• Latest

Османи: Прерано е да се даде оценка за успешноста на процесот на попишување на дијаспората

March 15, 2021
Фото: Скриншот од видео на Алсат М

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ПОПИС

Османи: Прерано е да се даде оценка за успешноста на процесот на попишување на дијаспората

March 15, 2021 13:13
in ВЕСТИ, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

Постојат повеќе причини за степенот на заинтересираност на нашата дијаспора, меѓутоа се уште сме на почеток од процесот и имаме уште 35 дена можност граѓаните кои живеат надвор да се самопопишуваат, но и 30 дена да бидат попишани од попишувачите на терен, изјави денеска на прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на новинарски прашања за слабиот одзив на дијаспората за Пописот.

Прерано е, рече Османи, да се даде оценка за успешноста на процесот на попишување на дијаспората и нагласи дека проценки се прават врз основа на споредбите на одзивот во Европа и останатите континенти, како Австралија и Северна Америка, каде постои разлика.

– Веројатно и дистанцата и степенот на информирање го прави своето. Не можам да прејудицирам дали има одредени други причини што може да бидат во основа на таквиот помал одзив. Сега во овој период, мислам дека повеќе треба да бидеме проактивни како да стигне информацијата до нив, отколку во ретроактивни анализи, за кои е прерано да се прават, изјави Османи.

Во однос на тоа дали има бојкот на пописот од лицата во дијаспората, Османи рече дека нема информации ниту од дипломатско-конзуларните претставништва, ниту од негови лични контакти со дијаспората дека некој активно бојкотира или дава отпор за попишување.

– Меѓутоа, не можам тоа да го исклучам, бидејќи не можеме сите наши граѓани кои живеат во Австралија, Канада или САД да ги контактираме за да го знаеме нивното мислење. Сметам дека во оваа фаза е најважно да стигне информацијата до секој од нив. Очигледно не сите граѓани во светот ја знаат информацијата и ја знаат важноста на пописот, за нив пред се. За првпат ќе имаме точни бројки за дистрибуцијата на нашите граѓани во светот, нивната структура и врз основа на тоа ќе можеме да ги димензионираме нашите услуги и нашите ДКП-а, за да може граѓаните да ги добијат услугите таму каде што живеат, но и да направиме политики да го поттикнеме нивното враќање назад, изјави Османи.

За можноста луѓето од дијаспората да бидат попишани од резидентното население тука, Османи рече дека согласно формулацијата во законот било кој, кој најдобро го знае податоците за наш граѓанин кој што живее во странство, притоа го има матичниот број може да ги даде тие податоци.

Во прашалникот кој што треба да го одговорат граѓаните од дијаспората, појасни Османи, стојат и податоците за имотот кој го имаат и последната адреса од која заминале.

– Ова е важно прашање и важна информација што треба да ја знаат граѓаните од дијаспората. Дека тие информации треба да бидат дел од пописот, затоа што и нерезидентното население влегува во подготвување на вкупните и локални и национални политики во државата, рече Османи.

Во однос на забелешките дека апликацијата ги враќа назад граѓаните кога ќе стигнат до матичниот број, Османи рече дека откако граѓаните ќе го внесат својот матичен број, следното прашање е името на државата, каде тие го пишуваат името на државата каде престојуваат, што не се вклопува со матичниот број кој е е од Република Северна Македонија.

– Во полето за држава се внесува Република Северна Македонија. Само тогаш системот ќе го препознае како матичен број од Република Северна Македонија. Досега, најголем проблем имавме во тоа недоразбирање, изјави Османи.

За растот на бројот на заразени од КОВИД-19 и дали тоа може да влијае на резултатите од пописот, Османи рече дека тој како МНР е надлежен да зборува за дијаспората, а за пописот овде е одговорен Државниот завод за статистика.

– Очигледно и процесот овде ќе ја опфати и дијаспората и ќе биде важно дали ќе имаме регуларен процес на попишување и овде во Република Северна Македонија. ДЗС се води според препораките од државната Комисија за

спречување на заразни болести и мислам дека ги има преземено сите мерки и протоколи за заштита на здравјето и на попишувачите и на граѓаните, кои што ќе бидат попишани, изјави Османи.

Имавме избори, нагласи Османи, во ситуацијата на зголемена бројка на заразени и веќе имаме одредено стекнато искуство како институциите треба да се организираат и постапуваат, што сега ќе се искористи.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ