• Latest

Османи: ОБСЕ е во егзистенцијална криза, одлуката за иднината веројатно ќе се донесе во Скопје

November 6, 2023

Руски дрон погоди патнички воз во Одеската област: Убиени машиновозачот и неговиот помошник, 340 патници евакуирани

August 13, 2026
By Jacob Jordaens - si.wsj.net, Public Domain

Отец Бережној од Православната црква на Украина ѝ порача на МПЦ: „Бидете добриот Самарјанин за нас“ – што значи тоа?

August 13, 2026

Информации за наводно присуство на ешерихија коли во скопската вода предизвикаа паника, МВР повикува лица на информативни разговори

August 13, 2026
Потпишување на Охридскиот рамковен договор, 13 август 2001 година

Од 2001 до денес: Што остана од духот на Охридскиот рамковен договор

August 13, 2026

(ВИДЕО) Ова е руското наследство

August 13, 2026
Отец Сергиј Бережној, манастирски комплекс „Св. Михаил“ во Кијив, 23 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Сергиј Бережној: Политичкото православие нема ништо заедничко со Христос – Русија ја претвори религијата во оружје против Украина

August 12, 2026
Џелал Хоџиќ (фото: ЦИВИЛ)

Џелал Хоџиќ: Маратон кон ЕУ, спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 12, 2026
Севернокорејски ракетен систем KN-23 (фото извор: севернокорејски медиуми)

Севернокорејски ракети во рускиот арсенал на теророт: Воениот сојуз Кремљ-Пјонгјанг е закана за Европа и светот

August 12, 2026

Нема загадување, нема пријавена штета, нема докази за перење пари, но случајот „Мазут“ сѐ уште е жив

August 12, 2026
Игор Дурловски (фото извор: соопштение на ДУИ)

„Влада на исклучување“ наспроти „приватизација на Охридскиот договор“: Пресметка меѓу ДУИ и ВЛЕН за владиниот спот

August 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Османи: ОБСЕ е во егзистенцијална криза, одлуката за иднината веројатно ќе се донесе во Скопје

November 6, 2023 14:39
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дваесет  дена пред Годишниот министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) во Скопје, се уште нема консензус меѓу нејзините учеснички за егзистенцијални прашања на Организацијата. Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, очекува тие одлуки за иднината на ОБСЕ да бидат донесени  токму на конференцијата во Скопје од 29 ноември до 1 декември.

На брифинг во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде што се уредува просторот за конференцијата на која ќе учествуваат делегации од 76 земји, Османи истакна дека педесет години ОБСЕ е успешна платформа што обезбедува мир и има постигнато исклучителни успеси во одржување на мирот, но дека агресијата врз Украина предизвикала егзистенцијална криза на ОБСЕ зашто, рече, довербата на земјите учеснички e на историски ниско ниво.

-Одлуките што во ОБСЕ се носат само со консензус, не можат да се донесат, не само  во делот на политиките, туку и во однос а основните функции на Организацијата. Првпат се соочуваме да нема претседавач за 2024 година, иако за 2025 веќе е утврден претседавачот – Финска. Исто така, на 4 декември истекува мандатот на четворицата извршни лидери на ОБСЕ, како и прашањето на буџетот кој не е одобрен од 2021 година. ОБСЕ не е само платформа на дијалог, туку има и 13 теренски операции кои се во конфликтни подрачја… Дваесет  дена пред конференцијата се уште немаме консензус по основ на овие егзистенцијални прашања на ОБСЕ. Најверојатно одлуката за иднината на ОБСЕ ќе се донесе во Скопје, токму во оваа сала каде што министрите ќе бидат седнати овде. Ова ја надминува и самата Организација зашто не постои никаква комуникација и дијалог меѓу, сега, завојувани страни. Ова ќе биде можност да се седне на маса и Скопје да биде центар на светот, каде министрите на најголемите држави во светот имаат можност во текот на тие три дена, покрај учеството на самата конференција, и билатерално да се сретнат и да комуницираат за прашања што го засегаат регионот на ОБСЕ, рече шефот на дипломатијата.

До 29 ноември, додаде Османи, „ќе направиме се што  е во наша моќ за да успееме да ги обезбедиме барем основните функции на Организацијата“.

Во однос на плановите за претседавањето со ОБСЕ во 2024, за што има поделеност меѓу земјите во Организацијата, Османи рече дека работат на неколку сценарија – првото е да биде Естонија како единствен кандидат. Бидејќи таа не е поддржана од една земја, тој разговарал со речиси сите министри за надворешни работи барајќи алтернативно решение.

-И уште работам на тоа. Се надевам дека ќе успееме во наредните денови да најдеме земја која може да добие консензус од сите 57 земји. Ако се исцрпи и таа варијанта, да не можеме да обезбедиме, тогаш Северна Македонија, и покрај сите потешкотии, нема да дозволи Организацијата да остане без претседавач. Меѓутоа, до последната минута до завршување на нашето претседавање, јас ќе работам да најдеме. Веќе сум на добар пат, но прерано е да кажувам имиња, треба дополнителни консултации со земји учеснички дали е опцијата прифатлива, рече Османи.

На прашање дали и „светлата за ОБСЕ може да се изгаснат токму во Скопје“, тој одговори дека теоретски постои таква можност иако не верува дека земјите тоа ќе го дозволат затоа што ОБСЕ е најголема регионална безбедносна организација со 1,3 милијарди луѓе кои живеат во тој регион. Иако поради војната во Украина, како што рече, ОБСЕ можеби не е во состојба да го покаже целосниот свој капацитет.

Во однос на учествотои на Русија, рече дека од МНР на Русија добил писмено известување со интерес за присуство, но дека „предизвик“ е тоа што воздушниот простор на државава е затворен за државни авиони од Русија, како и кај нашите соседни земји.

-Тука ќе треба да се направат логистички напори да се обезбеди. По правило, сите земји учеснички треба да учествуваат на Министерскиот совет на ОБСЕ, но дали конкретни личности, сепак ќе зависи од одредени одлуки што ќе треба да се донесат во текот на наредните денови. Се надевам дека ќе успееме сите да бидеме во Скопје, рече Османи.

Додаде дека Руската Федерација ќе има свои претставници на министерскиот совет и дека очекува  „Руската Федерација да покаже знаци на компромис и соработка со цел да го олесни процесот на обезбедување целосно присуство на нивната делегација“.

Покрај суштинското значење за иднината на ОБСЕ, конференцијата во Скопје ќе биде и најголем настан по димензии односно логистика. Организирањето на настанот е утврдено по протокол на ОБСЕ за што е подготвен и водич врз чија основа МНР година и пол го подготвува овој голем настан.

Ќе учествуваат делегации на 76 држави, од кои 57 земји членки на ОБСЕ и останатите се земји партнери на ОБСЕ од медитеранската група и од азиската група. Најголем дел од делегациите ќе бидат претставувани од министри за надворешни работи кои ќе имаат делегации со по 10 до 40 члена.

-Што значи дека очекуваме над 1000 луѓе кои во Скопје ќе дојдат некаде од 27-28 ноември се до 3-4 декември, кога ќе заврши целиот настан. Традиционално учествуваат над 100 светски новинарски агенции. Ги очекуваме МНР на најголемите држави  во светот, од САД, Велика Британија, од сите земји членки на НАТО, ЕУ, од централна Азија, јужен Кавказ, Западен Балкан, па се до Русија.. Убедливо, ова ќе биде најголем настан во историјата на државата и најголем настан по Генералното собрание на ОН што се одржува во септември, истакна Османи.

Собирот ќе почне со неформална вечера на 29 ноември, а на 30 ноември е формалниот дел со обраќање на министрите. Ќе биде обезбеден и чартер-лет од Брисел за Скопје, зашто настанот се одржува еден ден по министерскиот состанок на НАТО, а некои делегации ќе дојдат со специјални авиони. За секоја делегација ќе биде обезбеден одреден тип возило според спецификација од водичот на ОБСЕ.

Обезбедено е и сместување на над илјади членови во делегациите во хотелите низ државава. Само во логистичко-протоколарниот дел ќе учествуваат над двесте луѓе, а 200 војници со помината обука ќе бидат возачи за спроведување на делегациите, ангажирани се и сите безбедносни служби.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ