• Latest

Османи: Само претседателот Радев има политички мандат да го повлече ветото

June 22, 2021

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
Санкционираниот Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка. Скриншот од видео на CNN

Украина воведе нови санкции врз 8 високи функционери на Кремљ и 5 руски пропагандни издавачки куќи

November 10, 2025

Совет на Амбасадори: Членството во Европската Унија е стратешки, политички и безбедносен приоритет на земјата,

November 10, 2025
Скриншот од видео на VNA Media

Три сомнителни дронови забележани над белгиската нуклеарна централа Доел во близина на Антверпен

November 10, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи: Само претседателот Радев има политички мандат да го повлече ветото

June 22, 2021 14:34
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Можноста да се добие почеток на преговори за членство на 24 и 25 јуни на Самитот на лидери на ЕУ е теоретска, имајќи предвид дека во моментот во Бугарија има комплексни политички услови и контекст, и единствено претседателот на државата има целосен политички мандат и можност да се повлече ветото, односно да се донесе одлука на самиот Самит на лидери, изјави денеска на прес-конференција шефот на дипломатијата Бујар Османи.

– Тоа не е прашање дали сум јас оптимист или не, туку е прашање на констатација на Европската комисија, на сите 26 земји членки. Еве денеска пред вас и министерката за надворешни работи на Шведска рече дека Северна Македонија треба да ги почне преговорите. Оттука, ова е прашање на ЕУ што понатаму со процесот, но имајќи предвид дека тоа е во стратешки интерес и на Бугарија дека сепак ќе се рефлектира и ќе се даде тоа зелено светло на 24 и на 25 јуни, посочи Османи.

Османи истакна и дека се гласни ставовите на останатите 26 членки, дека е неоправдано оти Бугарија не е подготвена да даде зелено светло за преговарачката рамка и за одржување на меѓу владина конференција во јуни, и сметаат дека Северна Македонија одамна ги има исполнето условите и дека навистина е крајно време да ЕУ ја даде пораката кон регионот, но посебно кон земјава чие досие е тест за кредибилитетот на овој процес.

Осврнувајќи се на посетата на Бугарија, Османи рече дека е воспоставен отворен дијалог меѓу двете страни по однос на сите разлики и оти го споделиле ставот дека португалскиот предлог е најдоброто решение што ги адресира и барањата на Бугарија и очекувањата на Северна Македонија, но исто така и очекувањата на земјите членки на ЕУ.

Шефот на дипломатијата рече дека размениле идеи како да се дојде до крајно решение, како да се надминат одредени разлики што постојат во однос на содржината на патоказот, како и разлики по однос на позицијата на патоказот во самиот процес на преговори.

– Прашувате зошто не зборуваме јавно за тие идеи. Затоа што тие се се уште предмет на идеи што се разменети од двете страни и се додека нема сигнали од која било страна дека која било од разменетите идеи може да биде основа за надминување на разликите, сепак остануваат само предлози, само идеи, што мислам дека не треба да бидат предмет на јавна дебата, туку се уште на ниво на дипломатска комуникација, бидејќи таквите процеси бараат таков пристап. Но, бидете сигурни дека доколку има најмала индикација дека која било идеја може да прерасне во основ за надминување на разликите, прво ќе биде информирана јавноста пред ние да заземеме каков било став, дециден е Османи.

Според него, важна е атмосферата, довербата и комуникацијата, тоа што беше изгубено во првото тримесечје или пак во претходната година пред изборите во Бугарија.

Османи посочи и оти е важно да се донесе одлука во јуни, во спротивно, повторно ќе треба да се седне на маса и да се разменуваат предлози и идеи.

– Се плашам дека во контекстот пред кој се наоѓаме, а тоа се внатрешните изборни динамики во двете земји, динамиките во неколку земји членки важни на ЕУ што исто така влегуваат во изборен процес, дека и покрај можеби хипотетички нашата добра волја на двете страни ќе нема добра подлога во ЕУ за да се направи исчекор, истакна Османи.

Шефот на дипломатијата, во однос на прашањето за јазикот, рече дека тоа прашање го третира португалскиот предлог.

– Таму има предлог и за разликите што постојат по однос на јазикот во текстот на преговарачката рамка и ние сметаме дека тој предлог е добра основа за решение, повлече министерот. 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ