• Latest

Остри критики за мерките на албанската влада против дезинформациите

October 9, 2019

Електронскиот попис како поле на судир меѓу политичките партии и етничките заедници

June 30, 2025

Исчезнати лица за време на војната во БиХ: Судбината на околу 7.600 жртви сè уште е непозната

June 30, 2025

24 ЧАСА: Пуштена во употреба делницата Фариш-Дреново, дел од Коридор10д; Русија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО, смета Орданоски; Иран има капацитет за производство на збогатен ураниум

June 30, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Непопуларноста на Елон Маск достигна рекордно ниво по „раскинувањето“ со Трамп

June 30, 2025
Фото: Скриншот од вифро на CNBC Television

Ворен Бафет донираше рекордни 6 милијарди долари акции од Беркшир на добротворни организации

June 30, 2025

Евробарометар: Над 81 отсто од Европејците поддржуваат постигнување климатска неутралност во ЕУ до 2050 година

June 30, 2025
Фото: Андриј Сибиха / Х

Сибиха до словачкиот колега Бланар: Русија ќе те удри и по другиот образ

June 30, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

June 30, 2025

„Безбедно во лето – вози одморен“, превентивна кампања на МВР и РСБСП

June 30, 2025
Сашо Орданоски
Фотографија: Роберт Атанасовски/ЦИВИЛ

Сашо Орданоски за ЦИВИЛ: И годинава не е на повидок завршување на војната во Украина, а Русија во наредната деценија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО

June 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Остри критики за мерките на албанската влада против дезинформациите

October 9, 2019 08:06
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

По безмалку 11 месеци жестоки критики од новинарите, здруженијата и меѓународните организации, спорните закони кои, според опонентите, негативно ќе повлијаат на работата на новинарите и на слободата на говорот во Албанија, во текот на месецов се очекува да се најдат на гласање во парламентот.

Случајот започна во декември 2018 година, кога премиерот на Албанија Еди Рама најави мерки против дезинформирањето. По неговата најава дека е време за решение за клеветите и дезинформациите беа презентирани два предлог-закони во кои се предвидуваат 11 мерки, меѓу кои и законска регистрација на он-лајн медиумите, обелоденување на нивната сопственост и на нивните извори на финансирање. За прекршителите беа најавени беа и строги казни, почнувајќи од парични, блокирање за одредено време, па сѐ до целосно затворање на онлајн-медиумот.

Најавените мерки наидоа на остри реакции од медиумската јавност, особено креирањето на систем за регистрација, конкретно за онлајн медиумите, беше критикувано како форма на „лиценцирање“ на слободата на говор, додека создавањето мониторинг систем од страна на аудиовизуелниот медиумски орган беше протолкувано како институција за цензура.

Медиумските организации ги сметаа овие предлог-закони како неуставни и штетни за слободата на изразување.

Во декември лани, седум меѓународни организации за слобода на медиуми ја повикаа Владата да ги повлече предлог-законите, сметајќи ги за досега невидени на европскиот континент.

„Организациите веруваат дека двата предлог-закони, во форма и во дух, се во спротивност со Уставот на Република Албанија и со европското право. Тие претставуваат целосно непотребно ограничување на слободата на изразување и слободата на медиумите и содржат ризик од создавање полициски режим кон он-лајн медиумите“, се вели во писмото потпишано од Европската федерација на новинари, Европскиот центар за медиуми и слобода на печатот, ПЕН Интернешeнeл и Репортери без граници.

Александар Чипа, слободен аналитичар во Тирана и претседател на Унијата на албанските новинари, кој ја потпиша изјавата на десетина медиумски организации против пакетот закони дополнително посочи на фактот дека законите не се изготвени во консултација со засегнатите:

– Двата предлог-закони, со кои се менуваат сегашните закони, не беа подготвени во консултација/дискусија со засегнатите страни. Агенциите за применување на овие закони се јавни, административни институции кои се избрани од страна на политиката и не можат да станат гаранти на слободата на интернет медиумите. Казните не се пуштаат од страна на новинарите и уредниците на Интернет – со што се креираат сите предуслови за цензура и автоцензура – вели Чипа.

За предлог-законите, реакции и анализи имаше и од Мисијата на ОБСЕ во Албанија.

“Идниот закон треба да ги почитува меѓународните стандарди и обврските за слобода на изразување и да не влијае негативно на слободата на медиумите во земјата”, порачаа од организацијата.

Сепак, на 3 јули 2019 година албанската Влада со неколку интервенции ги усвои овие предлог-закони и тие би требало да се најдат пред албанскиот Парламент во текот на овој месец (октомври). / META

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ