• Latest

Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат! – активистички инсталации против напливот на дезинформации и лажни вести

May 14, 2022
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026

Два јубилеи и една дијагноза

August 14, 2026
Сумска област, Украина, 14 август 2026 (фото извор: Сумска ОВА)

РУСКИ ТЕРОР: Станбена зграда во Краматорск уништена со наведувана бомба, мајка и деветгодишен син убиени во Сумската област

August 14, 2026
Петрит Сарачини, претседател на Институт за медиуми и аналитика (ИМА), Скопје, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Сарачини: Влијанието што го има во Македонија, Србија го користи како чип во играта со Западот

August 14, 2026

Водата се прочистува, но довербата останува загадена: Гостивар по најголемата здравствена криза

August 14, 2026

Путин, криптото и следната будала

August 14, 2026

Мехмети: Охридскиот договор не е привилегија, туку основа за внатрешна стабилност

August 14, 2026
Водителки креирани со вештачка интелигенција - ТВ Хепи

Вештачка интелигенција прилагодена за ТВ „Хепи“ и „Информер“

August 14, 2026
Отец Сергиј Бережној, манастирски комплекс „Св. Михаил“ во Кијив, 23 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Бидете добар Самарјанин за нас: Во што се состои пораката на отец Бережној од Православната црква на Украина до Македонската православна црква

August 14, 2026

ПР-от не може вечно да ја прикрива реалноста

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат! – активистички инсталации против напливот на дезинформации и лажни вести

May 14, 2022 14:28
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денес, на повеќе локации низ Скопје, беа поставени макети на мобилни телефони на чии екрани се претставени некои од најмногу употребуваните дезинформации во нашите интернет портали и преку социјалните мрежи. На истите, во продолжение се напишани и народни поговорки чија цел е да ја посочат штетноста и неморланоста на лажењето. Ако земеме предвид дека дефиницијата на дезинформациите е – Пропагандистичко намерно ширење на лажни информации кои имаат за цел да ги збунат и погрешно да ги наведат луѓето, тогаш сосема е логична употребата на народните поговорки посветени на лагата, во борбата против дезинформациите.

Авторите на инсталациите го вртат вниманието на јавноста на некои од најзлонамерните дезинформации кои во последните години се шират во нашата јавност. „АСНОМ е избришан од Уставот“ е дезинформацијата која се шири преку јавни изјави и социјалните мрежи, а, потоа народната мудрост предупредува: „Отвори си ги очите: Ако мижиш, ќе те лажат!“

На друг екран често употребуваната дезинформација поврзана со Договорот од Преспа – „Со договорот од Преспа станавме Северномакедонци“ која има за цел да задре длабоко во националниот идентите на Македонците, со тоа предизвикувајќи сериозни последици, е соочена со поговорката: „На лагата и се куси нозете, а долги опашките!“

Во оваа акција не е изоставена и светската безбедносна криза која настана со суровата агресија на Русија врз Украина. Експертите од земјите на НАТО и ЕУ подолго време предупредуваат на систематското ширење на дезинформации кои имаат за цел да ја оправдаат неиспровоцираната инвзија на Русија врз Украина. Таканаречената „денацификација“ на Украина (земја чиј претседател има еврејско потекло и огромен дел од неговите предци завршиле како жртви во Холокаустот) е само смислено ширење на безобразна и нечовечка лага која треба да обезбеди идеолошко оправдување на инвазијата, разрушувањата и илјадниците жртви и ранети. За оваа сурова лага, контратежа прави поговорката која, во овие времиња на масовни медиуми, нерегулирани интернет портали и различни социјални мрежи мора да ни биде постојано на ум кога ќе видиме некоја вест, или нечиј статус на интернет кои не можат да бидат потврдени од други извори, а предизвикуваат страв, омраза, или недоверба: Отвори си ги очите: Ако мижиш, ќе те лажат!

– Освен, дезинформациите кои се директно посветени на намерно и злонамерно ширење лаги поврзани со национални прашања, како што е дезинформацијата дека во Македонија ќе се градат огромни кампови за долгорочно сместување (населување) на мигранти во земјата, авторите на овие инсталации, предупредуваат и на стотиците лажни објави на социјалните мрежи кои ветуваат „магично“ решение на проблемите кои ги имаат луѓето, најчесто за одредена сума на пари.

За само две недели ова ќе ви го промени животот – Што ќе кликнеш тоа ќе жнееш!, гласи пораката на една од макетите од акцијата.

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ