• Latest

Отворено писмо до пратеникот Зекири

July 4, 2017
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Отворено писмо до пратеникот Зекири

July 4, 2017 19:16
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Слободата на изразување и мислење е еден од принципите во кои силно верувам и заради тоа го користам сопственото право да ги коментирам јавно искажаните ставови на пратеникот Зекири. Јавните ставови на Зекири се и ќе бидат читани како ставови на пратеник и потпретседател на политичка партија, сè додека тој е на тие позиции. Господинот Зекири рече дека за хомосексуалноста говори како теолог. Во ред. Јас, за сексуалноста и сексуалните ориентации говорам како докторант на родови студии, чија магистерска и докторска дисертација се занимава со маргинализираните заедници, вклучително и ЛГБТИ заедницата.

Пишува: Ирена Цветковиќ

Почитуван пратенику Зекири,

Вашиот личен став за едно сериозно и комплексно прашање би требало да биде аргументиран. Вие сте пратеник и од вас очекуваме да мислите и говорите политички, аргументирано и сериозно. Во вашата изјава за „Фокус“ велите на двапати дека сте против хомосексуалноста. Што значи ова? Вие сте против нечија идентитетска карактеристика? Доколку јас кажам – Јас сум против Албанците- како ќе ме читате? Да се биде против една категорија на луѓе, а истовремено, да се биде пратеник е возможно, но истовремено, е некоректно. Огромен број ЛГБТ луѓе гласаа за СДСМ, не затоа што сте многу убави, туку затоа што веруваа дека ќе донесете промени, оптимизам и демократија. Тие гласаа и за вас. Вие ги претставувате и нив во законодавниот дом.

Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ значеше 11 години посветено и упорно градење за култура на омраза, дискриминација и насилство врз луѓе чиј единствен „грев“ е тоа што имаат различна сексуална ориентација од хетеросексуалците. Ова е нотирано и во програмата на Владата и во сите извештаи на националните и меѓународните организации, вклучително и извештаите на ЕУ за напредокот.

Една деценија од нашите животи помина во шиканирање, навреди и закани, тупаници и шлаканици. Една деценија луѓето во Македонија беа слободни да излезат и претепаат хомосексуалец, бидејќи полицијата и Обвинителството ги штитеа. Ги штитеа не затоа што тие биле големи босови, туку затоа што доминантен став беше дека „педери може да се тепаат“. Ова никогаш не го изговори ниеден пратеник од вмровштината, ама омразата завиткана во политичка обланда создаде плодна почва за сите видови на насилство. Нас никогаш директно не не’ тепаше ниту политичар од ВМРО-ДПМНЕ, ниту Миленко и нему сличните, туку нивната публика и поддржувачите. Вашите ставови сега, повторно се храна за истите.

На 17 мај, голем дел од ЛГБТ заедницата излезе на протестот пред Владата, давајќи поддршка на широкиот опозициски фронт. Влеговме со оптимизам и верба дека Македонија може да биде земја на сите. Останавме во Кампот на слободата. Ден и ноќ. Заедно со другите. ЛГБТ заедницата беше секој ден на протестите на Шарената револуција. Повторно, со иста верба и надеж. Оваа заедница даде поддршка и на изборите. Гласавме за нова влада, заради вербата дека промени се можни и дека вмровската омраза ќе ја оставиме засекогаш зад нас.

Ние ќе останеме доследни на нашите принципи и вредности. За нас, политиката подразбира сериозна посветеност и искреност. Реториките со кои се послуживте се огромно разочарување и го разнишуваат оптимизмот за заедничко градење општество за сите. Сепак, ние немаме намера да отстапиме од оваа наша идеја.

За крај, ќе дозволите: Пратенику Манојловски, вие сте вистинско изненадување! Срцето ми го наполнивте.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЗекириЛГБТИМанојловскипратеникхомосексуалцичовекови права
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ