• Latest

Османи: Има невообичаено зголемена активност на земјите на ЕУ за почеток на преговорите, но остануваат разликите со Бугарија

June 12, 2021
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Има невообичаено зголемена активност на земјите на ЕУ за почеток на преговорите, но остануваат разликите со Бугарија

June 12, 2021 13:56
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека не може да каже точно каков ќе биде исходот од претстојниот самит на ЕУ и дали Република Северна Македонија ќе ги почне преговорите со Унијата, оти остануваат разликите со Бугарија. Тој потенцира дека сите разговори се по однос на португалскиот предлог.

„Очигледно и вие забележувате една невообичаена зголемена активност од сите земји членки и едно јасно искажување на ставот. И не само од претседателот Макрон, меѓутоа и од други официјални лица на земјите членки на ЕУ дека прашањето на кредибилитетот на европската идеја во регионот се сведува на Република Северна Македонија. Ако на ова перфектно досие не се одговори позитивно, навистина се создава сомнеж во регионот колку е веродостоен овој проект. Мислам дека тоа го чувствуваат земјите членки, јавно ја вреднуваат нашата работа, нашите постигнувања со квалификации коишто се невообичаени од типот дека нашата приказна станува модел за прогрес на земјите од регионот кон ЕУ, меѓутоа остануваат разликите со Република Бугарија. Јас не сум во состојба во моментот да кажам каков ќе биде исходот на 22 јуни“, вели Османи.

Тој потенцира дека Владата и на билатерална основа комуницира со Република Бугарија и оти дипломатите на двете држави се обидуваат да ја организираат втората меѓувладина комисија, да го договорат акцискиот план и патоказот ако евентуално има договор.

„Тоа е едниот пат којшто го работиме на билатерална основа. А вториот е, се разбира, единствениот предлог на маса – португалскиот предлог којшто ние сметаме дека е добра основа за решение. Предлог којшто ги адресира сензитивностите на сите три страни во процесот и се надеваме дека нашиот ангажман на овие две патеки, билатералната и преку предлогот на португалското претседателство, на крај ќе се сведе на едно решение коешто ќе значи деблокирање на европскиот процес“, нагласи Османи.

Тој потенцира дека не може да ги крене очекувањата на граѓаните, бидејќи не е јасно дали во Бугарија има политички мандат по однос на прашањето и дали ќе има договор по однос на португалскиот предлог. – Комуникацијата продолжува. Вчера, денес нашите дипломати се на средби и комуницираат по однос на дефинирање на протоколот. Понеделник ќе се видиме со премиерот и со претседателот Радев во рамки на самитот на НАТО. Јас имам средба со мојот колега во Турција в четврток во рамки на самитот, информира Османи, потенцирајќи оти времето до самиот е кратко и секоја минута е битна за да се испорача решение и да се деблокира процесот.

„Меѓутоа, сите разговараме по однос на португалскиот предлог. Предлогот на Португалија предвидува мониторинг од страна на ЕУ на имплементацијата на Договорот за пријателство од 2017 преку патоказ којшто има јасни рокови и институции одговорни за имплементација, а којшто ќе биде мониториран во рамки на Советот за асоцијација и стабилизација, којшто се одржува еднаш годишно, а го водат високиот претставник, во случајот Борел од страна на ЕУ и министерот за надворешни работи, но се присутни сите земји членки и секој заклучок од Советот мора да биде одобрен со консензус од сите земји членки“, објасни Османи.

Тој потенцира дека Владата не бега од обврските за исполнување на Договорот за добрососедство и без ЕУ мониторинг, но доколку тоа значи повеќе доверба на Република Бугарија дека имплементацијата ќе биде неповратна и одржлива, тогаш Советот за асоцијација и стабилизација е добро решение, притоа зачувувајќи ги принципите на ЕУ и на нашата земја, дека тоа не треба да биде од преговарачкиот процес и Копенхашките критериуми, не само заради нас туку заради тоа што се воспоставува преседан којшто потоа, утре ќе ги блокира сите земји во регионот.

Османи смета дека прашањето на одложување на европската перспектива на регионот има сериозни геополитички консеквенции.

„Во геополитиката нема вакуум. Секоја празнина некој ќе ја исполни. Ако не ја исполните вие, ќе ја исполни некој друг и затоа мислам дека тој аларм е подигнат сериозно кај сојузниците, кај нашите пријатели коишто се обидуваат да разговараат и со нас и со Бугарија“, вели Османи.

Во однос на работата на Историската комисија, Османи вели дека е тоа важна компонента на Договорот за добрососедство и оти досегашните резултати не се за занемарување, но,дека не треба да очекуваме тоа да се заврши за една година.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    183 shares
    Share 73 Tweet 46
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ