• Latest
Фото: МЕТА.мк

Оценка на ММФ: Монетарната политика на НБ помогна за постепено намалување на инфлацијата

June 27, 2023

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Оценка на ММФ: Монетарната политика на НБ помогна за постепено намалување на инфлацијата

June 27, 2023 13:11
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фото: МЕТА.мк

Фото: МЕТА.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Инфлацијата започна да забавува, помогнато од пониските цени на енергијата и храната, но и како резултат на затегнувањето на монетарната политика. Монетарната политика на Народната банка (НБ) придонесе за стабилизирање на инфлациските очекувања и постепено намалување на инфлацијата. Банкарскиот сектор е стабилен и има доволен капацитет да се справи со последиците од затегнатите финансиски услови и другите шокови.

Ова, како што посочуваат од Народна банка, се наведува во заклучоците на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која престојуваше во нашата земја на почетокот на овој месец, пренесува МИА.

„Во објавата на заклучоците, Мисијата наведува дека Народната банка ја продолжи нормализацијата на монетарната политика преку зголемување на каматите, но и преку  користење други мерки за да се осигури дека високата инфлација нема да потрае. Според очекувањата на ММФ, оваа година инфлацијата ќе изнесува просечно 9,2 отсто и ќе се намали на 3,5 проценти наредната година. Покрај придонесот за постепено намалување на инфлацијата и стабилизирање на инфлациските очекувања, монетарните мерки придонесоа и за стабилноста на девизните резерви, наведуваат од Мисијата. Имајќи го предвид фиксниот девизен курс на денарот, девизните резерви се најважната алатка во одржувањето на неговата стабилност“, соопшти НБ.

Мисијата на ММФ, како што се вели во соопштението, посочува дека банкарскиот сектор е ликвиден, профитабилен и соодветно капитализиран, при што од ММФ посочуваат дека позитивните тековни услови треба да се искористат за натамошно зајакнување на  капиталот. ММФ, исто така,  ги поддржува макропрудентните мерки коишто ги усвои неодамна Народната банка, а коишто се однесуваат на квалитетот на кредитната побарувачка, за кои наведуваат дека се важна алатка за управување со ризиците во секторот „недвижнини“.

Tags: инфлацијаМисија на Меѓународен Монитарен Фонднародна банка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ