• Latest

Оставки до градоначалничката поднесоа и директорите на „Улици и патишта“, ЈСП Турс и „Лајка“

September 16, 2022

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Оставки до градоначалничката поднесоа и директорите на „Улици и патишта“, ЈСП Турс и „Лајка“

September 16, 2022 12:24
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Директорите на ЈП „Улици и патишта“, Борис Настов, на ЈСП Турс, Филип Василевски и на Јавното претпријатие за благосостојба на животни скитници Лајка – Скопје, Воислав Димитровски, денеска поднесоа оставки од функциите, поради, како што велат, немањето координација со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Настов во објава на својот фејсбук-профил истакнува дека иако преку спроведните проекти и воспоставените добри практики во работењето на претпријатието многу работи се подобриле, реализацијата на проектите не се одвивала според неговите и очекувањата на граѓаните.

– Затоа, ве известувам дека давам неотповиклива оставка на местото в.д. директор на ЈП Улици и патишта. Оваа моја одлука ја донесов како резултат на неадекватната комуникација со Градоначалничката на Градот Скопје, како основач на Претпријатието, како и немањето на разбирање при реализаиција на клучните проекти од интерес на Градот, а за кои јавното претпријатие имаше можност и потенцијал. Неможноста и покрај сите мои искрени намери и напори да воспоставиме меѓусебно разбирање, соработка и почитување како неопходни фактори за успешна имплеметација на зацртаните проекти и активности на претпријатието, придонесоа кон донесување на оваа моја одлука, вели Настов.

Директорот на ЈСП Турс посочува дека немале поддршка од Градот, но дека сепак успеале за период од шест месеци неколкукратно да ги зголемат приходите во делот на превоз и туризам, како и да обезбедат линеарно зголемување на платите за сите вработени.

– Но тоа не е доволно кога ЈСП Турс ја нема поддршката од Градот и нормалната комуникација со градоначалничката Данела Арсовска и со Генералниот директор Александар Стојковски. Морам да кажам дека разочарувачки е тоа што визијата која не обединуваше, проектите во кои веруваме и за која се обврзувавме пред скопјани не се исполнува и нема согласност од градот кој се повеќе е заглавен во кавги и пресметки и лични интереси затоа си давам оставка од директор на ЈСП Турс, од каде си заминувам со крената глава, задоволен од резултатите и со принципите во кои продолжувам да верувам, вели Василевски.

Директорот на „Лајка“ потенцира дека кога пред 1о месеци бил назначен за ВД директор, претпријатието го затекнал во хаотична состојба без воспоставена структура, со недостаток на соодветен и нецелосно остручен кадар за работа на јавно претпријатие, и со над 70% заробен капацитет на прифатилиштето. Јавното претпријатие беше со затекнат долг од над 10 000 000 денари кој беше направен за година ипол функционирање на претпријатието.

– Во ваква тешка финансиска состојба без реална поддршка од страна на Град Скопје, како ВД директор на ЈП Лајка заедно со тимот од ЈП Лајка и со несебична поддршка од страна на здруженијата и активистите успеавме да го зголемиме капацитетот на третирани кучиња со хуман третман за околу 40%, вдомувањата на кучиња се зголеми за 300%, според податок од МВР на ниво на Град Скопје има намалување на инциденти предизвикани од куче за 20%. Подобрувањето на функционирањето на претпријатието се гледа и во бројот на вдомени кучиња во месец август 2022 година кој изнесува 40 вдомени кучиња во споредба со месец август 2021 година од 0 вдомени кучиња, вели Димитровски.

Претходно, Бојан Христовски, досегашниот директор на ЈП „Градски паркинг“-Скопје, како и неговиот колега од ЈП „Дрисла“ – Скопје, Јане Мицевски, преку фејсбук денеска соопштија дека даваат оставка од функцијата директор. Ден предходно, Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ги разреши од функциите секретарот на Град Скопје Ѓоко Велковски и в.д. директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински, кадри на ВМРО ДПМНЕ.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ