• Latest

Отказ на 15 високи полициски службеници поради незаконско издавање на дозволи за оружје, Спасовски тврди дека Тошковски удри по професионалците во МВР

November 15, 2024

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Отказ на 15 високи полициски службеници поради незаконско издавање на дозволи за оружје, Спасовски тврди дека Тошковски удри по професионалците во МВР

МВР воведува дигитална алатка со цел неселективен пристап и намалување на трошоците при барање дозвола за поседување на оружје.

November 15, 2024 12:26
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за внатрешни работи во минатото издавало дозволи за оружје на лица кои не ги исполнувале законските услови и по спроведена внатрешна контрола 15 високи полициски службеници добиле решение за отказ. Ова денеска го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на заедничката прес-конференција со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, со кој ја презентираа новата дигитална алатка која што треба да овозможи неселективен пристап при издавање на дозволи, како и да го олесни процесот на издавање на потребните документи на граѓаните.

Тошковски посочи дека голем број на граѓани доставувале лично до него, како и до неговиот кабинет претставки и поплаки во врска со начинот на којшто МВР ги спроведувало постапките за издавање на дозволи за поседување на оружје и по извршена темелна истрага било констатирано дека се постапувало селективно, а не хронолошки како што требало да постапуваат.

– Министерството за внатрешни работи, Одделот за дисциплински постапки спроведе дисциплинска постапка по предлог на Одделот за внатрешна контрола за поголем број на лица и за оние каде што се констатираа незаконитости, а притоа истите не беа застарени како предмети, донесе, колку што сум запознаен, 15 решенија за отказ на високи полициски функционери кои издавале дозволи и работеле спротивано закон. Согласно напаствија на надлежен јавен обвинител, во наредниот период ќе следат и кривични пријави за сите оние кои што има докази дека сториле конкретно кривично дело. Претпоставувам дека ќе се оди со злоупотреба на службена положба и овластување или несовесна работа во јавна служба, но за тоа ќе проценат надлежните органи и надлежните институции, рече Тошковски.

За суштински да се реши ваквиот проблем, Тошковски вели направена е дигитална алатка во соработка со Министерството за дигитална трансформација која ќе ги намали трошоците и ќе им помогне на граѓаните да го остварат своето право, доколку го исполнуваат.

– Секој еден ловџија во Македонија знае дека оваа постапка во минатото била злоупотребувана. За да имаме суштинско и системско решение во соработка со Министерството за дигитална трансформација, создадовме дигитална алатка која што ќе овозможи неселективен и системски пристап за решавање на овие права на граѓаните, односно на оние што им следат. Тоа значи дека ќе им овозможиме на граѓаните да го остварат своето право навистина доколку ги исполнуваат законските услови без да притоа да прават непотребни трошоци како што ги правеле до вчера. Значи од една страна ем намалуваме трошоци, ем намалуваме чекори, но и утврдуваме навистина систем којшто нема да овозможи од 5.000 предмети да се разгледа предметот 4.528 и баш тој да се реши, врз основа на мотиви непознати за никого, а добро познати за македонската јавност. За да се реши предмет број десет, претходно ќе мора да се решат предметите од реден број еден до реден број девет, рече Тошковски.

Системот, додаде, ќе ги полни базите на податоци и граѓаните нема да има потреба да се обраќаат лично до потребните институции за прибавување на документ, како што е потврда за неосудуван.

– Граѓаните нема да имаат потреба лично да се обраќаат до потребните институции, како што е на пример Основен суд Скопје, за да може да прибават дозвола дека се неосудувани, како и ќе се намалат трошоците од два аспекти… Без разлика дали се работи за министер, началник, претседател на комисија или помошник министер на конкретен оддел, ќе се постапува неселективно и воедначено во однос на сите барања. Системот ќе ги црпи податоците и ќе утврдува дали ги исполнува или не ги исполнува условите и секој еден апликант ќе биде известен на мејл дали согласно базите на податоци кои што ги имаме ние е подобен да носи оружје или не е подобен да носи оружје. Понатаму во втора фаза, ќе треба да прибави соодветни докази како што се лекарско уверение, потврда дека посетувал обука и така натаму, којшто изискува поголем финансиски трошок, околу 500 евра. Сите тие трошоци чинат, а ќе ги сторат исклучиво само ако претходно бидат информирани од страна на Министерството дека исполнуваат услови за да се стекнат со конкретна дозвола, рече Тошковски.

Спасовски за отказите: Тошковски удри по професионалците во МВР, ова е само за да се затскрие настанот со бомбата во Керамидница

Го гледаме класичниот пристап на партизација на ВМРО-ДПМНЕ, се врши дискриминација и тоа не по политичка основа затоа што полициските службеници не може да бидат членови на политички партии туку дискриминација само заради тоа на кои позиции биле и во чие време биле на позиција. Единствено логично објаснување на ваква состојба е само да се задскрие настанот којшто беше со бомбата во Керамидница, истиот ден да се објави друга вест, вели Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ.

 

„Апсолутно е недозволено да овие луѓе бидат понижени, иако досега не биле ниту казнувани ниту дисциплински гонети, сите се со Сертификати, некои од нив имаат и НАТО сертификати и сосема совесно, чесно и одговорно ја вршеле својата работа. Недопустливо е на ваков начин да се врши таков притисок и сеење на страв кај сите вработени во МВР преку ваквите случаи. Ќе направам само споредба. Се сеќавате сите на случајот кога тогашниот телохранител на Мицкоски, Бисовки, нападна политиски инспектор со цел да спречи акција за спречување трговија со дрога, во Скопје. За истиот тој полициски службеник иако беше поднесена кривична пријава, иако има снимка на очите на целата македонска јавност дека напаѓа полициски службеник, истиот министер, него го ослободува од било каква одговорност а на тој начин му овозможува да биде унапреден и да биде дел од најелитната единца, Тигар“, посочи Спасовски.

Спасовски осудува ваков пристап и смета дека не треба во ниту еден момент да се удира врз професионалците во МВР и во безбедносните институции.

Петнаесет високи полициски функционери добија решенија за отказ бидејќи работеле спротивно на законот и нелегално издавале дозволи за поседување на оружје, обелодени министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Министерот на денешната прес-конференција рече дека лично до него и кабинетот стигнале претставки од граѓани за начинот на кој во МВР биле спроведувани постапките за издавање на дозволи за поседување на оружје.

Д.М.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ