Предизборната кампања завршува на 12 јули во 24 часот кога и официјално почнува предизборниот молк, а дотогаш политичките партии и коалициите учесници во предвремените парламентарни избори интензивно на средби со граѓаните се обидуваат да им ги појаснат своите изборни програми и со ветувања за нивно исполнување да ја добијат довербата на 15-ти јули.
Дваесетдневната кампања за изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија закажани за 15 јули започнува започна на 24 јуни. Ова се најспецифичните избори што ќе се одржат во земјата имајќи ја предвид ситуацијата со Ковид-19 и мерките што учесниците, гласачите и изборната администрација треба да ги почитуваат за да си го заштитат здравјето.
На парламентарните избори учествуваат 15 коалиции и политички партии, од кои најголем дел веќе ги почнаа своите активности со промоција на програмите и теренски посети и средби со граѓани.
На 13 јули ќе гласаат болните од Ковид-19, и лицата во карантин и во самоизолација, но само оние што седум дена претходно ќе се пријават за тоа. Сите останати кои до денот на гласање ќе бидат потврдени како позитивни или ќе одат во самоизолација нема да можат да гласаат на 15 јули. На 14 јули ќе гласаат болните и изнемоштените, како и затворениците и лицата кои се во притвор. Гласањето на 15 јули почнува во 7 часот наутро и ќе биде два часа продолжено и завршува во 21:00 часот.
На изборите ќе можат да гласаат само полнолетни граѓани со важечки лични документи.
Оваа година, партиите најавуваат кампања согласно мерките за заштита од Ковид -19, без големи собири и митинзи, со фокус на интернет презентација на програмите и преку електронските медиуми. Средби со граѓани ќе има и тоа на отворен простор со најмногу 50 лица, а во затворени простории со 30 лица и со почитување на дистанца и носење маски.
За гласање на парламентарните избори, во ДИК се пријавиле вкупно 697 болни од Ковид-19 и лица во самоизолација.
За гласање се пријавиле и 9020 немоќни лица и хронично болни. Лицата кои се во домашен карантин заради позитивен тест на КОВИД-19 и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација со решение од
Државен санитарен и здравствен инспекторат.
Лицата чии резултати ќе бидат позитивни после 8 јули или ќе бидат ставени во самоизолација по овој датум, нема да може да се пријават за гласање. Немоќните и хронично болните ќе гласаат на 14 јули.
Сè уште трае пријавувањето за гласање на лицата во домашен притвор. Рокот за тоа завршува на 11 јули.
На изборниот ден, на 15 јули, избирачките места ќе бидат отворени во 7 часот, а гласањето ќе трае до 21 часот, два часа подолго од вообичаеното на претходните избори кога гласачките места се затвораа во 19 часот.