме она што го ветивме пред девет месеци

April 12, 2018

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи: Го испорачуваме она што го ветивме пред девет месеци

April 12, 2018 13:25
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи на денешната средба во Брисел со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателката на ЕК Федерика Могерини, го презентирал напредокот што земјата го направила во имплементацијата на Планот 3-6-9, како и на останатите политички пречки на евроинтегративниот пат.

– Доаѓам со добри вести од Република Македонија. Онака како што ветивме пред девет месеци, навреме испорачавме реформи во соодветниот период за Извештајот на Комисијата позитивно да го оцени нашиот напредок, истакна Османи на средбата, соопшти Секретаријатот за европски прашања.

Османи притоа посочил на соодветната реализација на Планот 3-6-9, чија имплементација завршува заедно со излегувањето на Извештајот на Европската Комисија на 17 април.

– Делот три од Планот 3-6-9 го крунисавме со одржување фер, слободни и кредибилни избори уште во ноември минатата година, што беше потврдено во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР, чии заклучоци беа повторени и од страна на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, истакна Османи.

Во изминатиов период, според него, Владата изготвила бројни стратегии и суштински реформски закони, кои во транспарентна и инклузивна постапка, со вклучување на мислењата од опозицијата, граѓанскиот сектори и јавноста, во најголем дел се донесени во Собранието на Република Македонија.

– И во овој момент, во овие последни денови, додека го одржуваме овој состанок, во Собранието на Република Македонија се носат и последните реформски закони за кои е потребна поддршка од две третини од пратениците и за кои во последен момент се обезбеди консензус за нивно изгласување со опозицијата, рекол Османи.

Во делот на отстранувањето на политичките пречки вицепремиерот, како што се наведува, посочил и на донесувањето на Законот за јазиците, како фундаментален, но и последен сегмент од легислативниот дел од Рамковниот договор, изразувајќи притоа надеж дека имплементацијата на законот на дело ќе ја демонстрира неговата обединувачка сила во насока на изградба на цврсто, стабилно и просперитетно мултикултурно општество во Република Македонија.

– Остваривме историски напредок и во односите со соседите. Го потпишавме, а потоа и ратификувавме во Парламентот, историскиот Договор за добрососедство со Бугарија, а остваривме и исклучително значаен напредок во комуникацијата со Грција, посочил Османи.

Во периодот што претстои, очекува решение и за долгогодишниот спор со Грција, со што ќе се отстранат сите пречки на евроинтегративниот пат на Република Македонија.

Средбата на вицепремиерот Османи со високата претставничка на ЕК Могерини се одржува во пресрет на излегувањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија на 17 април.

Во рамките на посетата на Брисел, Османи ќе има средби и со други високи претставници на телата на ЕУ, меѓу кои и со Геновева Руиз Калавера, директорка на одделот за Западен Балкан во рамките на Директоратот за проширување – ДГНЕАР, со холандскиот евро-пратеник Ханс Ван Баален кој ја предводи групата „Пријатели на Македонија” во Европскиот парламент, како и со Пјотр Серафин, шеф на кабинетот на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, соопшти СЕП.


Извор: МИА

Tags: Бујар ОсманиЕУПлан 3-6-9Федерика Могерини
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ