• Latest

Отворен Балкан: На прав пат или во слепа улица (1)

August 11, 2021

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Отворен Балкан: На прав пат или во слепа улица (1)

„Отворен Балкан“ е старо-нова идеја и потекнува од Ригас Велестинлис (Ферерас)... Дали македонскиот и албанскиот премиер, Зоран Заев и Еди Рама, и српскиот претседател Александар Вучиќ го читале Ригас? Идејата што имаат намера да ја остварат, а чии зачетоци се направени кон крајот на минатиот месец во Скопје, упатуваат на тоа дека размислувањата им се блиски.

August 11, 2021 08:59
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: АЛЕКСАНДАР НИКОЛИЌ ПИСАРЕВ

Во балканските премрежија, било позитивни или негативни, случувањата во една од земјите, со домино ефект, секогаш се рефлектираат и кај соседите. Затоа, идејата за создавање на „Отворен Балкан“ – Балканска федерација во која сите народи би живееле според идејата на француската револуција, Либерте-Фратерните-Егалите (Слобода-Братство-Еднаквост), никогаш не замрела.

 

Rhegas Velestinlis -Pherraeos

Еден од творците на таа идеја која, од време на време, се актуелизира во последните 200 години е и човекот кој многумина не го познаваат или сосема површно чуле за него, Ригас Велестинлис (Фереос). Неговите идеи за мирен, стабилен и организиран Балкан, гледано од денешен агол, според принципите на ЕУ, потекнуваат од крајот од 18 век. Дали македонскиот и албанскиот премиер, Зоран Заев и Еди Рама, и српскиот претседател Александар Вучиќ го читале Ригас? Идејата што имаат намера да ја остварат, а чии зачетоци се направени кон крајот на минатиот месец во Скопје, упатуваат на тоа дека размислувањата им се блиски.

Заев – Рама – Вучиќ, Економски форум во Скопје, 29 јули 2021 (фото: Огнен Бошњаковски)

Тие на 29 јули 2021, во Скопје потпишаа договор за „Отворен Балкан“ кој предвидува овие три држави од Западниот Балкан (со отворен повик и до другите држави) да влезат во единствениот систем кој треба да овозможи подобар деловен амбиент, слободно движење на луѓе, капитал и идеи, слободно минување на границите, слободен транспорт на стока, слободно движење на работници, признавање на дипломи и квалификации… полесно регулирање на престојот во трите држави, помош при елементарни и други несреќи…

СТАРА ИДЕЈА

Оваа идеја, ниту е нова, ниту тројцата лидери се први кои ја промовираат во овој дел од Европа со единствената цел, да се хармонизираат односите помеѓу балканските земји и народи и да завладее мир, а на граѓаните да им се обезбеди слободен, квалитетен, удобен и богат живот во мир и благосостојба.

Дали во тоа ќе успеат ? Кој е за, а кој уште на почетокот (ќе) влече рачна кочница? Премиерите на Северна Македонија и Албанија и претседателот на Србија јасно кажаа за каков Западен Балкан се залагаат. Јасен беше и Ригас кога го создаде својот Устав според кој би требало да се уреди „Отворен Балкан“. Но идејата, освен во спорадични обиди и расправи во академските кругови никогаш не заживеа до крај, но до денес остана урнек за развој и демократизација на државите според принципите на француската револуција.

Во актуелниот момент кога некои многу поголеми држави и светски сили територијално далеку или поблиску до Балканот, повторно сакаат да наметнат хегемонија над помалите и поголемите балкански држави, и со политичките, економските или воени притисоци да ја насочат нивната иднина кон оваа или онаа политичка опција, идеите на Ригас во политичките и научните кругови детално се анализираат и вреди да се разгледаат.

Професорот Рeјмонд Детрез со особено внимание ги следи балканските случувања, бара и наоѓа аналогии со размислувањата на Ригас. Тој, заедно со Барбара Сегаерт, Во книгата “Европа и историско наследство на Балканот“  (издавач: „Петер Ланг“, 2008) уште во воведот поставува прашање: „Проширувањето на ЕУ со балканските земји кај многумина предизвикува скептицизам.

Рејмонд Детрез, професор по Источноевропска историја и Модерна грчка историја при универзитетот Гент, Белгија

Иако е приемот во ЕУ превосходно прашање на економските и политички  дилеми, се покренуваат и прашањата на културниот увоз, дали некоја од земјите од регионот на Западниот Балкан е во доволна мера усогласена со  „нашите“ стандарди, на „европскиот идентитет“.

Проблематичниот статус на Балканot се состои во неговото заедничко византиско и османлиско наследство. Toa го отвора и прашањето колку се меѓусебно компатибилни „културните идентитети“ на наследниците на османлиската држава со европскиот идентитет. Тие поставуваат и прашање, не само каква е перцепцијата за Балканот на Запад, туку и каква перцепција за Западот имаат луѓето кои живеат на Балкан. Со отворено прашање: Постои ли балкански идентитет?

Во тој контекст, вистинска штета е што луѓето на Балканот толку малку знаат за една голема личност како што е Ригас и што не ги читаат неговите дела. Тој не е само исклучителна фигура од грчката (романската и влашката) историја, туку е важен и за цела југоисточна Европа и инспиратор на многу политички и социјални промени во развојот на демократијата во овој дел од светот и создавањето на ЕУ.

10 ЕВРОЦЕНТИ

Анализата ќе ја започнеме со малку историја. Дали некогаш, додека сте седела во Солун на Платија Аристотелу и сте пиеле „метрио кафе“, сте ги загледале 10-те евроценти што ви ги вратил келнерот како кусур. Ако не сте, погледнете ги на линкот од Европската централна банка, на нив е ликот на Ригас Велестинос.

Грчките 10 евро центи, опишани на веб страницата на Европската централна банка

Зошто ликот и делото на овој Грко-Влав се денес актуелни и интересни.

Државата за која сонувал Ригас и која требало да биде формирана по пат на општобалканска револуција против отоманската власт, требало да се вика Хеленска Република. Денес луѓето зборуваат за Балкан како тој да постоел отсекогаш. Но не е така. Пред 200 години не постоел никаков Балкан. Овој назив се употребувал за топоним – планината Балкан. Просторот кој што ние денеска го идентификуваме со овој назив се нарекувал Румелија, изведен од зборот Рома (Рим) – транскрипција на турски јазик. Тоа била територија освоена од Византиското царство и од управата на Константинопол, населена со христијани. Гледано од аспект на Западниот свет, во неа влегувале римските провинции: Македонија, Епир (во кој денес се простира голем дел на Албанија), Дакија (Романија и дел од Унгарија), Мезија (Србија, Косово, дел од Албанија, цела северна Македонија и северна Бугарија). За нив, терминот Балкан не значел ништо.

Мапа на Румелија од 1801 година

Во 1797 година, поборник на Француската револуција, хеленизираниот Влав од Тесалија, роден во местото Фере (Фереос) блиску до Волос, Ригас е инспириран од она што се случувало пред Бастилја. Во него се родила идеја како да го организира Балканот – Румелија и на сите балкански народи да им овозможи мирен и убав живот и заеднички напредок. Тој тогаш ја промовира „Хеленската република“ (не како национална држава, туку како територија на христијанското население со „грчка вера“) во која треба да влезат сите народи од Румелија, Мала Азија, грчкиот архипелаг, Молдавија и Влахија. Сите тие требало да имаат рамноправен статус на граѓани на сите држави кои влегуваат во заедницата, слободно да патуваат и да тргуваат, лесно и едноставно да го регулираат престојот и државјанството во регионот на сите држави, да немаат граници меѓу себе, да се образуваат и да разменуваат идеи, да ги почитуваат правилата и законите кои заеднички и демократски ќе ги донесат, заеднички да се борат против криминал и сè она што ѝ штети на зедницата.

The Charta of Greece, 1797, by Rigas Feraios or Rigas Velestinlis (1757 – 1798), published in Vienna.

Ригас Велестинлис за моделот на својот Устав го избрал најрадикалниот уставен текст од француската револуција. Централното место го зазема плурализмот на меѓубалканската федерација, личните слободи, граѓанските права, еднаквоста, слободата на движењето, правото на здружување, правото на работа и слободна размена на работни места, лесно пријавување престој и добивање на државјанство, социјална заштита, образование…

(продолжува)

 


Сите права се задржани.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ