• Latest

Осум милиони евра за ветинг на судиите и обвинителите

July 12, 2019
Дел од колажот на ФБ страницата United against Trump 2.0

United against Trump 2.0: Од Хитлер, Мусолини и Хирохито до Трамп, Путин и Си – „Америка се движи наназад!“

November 20, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

Студенти и средношколци ширум Европа со протести против планот на ЕУ за зголемување на воените инвестиции

November 20, 2026
Кијив, 20 ноември 2026 (ДСНС)

Мостови, железница и домови под руски оган: Најмалку осум загинати во Кијив и Лвив

November 20, 2026

Една година локална власт: Што се смени во вашата општина?

November 20, 2026
Фотографија: Платформа Х/ Володимир Зеленски

Коалиција на подготвените: Вашингтон отворен за безбедносни гаранции за Украина слични на членот 5 од НАТО

November 20, 2026

Роман Шеремета: Средба меѓу воен злосторник, диктатор и губитник

November 20, 2026

Додека другите слетуваа со приватни и државни авиони на АПЕК, мексиканската претседателка одржа лекција по скромност и лидерство

November 20, 2026
Кијив, 19 ноември 2026 (ДСНС)

Кијив под целодневен руски терор: Загинати цивили и оштетени амбасади – Кримскиот мост повторно погоден

November 19, 2026
Фотографија: Колаж/АП

Пораките на триото Си – Трамп – Путин од Шенжен

November 19, 2026
Јана Коцевска (фото: ИМА)

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Осум милиони евра за ветинг на судиите и обвинителите

Единствената најсериозна институција, поддржана од меѓународната заедница, Специјалното јавно обвинителство, во моментов е со врзани раце. За СЈО во 2018 година, се издвои буџет од 3,7 милиони евра, половина од сумата за ветингот на Албанија. За разлика од Албанија, каде ветингот треба да се спроведува девет години, Специјалното обвинителство има петгодишен мандат...

July 12, 2019 15:22
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ако Северна Македонија го спроведе процесот на генерална проверка или ветингот на судиите и обвинителите, според форматот на Албанија, ќе мора да обезбеди финансиски средства за да им овозможи на органите кои ќе го спроведат ветингот да функционираат, пишува „Порталб.мк“.

Ветингот на судиите и обвинителите во 2018 година ја чинел Албанија 7,9 милиони евра, додека во 2019 година трошоците изнесуваат 6,3 милиони евра. Албанија ја спроведува оваа операција уште од 2015 година, и истата ќе мора да заврши во 2024 година.

Досега, Македонија нема спроведено слична операција во судскиот сектор, во врска со контролата на судиите и обвинителите. Владите на земјата постојано се изјаснуваат „за“ деполитизирање на судството, но судството продолжува да се политизира.

Единствената најсериозна институција, поддржана од меѓународната заедница, Специјалното јавно обвинителство, во моментов е со врзани раце. За СЈО во 2018 година, се издвои буџет од 3,7 милиони евра, половина од сумата за ветингот на Албанија.

За разлика од Албанија, каде ветингот треба да се спроведува девет години, Специјалното обвинителство има петгодишен мандат.

Универзитетската професорка Беса Арифи за ветингот на судиите и обвинителите вели дека не е неопходно да биде во стилот на Албанија, бидејќи такво нешто не е побарано од Македонија.

„Процесот на ветинг генерално е широк, и кај нас никогаш не е побарано да се реализира во обем како во Албанија, ниту во извештајот на Прибе ниту во извештајот на Европската комисија, па затоа и не отидено дотаму, бидејќи се сметало дека ограничени акции можат да се променат неколку работи, со тоа што доколку се пренесе одговорноста на судиите кои направиле отстапки во минатото или евентуално ќе ги направат сега, ќе можат да се стави ред во целата постапка. Таквиот ограничен процес не би чинел многу, само што треба да се направи така што правдата навистина ќе се примени онаму каде што е потребно и прашање е каков е капацитетот на институциите, дали има доволно политичка волја за воспоставување на ваков ред и да се утврди одговорност за судиите кои не го применувале законот”, вели Арифи.

Според неа, кај нас не е потребен стилот на Албанија, бидејќи судиите и обвинителите во Македонија немаат проблеми со имотот, туку со работата што ја извршиле.

„Кај нас сите судии ја имаат пријавено имотната состојба, и тука не постои тој проблем, колку што е во другите коруптивни начини, на луѓето кои ги познаваат и врските што ги имаат. Расчистувањето на судството од корумпираните судии и обвинители и оние што ја делат правдата подредени и пристрасни ќе има финансиските импликации”, вели Арифи.

ДУИ со предлог-законот бара од коалициониот партнер и останатите пратеници да го поддржат ветингот за сегашните и идните функционери, вклучувајќи ги тие од секторот судство, судиите и обвинителите, додека од СДСМ сé уште чекаат да видат што ќе се случи со реформите што се спроведуваат во судскиот сектор.Неофицијално, СДСМ исто така работи на изнаоѓање соодветни модалитети за таков процес.

Албанската и македонската опозиција се скептични дека со сегашната влада може да се спроведе ветингот или да се провери работата на судиите и обвинителите

Ветингот е процес кој служи за разрешување на јавните службеници кои немаат интегритет во исполнувањето на нивните должности и со тоа се врати довербата на јавноста во работата на државните институции. Како по правило, процесот на ветинг се врши со проверка на интегритетот на некое лице пред да му биде понудена работа. Зависно од работното место или проектот, процесот на ветинг може да се базира на проверка на вештини, личност, имот или било кој друг фактор поврзан со целта на ветингот.

извор: МЕТА.МК

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ